Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
14 април 2010
Мислења
75
Поени од реакции
17
До сега се двоумев меѓу факултетот во Охрид и ПМФ, но кога видов дека овој факултет ќе стартува од септември и дека се наоѓа во Скопје, можеби таму ќе се запишам. Но сеуште е рано, уште ништо незнам за факутетот.

Факултетотот, како што веќе споменав, ќе се наоѓа во Скопје и ќе биде прв факултет по информатика, во Скопје. Законот за формирање на ФИНКИ изгласан е при крајот на декемви 2010 и тоа без гласови против. Тука можете подетално да прочитате.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Се запишав јас диплома од ФЕИТ да земам, не од ФИНКИ ТИНКИ ВИНКИ ДИПСИ ЛАЛА И ПО.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Не кревајте галама одма. Си пишува убаво таму дека кој сака може да поднесе молба за да остане на ФЕИТ.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Не кревајте галама одма. Си пишува убаво таму дека кој сака може да поднесе молба за да остане на ФЕИТ.
И кои професори да ми предаваат? Сите ќе се пребацат на новиот, фала Богу.
 
A

apidrone

Гостин
Колку сум НАЈсреќен што не ме примија на ИКИ на времето... Али сеа најјаките цури ќе ни ги земат, и пак ќе си се врати стариот електро, тоа највише ме фрустрира :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Па добро реформирано државно високо образование посебно во IT секторот не е на одмет. Инаку со ова ќе ги спојат и сегашните смерови на ПМФ. А многумина се бунат поради "дипломата" и називот на истата. Па никој не ви гарантира ни после 10 години дека ќе остане да постои Електротехнички или ФИНКИ што значи сепак на крај друго е пресудно и се цени повеќе отколку називот на дипломата.
Тие што се запишале во време кога факултетот бил ЕТФ и завршиле во време кога се преименува и преструктурира во ФЕИТ земале диплома од ФЕИТ мислам дека имињата ќе фигурираат или ако завршиш во време кога истиот е ФЕИТ па по 5 години се преименува повторно се губи вредноста на називот ФЕИТ.
А иначе називот ФИНКИ можеле подобро да го склопат :)
 
I

Intex

Убаво напишано.:)
Во капиталистичко општество каде шансите да најдете работа во државна администрација се мали, единствената опција е знаењето од областа и вработување на квалитетен кадар.:)
И не знам шо сте запнале електро та електро, демек тие од ФИНКИ нема да се истите професори, и нема да ја предаваат истата студиска програма? Нормално, ќе има струки плус за кое треба да се радувате, бидејќи се имаат можности плус, вие овде се противите на реформите. Ај, ако ви недостифа бифето на електро, ве разбирам, ама после предавања пак собирајте си се таму, не е така страшно.:P

Единственото нешто шо ме интересира е каде ќе биде лоциран ФИНКИ, за да знам каде да се сместам од Септември.:D
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Единственото нешто шо ме интересира е каде ќе биде лоциран ФИНКИ, за да знам каде да се сместам од Септември.:D
Да не те лажам ама мислам дека на ПМФ се градеше нова зграда што требаше да биде факултет за Информатика. Најверојатно тоа ќе биде.
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
До сега се двоумев меѓу факултетот во Охрид и ПМФ, но кога видов дека овој факултет ќе стартува од септември и дека се наоѓа во Скопје, можеби таму ќе се запишам. Но сеуште е рано, уште ништо незнам за факутетот.

Факултетотот, како што веќе споменав, ќе се наоѓа во Скопје и ќе биде прв факултет по информатика, во Скопје. Законот за формирање на ФИНКИ изгласан е при крајот на декемви 2010 и тоа без гласови против. Тука можете подетално да прочитате.

Искрено би ти препорачал повторно да размислуваш помеѓу ПМФ и Охрид, не мора да бидеш експериментално глувче на некој новоотворени факултети. Пред некој ден имавме дискусија во врска со Универзитетот во Охрид и стојам на ставот дека сепак е најдобриот избор доколку сакаш да изучуваш информатика.
 
Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
А зошто едноставно не ги преместат ИКИ и ИНФО на ПМФ и решена работа? Програмерите се жалат дека не им се учи електроника, електротехника, хардвер итн итн..нека ги преместат на ПМФ и нека буљаат у монитор цел ден :).
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
И кои професори да ми предаваат? Сите ќе се пребацат на новиот, фала Богу.
Може да си предаваат и на повеке од еден факултет. Иначе за информацијава со пребацување на новиот факултет ... лол.
 
A

apidrone

Гостин
Ама чекајте бе луѓе... Значи студентиве против нивна воља се пребацуваат на нов факултет, тие се запишале на ФЕИТ со цел тој факултет да го завршат. Зарем тие немаат право на избор што сакаат да студираат? Најпаметно ќе беше, ако веќе толку инсистираат, од септември да се отвори факултетот ама за нови генерации, ИКИ и ИНФО да се затворат, т.е. нема примање нови, а кој сака да може да се префрли таму. Само во Македонија изгледа никој не ги прашува студентите за нивните права.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom