Chelsea v Liverpool | Stamford Bridge, London | 06.02.11 17h |

Кој ќе победи на дуелот на Стемфорд Бриџ?


  • Вкупно гласачи
    108
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Chelsea v Liverpool
Недела 17 часот, Стемфорд Бриџ
Day : 25


Време за уште еден премиер лигашки ден за уживање. Меч помеѓу Челзи и Ливерпул.Доаѓа во еден интересен момент кога најдобриот играч на Ливерпул доаѓа во редовите на едни од најголемите ривали во лигата, Челзи.

Мечот доаѓа после двата меча одиграни во вонредното коло во вторникот и средата каде Челзи играше во гости против Болтон и победи со 2-4, а Ливерпул играше со Стоук дома каде победи со 2-0.

Тимовите во зимскиот преоден рок земаа по 2 играча, Челзи ги доведе Фернандо Торес од Ливерпул и од Бенфика Давид Луиз, додека Ливерпул го ангажираше Енди Керол од Њукасл и Луиз Суарез од Ајакс.

Интересно е да се напомене дека дебито Торес во дресот на Ливерпул го имаше против Челзи на Енфилд Роуд, а дебито во дресот на Челзи ќе го има против Ливерпул на Стемфорд Бриџ.

Последните 5 меча во лигата на Челзи:

Сандерленд 2-4 Челзи
Болтон 0-4 Челзи
Челзи 2-0 Блекбурн
Вулверхемптон 1-0 Челзи
Арсенал 3-1 Челзи

Последните 5 меча во лигата на Ливерпул :

Ливерпул 2-0 Стоук
Ливерпул 3-0 Фулам
Вулверхемптон 0-3 Ливерпул
Ливерпул 2-2 Евертон
Блекпул 2-1 Ливерпул
Можни состави:

Чех

Босингва - Луиз - Тери - Кол

Есиен

Рамирез - Лампард - Малуда

Торес - Дрогба


Реина

Џонсон - Агер - Шкртел - Кели

Родригез - Меирелез - Џерард - Кајт

Керол - Суарез




Повелете.​
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
да поставеше и анкета за победа на челзи / ливерпул и нерешено?
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Требало можеби и поголем вовед али ајде
Како и да е сакам да има одличен, неизвесен фудбал
Ке биде интересно Торес против стариот тим
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Одма, мала грешка на авторот :)
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Грешка направив мала на почетокот, со воведот, сега во ред е.
 
P

PewDiePie

Гостин
Гласав за Ливерпул,незнам се си мислам ќе изненадат за инат на Торес :) А и ако играат Керол и Суарез напред ќе биде ептен мрсна и тесна утакмица.
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Гласав за Ливерпул,незнам се си мислам ќе изненадат за инат на Торес :) А и ако играат Керол и Суарез напред ќе биде ептен мрсна и тесна утакмица.
Керол е повреден
Само незнам до кога
 
Член од
7 јули 2010
Мислења
1.695
Поени од реакции
828
Мислам дека нерешено ке биде.
Колку што знам Керол е повреден можно е Џо Кол да игра а Макси или Кајт да се шпицови со Суарез.Не верувам дека Давид Луиз ке биде во прв тим кај Челзи.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.792
Поени од реакции
44.073
Чудна работа и двете екипи сврзиле 3 победи по ред.. :icon_mrgr.. Ај доста им беа.. (по грешка гласав за Ливерпул, ама нема веза..)
 

Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Да се додаде во анкета горе кој ќе го повреди Shemale-ot од Челзи. Мојот глас иде за Стиви. Иначе Керол е повреден не игра 100%, така да се надеваме дека Суарез ќе почне од почеток оваа утакмица. Ако земеме три бода ќе има уште надеж за тоа 4-то место.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Да се додаде во анкета горе кој ќе го повреди Shemale-ot од Челзи. Мојот глас иде за Стиви. Иначе Керол е повреден не игра 100%, така да се надеваме дека Суарез ќе почне од почеток оваа утакмица. Ако земеме три бода ќе има уште надеж за тоа 4-то место.
Интересно. Кога ви даваше голови не го нарекуваше така.
 

Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Интересно. Кога ви даваше голови не го нарекуваше така.
Фала богу зашто да го нарекувам така додека играл за Ливерпул. Кога реши да игра во Челзи епа од тогаш се сменија работите.
 
M

.:makedonec:.

Гостин
Челзи моментално е две класи подобар од ливер-пул а за натаму ќе видиме :toe:
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Мислам дека ќе биде отворена утакмица со многу голови, би требало Челзи да победи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom