Не ми се коментира на тема којашто медиумски е пренапумпана...
Ги жалам сите учесници во постапката, т.е. судии, адвокати, обвинители... имаат притисок од сите страни, не им е лесно...
Да започнам првин од самиот случај:
Осомничени се луѓето за даночно затајување, и сл. дела од финансискиот криминал... епа, за оние погоре кои сметаат дека тоа не е организиран криминал, и тоа е организиран криминал...но тоа е веќе lege artis, да не навлегувам.
Секако, ако веќе одиме понатаму, и бараме виновници, под претпоставка дека ќе се докаже делото и ќе се осудат, Велија е главниот виновник, а останатите, т.е. најголем број од нив, се луѓе кои за некоја паричка се управители, книговодители...и слично. Под налог на Велија. Не дека не сносат одговорност, ама не толкава. Сепак, они потпишувале.
Бај д веј, нели не смее да има медиумска концентрација кај едно лице?
И сега а1 трубат за некаква диктатура, ова она, кур се тресе...
ОК, ова сега не е битно, ќе дискутираме во текот на постапката, зависи како ќе се развива...
За притворот:
Жално е што госпоѓата го изгубила плодот. Каде и кај кого да ја бараме вината?
1. Дали се знаело дека е бремена кога е притворена ?
2. Дали судот ја имал на увид состојбата со бременоста, и дали прибавил стручно мислење од вешто лице?
3. Дали адвокатите ја утнале работата?
Сметам дека вистинските одговори на овие прашања ќе го дадат одговорот каде е причината за тоа што се случило.
Засега...само одредени медиуми и одредени политички структури, како и некои демек невладини ја злоупотребуваат оваа трагедија на таа жена.
И да...овде вината не треба да ја бараме во здравството, кое, рака на срце ни е катастрофа. Зборувам за јавното здравство.
Ќе се воздржам од понатамошни коментари, бидејќи немам обичај да коментирам нешто со кое не сум запознат, т.е. немам списи пред мене.
Сета оваа дискусија на темава е само чаршиски муабет и навивање за една или друга страна.