Одлична е Софија, има многу убави места каде може да се прошета човек, има многу можности за забава, има храна за секој вкус.
Центарот ми се бендисува има голем број на стари зданија, добро средени.
Има убави цркви, Александар Невски, Св.Недела, Руската црква, има убави паркчиња и места за релаксација, особено ми се бендисува пред Народниот театар и она каде се игра шах.
Сум се возел со точак низ Софија, има убав Јужен парк, штета има премногу коли па малце е заебано со точак, но тоа е одлика на сите главни градови.
Има жичара за на Витоша, која е поголема од Водно, има простор за година дена да се шеташ во Софија и околината.
Одлична е Софија ако ја прифатиш Софија. Таа е таква каква е.
Има чкарт реони(квартали) како Љуљин, Младост, Овча Купел каде нема никаков траг од индивидуалност, буквално се редови и редови на згради, но се на се не мислам дека Софија заслужува да биде окарактеризирана како толку лош и неубав град.
Најверојатно тргате со предрасуди или не сте поминале доволно време во неа.
Можеби студенилото на железничката станица или „смешниот“ говор на луѓето ве натерало да се почуствувате понадмено, знаејќи ја и историјата и стопати поврторуваните исфиркани рефрени за две червени, но таму луѓето си се нормални луѓе, не се некој баук, некој репер за затуцаност или незапознаени со она кое го мислите дека е „модерно“.
Животот во Софија е како и секој живот. Како ти е во душата и каков ќе си го направиш.