Teтоважата повеќе од моден детал

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Минатото лето ми цртаа една иста тетоважа на исто место постојано дека несакав трајна. Бидејќи во Бугарија малку ми ја утнаа, на крајот на август прекинав а баш сакав и септември да си ја носам :)
 
Сакам да ставам привремена тетоважа на трицепс, онака за летово. Но ме интересира како се ставаат тие, дали одредена тетоважа на леплива хартија се става на раката, па после неколку минути се одлепува(како тие тетоважите што спаѓаа на мастиките :), или треба да се посети некој тату мајстор, да ти ја нацрта ???
 
ја цртаат на една фолија (outline) ти ја лепи на рака и ти се префрла линијата, и после на тебе директно доцртува/попунува/бои/сенча
 
А само тој е единствен начин, или има и готови тетоважи кои се лепат на раката и после неколку минутки се одлепуваат???
 
А само тој е единствен начин, или има и готови тетоважи кои се лепат на раката и после неколку минутки се одлепуваат???

Има и такви, се паѓаат во чипсови. Моите внуци редовно си се тетовираат со нив.
 
Да наполнам 18 ќе си ставам тетоважа, сонцето од Кутлеш или на ВМРО логото (не партијата!!) - 5x5 сантиметри на рака
 
Колку земаат за тетовирање и на која возраст би можело да се тетовира ( пр. на 14 год може ли? )
 
Колку земаат за тетовирање и на која возраст би можело да се тетовира ( пр. на 14 год може ли? )

Само со дозвола од родител мислам, т.е со пристуен родител.
 
И со родител нема да те тетовираат, барем сериозните тату мајстори. Сеуште растеш и кожата расте, се менува, ќе се искриви тетоважата со тек на време. Од 16 години веќе е ОК донекаде, тогаш со родител може да се тетовираш.
 
Аха, океј тоа али колку зимат?

Е тоа веќе не знам, мислам дека зависи од големината и местото на тетоважата, ако е нормална големина мислам дека е околу 1000 денари. Ама само мислам, не сум сигурна, јас не сум по тетоважите. :)
 
А колку пари ќе фати некоја мала* тетоважа привремена (3 месечна) ?

*Отприлика со оваа големина.

Оваа спрема мене е некаде околу 2.000 - 3.000 денари би требало, ако некој тату мајстор е уфилман, ем што ќе чекаш плус повеќе пари ќе дадеш.

Колку земаат за тетовирање и на која возраст би можело да се тетовира ( пр. на 14 год може ли? )

Неможеш да се тетовираш додека не наполниш 16 и тогаш мораш родител да носиш.

Неможеш туку така да прашаш колку земаат за тетовирање, зависи до цртежот, големината и колку бои ќе има, се зависи до тежината за правење. Ако е некоја минијатурна тогаш зависи до самиот тату мајстор колку му чини самиот старт на машинката, кај некого е 500 денари кај некого е 1.500 а кај некого можеби и повеќе.

3 месеци привремена тетоважа не постои колку што знам

Да во право си, и со секое наредно повторување на истата ( во текот на тие 4-6 месеци додека трае ) се подолго и подлго трае повеќе упива кожата од бојата.
 
дали може препорака за некој добар мајстор за тетоважи ( скопје или уште подобро некој од источна македонија , под добар мајстор - подразбирам да работи со стерилизирана опрема и сл. значи да сум 99% сигурен дека нема да закачам некоја пренослива болест и сл. , и да тетоважата не е тешка ) инаку сакам да го истетовирам поранешното македонско знаме ( сонцето со 16 краци ) тетоважата би била 10cm X 10cm црна боја и наједноставна што може ( како на сликата , ке биде само сонцето нацртано ) , па колку од прилика би ме коштало тоа ? http://www.google.com/imgres?imgurl...swbLgaWIDg&page=1&ndsp=31&ved=1t:429,r:24,s:0
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom