Бремената притвореничка во случајот „Пајажина“ го изгуби бебето

  • Креатор на темата Креатор на темата Picasso`
  • Време на започнување Време на започнување
Перење пари и затајување данок не е криминал, не не не...јас би ги испообесил, зошто и притвор им е малце. Мора ред и дисциплина, иначе во планина ќе се вратиме.
И секако, без жртви не бива, мора школа за идните перачи, да знаат што ги чека. Ако веќе говориме за морал и етика, тие требале да му ја мислат, сега е касно да изиграваме зналци.

Хитлер Форева!

Поарно избриши го постов, да не го читаат, како можеш вакво нешто да речеш, па уште и објаснува овде дека и жртви имало. Недај боже да си дел од ова нема да си свесен што те снашло, овие работи се за никаде, размисли малце- стави се во кожа на таткото, роднините како им е ним сега кога им се руши се - иднина, тие што им судат на овие луѓе се вистински перачи на пари оние големите-елитите. Колку и да се криви овие и Велија и оваа несреќницава, тоа дете не е нити трошка должно и гледајте што му се случи, ова ни на душман не би му го посакал а не на дел од мојот народ, оваа школа знеш кој ја применуваше???? Хитлер, крена еден огромен Рајх но го спуштија многу подолу од колку што почна, кој високо лета-ниско паѓа, незнам колку години имаш за да го напишиш постов ама и 7 да имаш пак не ти чини... поздрав
 
Добро , а надвор од затвор, нели се дешава спонтан абортус..колку што знам и сум запознаен, ништо ново и спектакуларно... И полека не одма со плукање по држава и све живо и диво.. Била само 6 недели трудна..треба да се испита, дали и она уопште знаела дека е трудна.. И да се види кој е крив.. Ипак, која и да е , колку и да е крива, сепак жално што абортирала, јас сум против абортус и плански и спонтан

Да и надвор од притвор се случуваат спонтани абортуси но за случајов се говореше одамна но сите останаа глуви на тоа... Секако ништо не се случува без Божјо допуштение но ако размислувам како обичен смртник се знае во кого е вината...
 
Добро , а надвор од затвор, нели се дешава спонтан абортус..колку што знам и сум запознаен, ништо ново и спектакуларно... И полека не одма со плукање по држава и све живо и диво.. Била само 6 недели трудна..треба да се испита, дали и она уопште знаела дека е трудна.. И да се види кој е крив.. Ипак, која и да е , колку и да е крива, сепак жално што абортирала, јас сум против абортус и плански и спонтан

Дали ти воопшто прочита од тоа што го има кажано потпаролката на клиниката во постот на Пикасо или набафтаана лупеташ. Цела Македонија знае дека има трудни во притвор, а не дали она лично знаела... Бог да чува и да брани!

Да сме асална земја ко Америка кај што НАВИСТИНА делува законот, имаше да го јадат сега и судија и затвор и сите остали од компанијава „големи Македонци“.
 
Перење пари и затајување данок не е криминал, не не не...јас би ги испообесил, зошто и притвор им е малце. Мора ред и дисциплина, иначе во планина ќе се вратиме.
И секако, без жртви не бива, мора школа за идните перачи, да знаат што ги чека. Ако веќе говориме за морал и етика, тие требале да му ја мислат, сега е касно да изиграваме зналци.

Хитлер Форева!

Господ да ти опрости оди на психијатар!
 
Полека... најинтересното ќе следи ако се утврди дека притвореничката НЕМА врска со тоа т.е. НЕМА да ја казнат... што е голема веројатност,пошто кај нас се апси,после недела дена без докази се пушта на слобода...
 
Мене не ми е јасно, како осудувате дека перела пари, дека е криминалец а е во притвор?
Тоа треба да се докаже со правосилна судска пресуда, која ја донесува судот, во втора инстанца т.е Апелација.

И полека малце со јачање морал и притаени партиски гомн*рии. Мислете со своја глава, а и мислете малце логично во однос на правото.
Пак ќе повторам, ова е подфорум за ПРАВО, не за партиски полтрони. Се враќам за 2 часа, се што е надвор од ПРАВОТО, и аргументите, иде у канта, така да пишувајте , ама со усул. Ај така.
 
Изразувам длабоко сочуство на бремената жема и нејзините блиски, бебето неможе да се врати но верувајте ми дека иако сеуште неродено тоа е века ангел на небесата и се радува заедно со Бога.
 
Стварно греота за жената,глупо е сега на нејзина сметка овде да се препукуваме кој бил крив.Иако верувам А1 се среќни што ова се случи за да имаат што да јадат гомна.

Друго ме интересира кој е модератор во овој подфорум,да прашам смее ли да се отвори тема за Велија.Не политичка ами правна.Веќе кога има ваква тема која некои ја користат за (не) политичко поентирање.
 
Полека... најинтересното ќе следи ако се утврди дека притвореничката НЕМА врска со тоа т.е. НЕМА да ја казнат... што е голема веројатност,пошто кај нас се апси,после недела дена без докази се пушта на слобода...

Во Македонија треба да се избрише терминот „доказ“. Кај нас не е важно дали вистината е на твоја страна, туку дали моќните луѓе се на твоја страна. Така што, ако некој сака да лежи жената у затвор, а има доволно пари и врски, ќе лежи. Немаме ние правен апарат. Моли бога само да не те начекаат на зуб. Ако си обичен граѓанин, си го наебал.
 
Па добро,и тоа што викаш... во право си :) Обично,од 50 притворени, 48 ги пуштаат ради немање докази,а 2ца ги задржуваат малце подолго,кои пак ке бидат пуштени малце покасно од другите...

сепак најважното за офците е : напред бранчеее але алее... вмро вмро...
 
џоа еве Велија е не-патриот,
Велија е едно, другите осомничени се сосем друго. За него (според одредени изјави) имаше и докази. Би ги разграничил Рамковски и неговите постапки и дејства низ овие 2 децении и неговите вработени или раководителите. Честопати во фирмите раководителите или други лица потпишуваат или носат одлуки под принуда на газдите. Лошо е што ова се дешава, жената изгубила дете, другите (дал виновни, дал не) изгубиле регуларен живот (здравје, почит, семејство). Трети (90-95%) од вработените во фирмите работат за парче леб за семејството...што со нив и нивните семејства или со оние за кои нема да се докаже вина, а лежеле во затвор...пустелија.
Оние пак кои судат дали се сигурни дека нивната фирма никогаш нема да падне во немилост на некој градоначелник или инспекција, локална, централна?
 
Луѓе со докажан криминал се бранеле од слобода, а не БРЕМЕНА жена со влошена состојба, која нема ризик да ја напушти државата и е ПОД СОМНЕНИЕ за кривично дело, сеуште недокажано, а башка првите 30 дена притвор не успеаа да докажат вина.

Резил, срамота.
 
Ќе бидам искрен и ќе го кажам моето мислење, со оглед на тоа што се се спремни Велија и компанија ми идат мисли во главава што никако не треба ни да помислат да ги направат. Сепак и да било така да причината за абортусот не наивна и не е без намера, судот е дефинитивно крив и треба да превземе што се вика одговорност за ова.
 
Перење пари и затајување данок не е криминал, не не не...јас би ги испообесил, зошто и притвор им е малце. Мора ред и дисциплина, иначе во планина ќе се вратиме.
И секако, без жртви не бива, мора школа за идните перачи, да знаат што ги чека. Ако веќе говориме за морал и етика, тие требале да му ја мислат, сега е касно да изиграваме зналци.

Хитлер Форева!
Тешко на мајка ти со дете како тебе......
 
Да сме асална земја ко Америка кај што НАВИСТИНА делува законот, имаше да го јадат сега и судија и затвор и сите остали од компанијава „големи Македонци“.

Па нека одговараат бе, ја не бранам судии, нека одговара тој што е крив.. И што ти е поентава, дај искажи ја.. треба ли после оваа грешка да се пуштат од затвор сите...што ?

Нека се поведе постапка, кој судија останал нем и глув, и нека си одговара, па и нека се беси, само на погрешна адреса се бараат виновниците
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom