Незнам зошто се дозволува на форумот користење на странски јазици кои патем повеќето ниту можеме а ниту сакаме да се напрегаме да ги читаме.
Кој сака да комуницира нека се труди барем извртените букви да ги изфрли, како ФМИ на пример.
--- надополнето ---
Ако дојде до храната и музиката Бугарија е позната по екстремно лошата Храна , кичот, лошата музика и воопшто немузикалноста.
Во Софија не сум бил но сум бил на студентски забави во Германија и можам да кажам дека музиката е секогаш ДНО и покрај тоа што тие луѓе се или треба да бидат КРЕМОТ на Бугарија. Што се однесува до храната сум живеел со Бугарка и Бугарин така да сме готвеле и секогаш им течеле лигите кога ќе им зготвам нешто македонско. Освен тоа во Германија скоро и да нема Бугарски ресторанти иако Бугари врие , уште еден доказ за кујната им.
Е сега за Софија ми кажувале впечатоци и Бугари и по некој Германец во глобала се се сведува на нечист град , со многу гужва , сомнителни фаци и многу контрасти, од архитектура до стандард, секако Германците не заборавија и да ги спомнат таксистите кои им откачиле 40 лева за кратко возење. На крај морале да си најдат друштво кое ќе ги упати во тајните на Бугарската улична мафија и тоа друштво замислете било Македонец. Така да најголемиот впечаток од Софија на дечките им беше дружењето со Македонецот, нашиот менталитет и чесност.