Фала Богу што сум женско

Мажот го открива зборот и го измислува разговорот,
жената го открива разговорот и го измислува дрдорењето,
мажот го открива земјоделството и ја измислува прехраната,
жената ја открива прехраната и ја измилсува диетата,
мажот го открива пријателството и ја измислува љубовта,
жената ја открива љубовта и го измислува бракот,
мажот ја открива жената и го измислува сексот,
жената го открива сексот и ја измислува мигрената,
мажот ја открива работата и ги измислува парите,
жената ги открива парите и сè оди во п. м

--- надополнето ---

Виц 1: Пријателство

Пријателство меѓу жените:

Една ноќ жената не се вратила дома и мажот ја прашува каде спиела, а таа одговорила дека спиела кај една своја пријателка.
Мажот телефонирал на 10 нејзини најдобри пријателки но ниту една тоа не го потврдила...

Пријателство меѓу мажите:

Една ноќ мажот не дошол дома и жената го прашува каде спиел, а тој одговорил дека спиел кај еден свој пријател.
Жената телефонирала на 10 негови најдобри пријатели, 8 од нив потврдиле дека спиел кај нив, а двајца дека сеуште е таму.

Виц 2: во ресторан

Три двојки одат во ресторан.

Американецот и вели на жената:
Подај ми го медот, медена моја!

Англичанецот и вели на жената:
Подај ми го шеќерот, шеќерче мое!

Македонецот:
Подај ми го месото... (се замислува за момент)... Краво!

Виц 3: Верна жена

Маж заминува на работа во странство и му вели на соседот:
- Кога жената ќе ме изневери забивај по една шајка на вратата.

После неколку месеци мажот се враќа од печалба и гледа само три шајки на вратата.

Веднаш оди кај соседот:
- Абе комши жена ми само трипати ме изневери?

Комшијата:
Како бе само трипати, веќе три врати сменив!
 
Лежевме со сопругата во кревет и го гледавме ТВ квизот „Кој сака да биде милионер“?

milioner-240.jpg


Ја запрашав: „Дали сакаш секс?“ „Не“ – одговори таа.
„Дали си сигурна“ – ја запрашав повторно.
„Да, сосема“ – одговори таа.
Јас и реков – „Мораш да кажеш: Тоа е мој конечен одговор“.
„Не ме замарај. МОЈОТ КОНЕЧЕН ОДГОВОР Е НЕ!“
Тогаш јас и реков: „Епа имам право на помош: ЌЕ ПОВИКАМ ЕДНА ОД ТРИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ“.

... и така започна караница...
 
Женскиот мозок - машина која не се менува

Женскиот мозок и неговото толкување отсекогаш бил и ќе биде научна фантастика за посилниот пол. Таа проклето добро спакувана кутија изолирана од сите страни, недостапна и тврда како орев е константна непозната во целата равенка. Женскиот мозок е како пандорината кутија.
Ако еднаш го отворите, ќе налетате на изненадувачко голем број работи за кои ни малку не сте се надевале, ниту пак случајно помислиле. Кога ќе почнете постапно да го запознавате и да навлегувате во неговата суштина и значење, единствено ќе ве збуни и ќе ве натера да сакате да се вратите на самиот почеток. Замислете, се работело за залудно потрошено време кое не вродило со никаков плод. Но, сите тие потајно затскриени работи, кога тогаш ќе ве стигнат. Е тогаш, среќно :-)

Весела математика на светско ниво

Нервни клетки

Жената има за 11% повеќе неврони во нејзиниот мозок распоредени во центарот за јазик и слушање. Во просек Таа користи 20.000 зборови на ден, додека Тој користи 7.000.

Еволуција

Жените докажано добиваат подобар изглед преку еволуцијата, додека машкиот пол си останува ист.

Емоционална интелигенција

Емоционалната интелигенција е карактеристика почесто застапена кај жените. Тоа е така бидејќи центарот за емоции е поголем отколку кај мажите. Во едно истражување стои – кога се работи за обработка на емоциите жените имаат автопат со осум ленти, а мажите неасфалтиран селски пат.
Жената инстинктивно знае што другите чувствуваат.

Секс

Но, и кај мажите е забележана особена активност на еден дел од нивниот мозок. Секако, без двоумење се работи за центарот за секс. Просторот во мозокот ‘’одговорен’’ за секс кај жените е за два и пол пати помал од просторот за истата намена кај мажите. Ете зошто Тој размислува за секс на секои 58 секунди, а Таа еднаш во текот на денот.

Зборови не се потребни

Понекогаш молкот на жената кажува многу повеќе што мисли, отколку нејзините зборови.

Машина која не се менува

Во едно истажување спроведено на Универзитет во Калифорнија-Сан Франциско стои: Се започнува од женскиот мозок. Да се биде жена е како да имате огромни, невидливи антени кои постојано го скенираат светот, и ‘’собираат информации’’ за потребите на другите. Женскиот мозок е совршено осмислена машина за конекција на работите.

Контакт со околината

Три месеци после раѓање, девојчињата се многу подобри во остварување контакт со очи со околината и читање емоции од лицето на најблиските.

Влијание на хормоните

Женскиот мозок е изложен на менување за време на животниот век, структурално, функционално и на многу начини неповратно. Женскиот мозок старее под дејство на намалување на производството на хормонот естроген.

Праг на болка

Жените толерираат болка многу повеќе отколку мажите, во различни телесни региони и со поголема фрекфенција. Тука еден стар афоризам и тоа како би нашол примена; "она што не не убива, не прави посилни".

Жените повеќе уживаат во пивото(?!)

Докажано е дека жените имаат поразвиени рецептори за мирис и вкус. Ем што можат подобро да го мириснат пивото, туку по автоматизам повеќе и уживаат во него.

Краснопис

Краснописот е забележлив кај жените уште од раната школска возраст поради зголемените нервни врски помеѓу двете мозочни хемисфери. Вештина која произлегува од нервните влакна кои ја контролираат нервната моторика.

Имунитет

Поседуваат посилен имунолошки систем и се пооотпорни на болести. Причината е една, жените наместо црвено месо, пица и пиво бираат овошје и салата кои имаат повисока хранлива вредност, а помалку калории. Се трудат да негуваат добри навики за својата исхрана. Просечниот животен век на жените е за пет години повеќе од мажите. А можеби ќе истера и накај бесмртност ?! :-)

Решавање на проблеми

Жените се подобри менаџери бидејќи се подобри слушачи и полесно прибираат информации, токму затоа и побрзо даваат идеи за решавање на проблемите. Жените обично се повнимателни со своите инвестициски одлуки, а тоа на долгорочен план повеќе им се исплатува.

Екстровертност

Повеќе од 50% од жените отворено разговараат со своите пријатели доколку имаат некој проблем, додека мажите се отворени само спрема себе (а може и ни тогаш) и се однесуваат како темпирана бомба бидејќи се интроверти и не споделуваат многу од тоа што им се случува.

Мултитаскинг

Повеќефункционалноста, односно вршење на неколку работи паралелно го може само жена. Мажите се концентрираат само на една работа, додека жената може да се посвети на неколку истовремено и да ги заврши за онолку време за колку мажот ќе ја заврши таа едната.

П.С. Жените молчат само додека се бакнуваат :)
 
Добрите девојки ја губат невиноста со МАЖ , лошите со пијан врсник- а умните - со вибратор
Добрите девојки даваат од љубов , лошите за париб, а умните - кога самите ќе посакаат
Добрите девојки читаат сказки, лошите - Камасутра, умните - медицинска енциклопедија;
Добрите девојки им веруваат на мажите, лошите - не веруваат на мажите, умните не веруваат никому;
Добрите девојки од огорченост плачат, лошите - пијат, умните заминуваат на шопинг;
Добрите девојки се разочарани заради големината на градите ,лошите- ставаат силикон, умните се гордеат со тоа што го имнаат ;
Добрите девојки везаат, лошите - се акаат по дискотеки, умните - седат на Интернет ;
Добрите девојки умејат да готват, лошите - умејат да нарчаат храна, умните- се на диета;
Добрите девојки се однесуваат кон сексот како кон обврска,лошите како кон забава- , умните- како кон дел од животот ;
Добрите девојки земаат во кино попкорн, лошите - презерватив, умните - кармин;
 
^^
Па па па, јас сум и добра, и лоша, и умна :icon_lol:
 
attachment.php

Ама пази еј, за секоја наведена точка сум различна :icon_cool

Абе јас сум авантуриста сакам да откривам мистериозни наведени тачки...сега че се фајчаме или не :)
 
Consider it done :back:
:back: за да не бидеме оф топик. Еве он: Фала богу што сте женски, што суштествувате на оваа женствена, боженствена и секси планета :smir:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Џ.
Ако бев жена, ќе си насадев "еден", за да можам две сексуални работи да вршам :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom