Контрадикторен си. Викаш несакаш да споредуваме , и дека темата била за учебници. Ако е така, ти прв излезе надвор од темата спомнувајќи шетање, филмови и компјутери.
Втора контрадикција. Ако го терат тава они шо го кажале т.е. диктирале поарно за вас. Знаеш дека на тест ке ти се падне нешто од тоа што е диктирано. А поарно ли е лекција од 5-6 страни да не знаеш што попрво да фатиш, а така со диктирањето професорот те насочува на што да обратиш внимание и полесно е за учење.
Апсолутно точно. На еден час се стасува три страни да се напиша (итоа тие доколку ги споредуваме со компјутерски се една страна, максимум една ипол) а во учебникот лекцијата е 4-5 страни. Плус , пример за Биологија , мене ми е многу на високо ниво напишан учебникот па многу ми е полесно кога професорката на едноставен начин ќе ни ја издиктира лекцијата и кога ја учам од тетратка.
И напишав предходно немам учебник Хемија. Кога ќе ја изучиме целата тема земам учебниук пресликувам ја учам темата и на тест 5. Ама некој не сака да учи и ќе се вади немам учебник, неможев да пресликам, од тетратка е нејасно...
За компјутерите (некој спомна погоре иако темата не е за тоа) имам да кажам дека не е ккрива владата што децата ги користат компјутерите за игири и слично. Криви се професорите кои не се трудат да ги применат во часот.
Кај мене во училиште има професори кои не ги користат во наставата и оние кои ги користат компјутерите .
Првите, оние кои не ги користат се стари професори кои сметаат дека треба ко во старо време, бубај-бубај-бубај, и не разбираат дека денешните технологии можат на учениците да му понудат многу повеќе од самиот учебник. Но воред е, ќе појдат пензија и новите генерации ќе дојдат. Засега тие ни ги заклучуваат компјутерите и на час гледаме катанец.
Вторите, оние кои ги користат, се млади професори но и меѓу нив има некој постар професор (кај мене пример по физика, хемија и историја се постари па ги користат компјутерите во наставата).
Тие можеби не се компјутерски махери но барем се трудат заедно со помош на учениците да ги воведат компјутерите во наставата.
Пример по Хемија ни има сто пати речено дека никогаш нема од учебник да ги разбериме
хибридизираните врси кај јаглеродните атоми затоа што кај нив има 3Д приказ па на цртеж (на табла) тое неможиме да го видиме, мора на компјутер. Ова го зедов како пример, а има уште многу примери. По историја гледаме мапи од сите години, како држабите ги менуваме своите територии преку кратки клипчина и слики.
По биологија учиме за анатомија за човекот па секој час за тоа што учиме гледаме на компјутер кратко видео во кое можи да видиш бел дроб, митхондрии, срце, и слично.
Поентата ми е да разберите дека не е владата крива за се како што некој сака да прикажи.
--- надополнето ---
ќе ти дефинирам . Тодороски шо рече? Учебниците ќе бидат подготвени за новата година (за оваа година , ај минатата шо беше беше ) од тоа ништо , Компјутери? џабееееее ги испокрадија испокршија , и плус то ние не работиме на компјутери пола од професорите го живеат минатото (времето на Тито) па така да не се разбираат мн мн во компјутери , За факултети уште не сум стасал па да ти кажам....
Пс .. никој не треба да ме учи за ова едноставно лажење ...
Можи треба Груевски да дојди и да ги надгледува компјутерите?
На одморите училниците се заклучени, по завршувањето на наставата се заклучени...
Кога се кршат компјутерите?
ЗА ВРЕМЕ НА ЧАСОВИТЕ.
Кој ги "надгледува" учениците за време на часовите?
ПРОФЕСОРИТЕ.
Значи кој е крив?
ПРОФЕСОРИТЕ, А И РОДИТЕЛИТЕ КОИ НЕ ГО НАУЧИЛЕ СИНОТ НА ОСНОВНА КУЛТУРА, ТУКУ ГО НАУЧИЛЕ ДА БИДИ ХУЛИГАН.