Зошто постојат црквите?

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Гледам дека реченицава е болдирана, ајде објасни ми што ќе ти е црквата за ти да се осеќаш како верник? Тој што е прав верник не му требаат цркви и незнам ти што.
Има една многу убава изрека која гласи, одењето во црква те прави верник исто колку што стоењето во гаража те прави автомобил.
Сакаш да ти пропагирам? Уопште намерата не ми е таква. Па и не мислам да ја бранам цркавата како симбол, само зашто секој што се прекрстил внатре се става у таа графа на верници. Јас ја почитувам како таква, како она што треба да биде, а не во она што сега е. Како она што таа за мене е. Не, самата црква не те прави верник, ама е дел од поимот.
И јас мислам дека ми е доста муабет овде на темава. Само ќе загазам у магичен круг у кој никој ништо и никого не сфатил. Затоа верници и атеисти треба односот да си го базираат на почитување на другата страна, а не на силна негација. Ја додуша си стојам на тоа мислење откако знам за себе, е сега за тебе тоа ти си знаеш.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Скоро сите богови се мртви, па потоа воскреснуваат/реинкарнација со тоа докажувајќи ја нивната моќ... финта на која паѓаат многу верници.

Буда за мене е филозоф, а сходно на тоа будизмот е филозофија.
Буда=буден и толку. Нема никаква филозофија.
Е сега начините да се стане буден и ефектите од будноста се веќе друга работа.
Ама сигурно не се филозофија, иако би требало да биде ....љубов кон мудроста.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ова е форум.Тука се дискутира.Се изнесуваат ставови и мислења,не ради реда туку за да се победи во таа дискусија,или евентуално да се натпамети соговорникот.
Ако ти ги изнесуваш твоите ставови овде,не можеш да не очекуваш некој со спротивно мислење да те побие.
Фала што ми потврди, а не ме демантираше.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Буда=буден и толку. Нема никаква филозофија.
Е сега начините да се стане буден и ефектите од будноста се веќе друга работа.
Ама сигурно не се филозофија, иако би требало да биде ....љубов кон мудроста.
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
The word philosophy comes from two words 'philo' which means 'love' and 'sophia' which means 'wisdom'. So philosophy is the love of wisdom or love and wisdom, both meanings describe Buddhism perfectly. Buddhism teaches that we should try to develop our intellectual capacity to the fullest so that we can understand clearly. It also teaches us to develop love and kindness so that we can be like a true friend to all beings. So Buddhism is a philosophy but not just a philosophy. It is the supreme philosophy.
[/FONT]- Ven. S. Dhammika

Абе остај Будизмот, летс толк абаут чрчес !
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
За луѓе да влегуваат во нив посебно нешто се манастирските комплекси секогаш ги правеле што повисоко и што пострмно тоа подобро, поглед од манастир високо горе долу кон долината е едно од најдуховните нешта што човек може да ги доживее....
 
Г

Господ

Гостин
Фала што ми потврди, а не ме демантираше.
Да не требаше да ти речам,"не бе шо ти е,не е така,тука никој никому не наметнува мислење.Еве ти кажи ми зошто дискутираш во темава,ако тоа не е обид да промениш нечие мислење...
http://en.wikipedia.org/wiki/Internet_forum#cite_note-vBfaqFORUM-0
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Да не требаше да ти речам,"не бе шо ти е,не е така,тука никој никому не наметнува мислење.Еве ти кажи ми зошто дискутираш во темава,ако тоа не е обид да промениш нечие мислење...
http://en.wikipedia.org/wiki/Internet_forum#cite_note-vBfaqFORUM-0

Леле ова е една меѓу ретките глупости кои ги имам прочитано на форумов, адресирани до мене.
Пишувам за да си го кажам мислењето, а не за да ти перам мозок тебе или било кому друг. Имам почит до толку за соговорник и не го потценувам за да мислам дека ќе му го наметнам моето. Ти за тоа пишуваш, за да ме убедиш дека грешам? :pos:
 
Г

Господ

Гостин
[/B]

И што поточно ти ќе постигнеш со тоа што ќе му обелодениш на светот што ти мислиш?
Ќе рече некој на форумов,ааааа RocknRolaa мисли тоа и тоа,епа добро...
WoW...
Се дебатира за да се докаже поента,што технички е влијаење врз туѓо мислење...
И да,јас за тоа сум на форумов,за да убедам што е можно повеќе дека јас сум во право,барем јас за разлика од другите отворено кажувам зошто сум тука...а не се кријам под маската "јас колку да си кажам"...
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
И што поточно ти ќе постигнеш со тоа што ќе му обелодениш на светот што ти мислиш?
Ќе рече некој на форумов,ааааа RocknRolaa мисли тоа и тоа,епа добро...
WoW...
Се дебатира за да се докаже поента,што технички е влијаење врз туѓо мислење...
И да,јас за тоа сум на форумов,за да убедам што е можно повеќе дека јас сум во право,барем јас за разлика од другите отворено кажувам зошто сум тука...а не се кријам под маската "јас колку да си кажам"...
:aplauz::aplauz::aplauz::aplauz:
Види со смешново препукување идеме оф топик, очигледно. Не се нервирај толку, јас само да си кажам...:icon_lol:
Огромна работа ќе му откријам на светот, моето мислење. Ама очигледно ти тоа не го разбираш. Толку од мене.
Секое добро и помалку мавај на нерв, особено на вака сензибилни теми.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
За луѓе да влегуваат во нив посебно нешто се манастирските комплекси секогаш ги правеле што повисоко и што пострмно тоа подобро, поглед од манастир високо горе долу кон долината е едно од најдуховните нешта што човек може да ги доживее....
Да, на повисоко (колку е можно поблиско до бога; храмовите на акрополите, зигуратите итн), затоа сум против градењето на верски објекти во централното градско подрачје.

Имено, многу цркви лежат врз постари базилики или храмови.
Тоа се свети места за месното население.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не гледам како е сензибилна темава, стварно...

Црквата (не онаа духовната) од камен и цигли, со идоли во вид на фрески (?!?) и икони (?!?) и крстови (?!?) (од кај ли све ова?!?!) се повикува на буквалноста и севистинитоста на Библијата. Тоа е темелот на христијанството, нели, а особено Новиот завет, каде Исус, во улога на земски Господ го романсира Законот во лик на еден очигледно далеку поалтруистички и попацифистички понизен и selfless-as-a-jedi Бог.

Е сега, ОВОЈ БОГ вика јасно и гласно: НЕ МИ ПЕЈТЕ ПЕСНИ и НЕ МЕ ФАЛЕТЕ во јавност!!! Не фрлајте чатал пред други за тоа колку ме сакате!!!

Зошто верниците се молат во црква, на купче, кога нивниот Бог, во единственото авторизирано свое обраќање до нив (Библијата) ЕКСПЛИЦИТНО им кажува да не го прават тоа на тој начин!?!?!
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
А кој е достоен за почит...има и такво нешто у светов ?
Пријателе те читам и се чудам!Ми изиграваш овде ванаби Буда мудрец некој а велиш дека никој на светов не бил достоен за почит.Контра си целиот... :буддха:
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Не гледам како е сензибилна темава, стварно...

Црквата (не онаа духовната) од камен и цигли, со идоли во вид на фрески (?!?) и икони (?!?) и крстови (?!?) (од кај ли све ова?!?!) се повикува на буквалноста и севистинитоста на Библијата. Тоа е темелот на христијанството, нели, а особено Новиот завет, каде Исус, во улога на земски Господ го романсира Законот во лик на еден очигледно далеку поалтруистички и попацифистички понизен и selfless-as-a-jedi Бог.

Е сега, ОВОЈ БОГ вика јасно и гласно: НЕ МИ ПЕЈТЕ ПЕСНИ и НЕ МЕ ФАЛЕТЕ во јавност!!! Не фрлајте чатал пред други за тоа колку ме сакате!!!

Зошто верниците се молат во црква, на купче, кога нивниот Бог, во единственото авторизирано свое обраќање до нив (Библијата) ЕКСПЛИЦИТНО им кажува да не го прават тоа на тој начин!?!?!
Мора да има црква, пари каде ќе се перат ?
Од каде ќе живеат големите глави ?

Пола од верниците ја немаат прочитано Библијата, едвај дали знаат три божји заповеди, не знаат дали слават христијански или пагански празници и какви обичаји практикуваат.

Слушнал од мајка и татко или баба и дедо; сине во црква мора да се оди, свеќи, курбани оно ово...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom