Што се случува во нашава жална држава?

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
ќе ти дефинирам . Тодороски шо рече? Учебниците ќе бидат подготвени за новата година (за оваа година , ај минатата шо беше беше ) од тоа ништо , Компјутери? џабееееее ги испокрадија испокршија , и плус то ние не работиме на компјутери пола од професорите го живеат минатото (времето на Тито) па така да не се разбираат мн мн во компјутери , За факултети уште не сум стасал па да ти кажам....

Пс .. никој не треба да ме учи за ова едноставно лажење ...

Епа што очекуваш од професори кои се неспособни да учат? Знам дека одеа на обуки сите, и се плаќаат тие обуки, ама ако не ги применуваат треба да се казнат или да се заменат со способни!!! Зошто генерации деца да бидат казнети поради неспосогна титова генерација?
Ама ако сакате да учите, ќе се пожалите кај директорот, или ќе го кажете магичниот збор на новинарите, па ќе видите како ќе станат салам професори. Ама полесно е да речеш не чини владата оти ни даде компјутери, отколку не чини мојата тетка војна мајка професор оти е тутурка за компутери!
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Контрадикторен си. Викаш несакаш да споредуваме , и дека темата била за учебници. Ако е така, ти прв излезе надвор од темата спомнувајќи шетање, филмови и компјутери.
Втора контрадикција. Ако го терат тава они шо го кажале т.е. диктирале поарно за вас. Знаеш дека на тест ке ти се падне нешто од тоа што е диктирано. А поарно ли е лекција од 5-6 страни да не знаеш што попрво да фатиш, а така со диктирањето професорот те насочува на што да обратиш внимание и полесно е за учење.
Апсолутно точно. На еден час се стасува три страни да се напиша (итоа тие доколку ги споредуваме со компјутерски се една страна, максимум една ипол) а во учебникот лекцијата е 4-5 страни. Плус , пример за Биологија , мене ми е многу на високо ниво напишан учебникот па многу ми е полесно кога професорката на едноставен начин ќе ни ја издиктира лекцијата и кога ја учам од тетратка.
И напишав предходно немам учебник Хемија. Кога ќе ја изучиме целата тема земам учебниук пресликувам ја учам темата и на тест 5. Ама некој не сака да учи и ќе се вади немам учебник, неможев да пресликам, од тетратка е нејасно...
За компјутерите (некој спомна погоре иако темата не е за тоа) имам да кажам дека не е ккрива владата што децата ги користат компјутерите за игири и слично. Криви се професорите кои не се трудат да ги применат во часот.
Кај мене во училиште има професори кои не ги користат во наставата и оние кои ги користат компјутерите .
Првите, оние кои не ги користат се стари професори кои сметаат дека треба ко во старо време, бубај-бубај-бубај, и не разбираат дека денешните технологии можат на учениците да му понудат многу повеќе од самиот учебник. Но воред е, ќе појдат пензија и новите генерации ќе дојдат. Засега тие ни ги заклучуваат компјутерите и на час гледаме катанец.

Вторите, оние кои ги користат, се млади професори но и меѓу нив има некој постар професор (кај мене пример по физика, хемија и историја се постари па ги користат компјутерите во наставата).
Тие можеби не се компјутерски махери но барем се трудат заедно со помош на учениците да ги воведат компјутерите во наставата.
Пример по Хемија ни има сто пати речено дека никогаш нема од учебник да ги разбериме хибридизираните врси кај јаглеродните атоми затоа што кај нив има 3Д приказ па на цртеж (на табла) тое неможиме да го видиме, мора на компјутер. Ова го зедов како пример, а има уште многу примери. По историја гледаме мапи од сите години, како држабите ги менуваме своите територии преку кратки клипчина и слики.
По биологија учиме за анатомија за човекот па секој час за тоа што учиме гледаме на компјутер кратко видео во кое можи да видиш бел дроб, митхондрии, срце, и слично.

Поентата ми е да разберите дека не е владата крива за се како што некој сака да прикажи.

--- надополнето ---

ќе ти дефинирам . Тодороски шо рече? Учебниците ќе бидат подготвени за новата година (за оваа година , ај минатата шо беше беше ) од тоа ништо , Компјутери? џабееееее ги испокрадија испокршија , и плус то ние не работиме на компјутери пола од професорите го живеат минатото (времето на Тито) па така да не се разбираат мн мн во компјутери , За факултети уште не сум стасал па да ти кажам....

Пс .. никој не треба да ме учи за ова едноставно лажење ...
Можи треба Груевски да дојди и да ги надгледува компјутерите?
На одморите училниците се заклучени, по завршувањето на наставата се заклучени...
Кога се кршат компјутерите?
ЗА ВРЕМЕ НА ЧАСОВИТЕ.
Кој ги "надгледува" учениците за време на часовите?
ПРОФЕСОРИТЕ.
Значи кој е крив?
ПРОФЕСОРИТЕ, А И РОДИТЕЛИТЕ КОИ НЕ ГО НАУЧИЛЕ СИНОТ НА ОСНОВНА КУЛТУРА, ТУКУ ГО НАУЧИЛЕ ДА БИДИ ХУЛИГАН.
 
Член од
12 јуни 2008
Мислења
5.227
Поени од реакции
974
Сга се поинакви работите, ако не чини нешто викаш неколу новинарчиња, и само ако го кажеш златниот збор - не чини - одма идат да снимаат. А ние од што учевме....Тоа беа учебници од 1980та, постари од мене, со неточни факти, а професорите, не беа контролирани од никој, па си предаваа само како што беше напишано. Ама тогаш комунизамот уште тежеше, па сите ќутеа. Сега за печатни грешки се плаче по форуми.
Ама најтешко од се ми паѓа неинформираноста на учениците кои и покрај огромните можности, не сакаат да учат. Не знам кога еднаш ќе разберат дека можноста да имаш компјутер со интернет на школо на секој час е огромно богатство за секој ученик. Јас на нивно место учебникот би го користела како насока, а интернетот за добивање знаење.
Џабе ни се компјутерите кога професорите не даваат за време на часот да се уклучени, барем во Радовиш е така, можеш и неоправдан/забелешка да добиеш ако ти е уклучен компјутерот.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Далеку си од реалноста.
Сите сме биле ученици, има деца кои што доволно им е молив да им дадеш за да најдат занимација во него и да не го слушаат професорот, не па компјутер. Конкетно, компјутерите имаа негативен ефект, можам да направам споредба со и без, и верувај децата повеќе учеа без компјутери.

За учебници.
Стварно мислите дека е добар проеков, дека е реализиран? Има милион примери како е лош овој проект, без разлика дали се бесплатни или се плаќаат. Ништо не и фалеше што учев од скрипти, сите стигнавме на факултет, само лошото е што сега не учат ни од книги ни од скрипти(бидејќи им е забрането од Министерство), само мора да пишуваат во тетратки. Наставата што треба да ја држи професорот, времето за предавање на лекцијата е префрлено на диктирање и пишување.
За ова околу компјутерите во училиште колку си само грешка...Знаеш ли дека секоја образовна институција на запад има компјутери во училниците уште од времето кога во Македонија не знаевме што е тоа компјутер? Децата што сакаат да учат ќе научат и од учебник и од компјутер, во денешно време да се има компјутер и интернет е огромна предност во поглед на образованието на младите. Но под тоа не мислам на учениците кои по цели часови на компјутерите во школо си играат игрички и дремат на фејсбук, а и не само во школо туку тоа и дома на компјутерите го прават, залудно трошат време на глупости наместо да побараат и да прочитаат нешто корисно на интернет. Можностите се неограничени, доколку сакаат да научат тоа можат да го сторат и преку компјутер немора учебник да се има. И за на крај ќе кажам и за култура и домашното воспитување на сегашните деца, компјутерите во школо ги испокрадоа, искршија и.т.н додека нивните дома не ни помислуваат да ги удрат или слично. Со тоа само се покажува степенот на незаинтересираност, немање општа култура и почит спрема туѓото, а и гледање на работите како здраво за готово а всушност незнаат дека компјутерот во денешно време е една од најкорисните алатки во секојдневниот човечки живот.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Ама ако сакате да учите, ќе се пожалите кај директорот, или ќе го кажете магичниот збор на новинарите, па ќе видите како ќе станат салам професори. Ама полесно е да речеш не чини владата оти ни даде компјутери, отколку не чини мојата тетка војна мајка професор оти е тутурка за компутери!
26 години имаш, знаеш како функционираат работите кај нас. Не ги лажи децата, ако отидат кај директорот ништо нема да променат. Ако отидат во Сител ќе им речат дека живеат прекрасен живот.
Оди кажи им совет на овие тука како да ги добијат парите и резултатите(кое се веќе познати).

За ова околу компјутерите во училиште колку си само грешка...Знаеш ли дека секоја образовна институција на запад има компјутери во училниците уште од времето кога во Македонија не знаевме што е тоа компјутер? Децата што сакаат да учат ќе научат и од учебник и од компјутер, во денешно време да се има компјутер и интернет е огромна предност во поглед на образованието на младите. Но под тоа не мислам на учениците кои по цели часови на компјутерите во школо си играат игрички и дремат на фејсбук, а и не само во школо туку тоа и дома на компјутерите го прават, залудно трошат време на глупости наместо да побараат и да прочитаат нешто корисно на интернет. Можностите се неограничени, доколку сакаат да научат тоа можат да го сторат и преку компјутер немора учебник да се има. И за на крај ќе кажам и за култура и домашното воспитување на сегашните деца, компјутерите во школо ги испокрадоа, искршија и.т.н додека нивните дома не ни помислуваат да ги удрат или слично. Со тоа само се покажува степенот на незаинтересираност, немање општа култура и почит спрема туѓото, а и гледање на работите како здраво за готово а всушност незнаат дека компјутерот во денешно време е една од најкорисните алатки во секојдневниот човечки живот.
Ништо не кажа за да докажеш дека не сум во право.
Во Америка вака било, оваму така било.
Човече, на свињата во кочина да и фрлиш сапун и шампон, пак ќе смрди. Едноставно е.

Според мене:
1. 40 најсовремени компјутери наместо 1000 обични компјутери, квалитет пред квантитет. (ова за жал не се совпаѓа со политиката на моменталната влада, која се залага за квантитетот пред квалитетот.) Учениците кои сакаат да ги користат за наоаѓање информации и читање, ќе им бидат секогаш достапни, мсн-фб и останатите работи ќе бидат блокирани. (тогаш ќе се докаже она дека само 5-6 максиум ќе има дневно на тие компјутер и колку учениците сакаат да учат).
2. Еден компјутер во секоја училница со проектор. Секој професор ќе го користи и ќе имате сите можност да гледате на голема слика се што е потребно да се покаже. Многу покорисно отколку секој ученик пред себе да има компјутер и да гледа во мониторот. Како професорката ќе ви објасни некои работи, пак на памет, и вие треба да ги барате на екранот, кога може да се покаже на табла(преку проекторот).
3. Имаше подобри начини да се направи овој проект, они(владата) го избраа најлошиот. Не е ова мое мислење. Фактите се тие.
 
Во право си, можеби не го избраја најдобриот начин, можеби и тој ти шо го кажуваш ќе излезеше полош и од овај, но мене ми е тоа што некои други сите пари кои владата пробува да ги претопи во подобрување на образованието и дите други области, некои други влади само ги крадеа.
И ме нервира што народов е порадосен кога незнае каде одат парите (мисли дека воопшто не постојат пари и не верува дека го крадат) одколку кога знае каде одат и за што па се нешто не му чини.
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
26 години имаш, знаеш како функционираат работите кај нас. Не ги лажи децата, ако отидат кај директорот ништо нема да променат. Ако отидат во Сител ќе им речат дека живеат прекрасен живот.
Оди кажи им совет на овие тука како да ги добијат парите и резултатите(кое се веќе познати).

Ништо не кажа за да докажеш дека не сум во право.
Во Америка вака било, оваму така било.
Човече, на свињата во кочина да и фрлиш сапун и шампон, пак ќе смрди. Едноставно е.

Според мене:
1. 40 најсовремени компјутери наместо 1000 обични компјутери, квалитет пред квантитет. (ова за жал не се совпаѓа со политиката на моменталната влада, која се залага за квантитетот пред квалитетот.) Учениците кои сакаат да ги користат за наоаѓање информации и читање, ќе им бидат секогаш достапни, мсн-фб и останатите работи ќе бидат блокирани. (тогаш ќе се докаже она дека само 5-6 максиум ќе има дневно на тие компјутер и колку учениците сакаат да учат).
2. Еден компјутер во секоја училница со проектор. Секој професор ќе го користи и ќе имате сите можност да гледате на голема слика се што е потребно да се покаже. Многу покорисно отколку секој ученик пред себе да има компјутер и да гледа во мониторот. Како професорката ќе ви објасни некои работи, пак на памет, и вие треба да ги барате на екранот, кога може да се покаже на табла(преку проекторот).
3. Имаше подобри начини да се направи овој проект, они(владата) го избраа најлошиот. Не е ова мое мислење. Фактите се тие.

Toчно, не е твое. Така ти кажале да кажеш.
Арнов икаат, на човек можеш си сила да му земеш, не можеш со сила да му дадеш. Ако најлош начин е да се дадат компјутери, веројатно најубав е да не се дадат. Парите можат да се искористат за бисери за минстерките. Одличен начин.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Во право си, можеби не го избраја најдобриот начин, можеби и тој ти шо го кажуваш ќе излезеше полош и од овај, но мене ми е тоа што некои други сите пари кои владата пробува да ги претопи во подобрување на образованието и дите други области, некои други влади само ги крадеа.
И ме нервира што народов е порадосен кога незнае каде одат парите (мисли дека воопшто не постојат пари и не верува дека го крадат) одколку кога знае каде одат и за што па се нешто не му чини.
Полошо од нефункционални компјутери не може. Само заборавив да кажам дека ќе чинеше 10x помалце тоа што јас го кажав. За болдот не можеш да кажеш со сигурност.
Јас зборам од тоа што знам како поминале такви проекти, и едно време друга влада даваше учебници, знам што се случи со нив, има други начини да се помогне и да се унапреди образованието. Зашто не се буни никој што им дадоа слободни на учениците? Затоа што беше добро осмислен и изведен проект. :)
Toчно, не е твое. Така ти кажале да кажеш.
Арнов икаат, на човек можеш си сила да му земеш, не можеш со сила да му дадеш. Ако најлош начин е да се дадат компјутери, веројатно најубав е да не се дадат. Парите можат да се искористат за бисери за минстерките. Одличен начин.
Мене никој не ми кажува што да пишувам на форум. Да се разбереме.
Токму така, не треба да се дадат. Ако луѓето, наставниците не знаат како со нив, едноставно не треба да се дадат, на крај краева наши се тие пари што се уништија.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Кој идиотизам...Кога требаше сами да си ги купуваат книгите никој не учеше, не седнуваше никој да учи, ама нели сега државата треба да дава учебници без пари и сите плачат, каде се учебниците, жална држава итн...Дај пораснете веќе еднаш бе...
Значи никаде никој не навредив, несакам ни да вреѓаш.Оди на првата страна, прочитај го првиот пост, т.е постот со што е отворена темата, па тогаш ми збори ти мене, а ти сигурно незнаеш кој учи и колку учи и на крај па, ако јас не учам, ако сакаш ова да го кажеш, има некој шо учи и сака да учи, мада небитно е сега тука.Муабетот е, како е можно, еве ти и друг на темата од Прилеп ли е, од каде ли е, незнам има учебник по Бизнис, а ние од Струмица немаме учебник Бизнис, имаат учебници по Деловно, Сметководство, ние ги немаме, како се делат тие учебници ? За да е иронијата поголема ни го дадоа само учебникот шо му се смее цела Македонија, оној бело теле, бела крава, белко млеко дава ^_^
 
Јас не те навредив тебе во никој случај, тоа се однесуваше така општо за денешната младина. Нормално дека јас неможе да знам дали ти учиш или некој друг не учи, но ти кажувам дека тоа е чиста вистина за учебниците, кога требаше сами да си ги купуваме никој не учеше од нив, а сега кога треба државата да дава бесплатни учебници сите како да сакаат министри да станат преку ден. Има еден член под другиот мој пост што се согласува со ова, а мислам дека и ти си свесен дека тоа е така. Можеби ти учиш неможам ништо јас со сигурност да тврдам за тебе, можеби и кога требаше самите да си ги купуваме учебниците ти си учел и сеуште сакаш да учиш, но ако ти тоа го сакаш не значи дека сите ученици го сакаат учењето. Јас завршив средно минатата година и ти тврдам дека барем од мојот клас 90% од учениците немаа учебници, вклучувајќи ме тука и мене ( не дека тогаш требаше самите да си ги купиме, на старо за по 100ден. можеа да се најдат ) но има и други алтернативи од каде може да се научи. Тој што сака да научи ќе се снајде.
 
Значи пак не се сваќаме, јас од најсигурни извори ти кажувам, другар од Прилеп, 2ра година има учебници по Деловно работење и Сметководство, истите кај нас во Струмица ги немаме, зошто?
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Значи пак не се сваќаме, јас од најсигурни извори ти кажувам, другар од Прилеп, 2ра година има учебници по Деловно работење и Сметководство, истите кај нас во Струмица ги немаме, зошто?
Не разбираш ти или шо е проблемо.
Пет пати кажав дека ако има некој од Прилеп учебник а некој во Струмица нема не е владата крива.
Можи да е училиштето, можи тие што ги пренесуваат учебниците, можи некој ги украл од професорите....
Незнам стварно која можи да е причината, ама од шо гледате А1 првото нешто што ви паѓа на ум ако нешто не чини е ВЛАДАТА Е КРИВА.
Дај оладете малку и заинтересирајте се . Имате прецедател во генерацијата, имате младински центар, разговарајте со директорот и професорите и видете зошто нема учебници. Доколку ви речат не добиле, замолете ги да прашаат каде се учебниците. Незаинтересираноста на училиштата (и учениците) е голем проблем, а не е проблем проктот бесплатни учебници за секое дете!
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.551
Поени од реакции
7.109
конкретен пример за тоа зошто во скопје имале учебници а во струмица немале.
Пред 2 години, додека бев 3 година гимназија, ги донесоа компјутерите, директорката ни беше од СДСМ, стевка, на пресконференција за медиуми и преку професори не извести дека компјутерите неможат да се уклучат поради дотраена електричка инсталација, и дека нема да ризикува пожар во зградата. 6 месеци потоа, стевка замина во пензија, дојде Горданчо од ВМРО директор, компјутерите преку ноќ се пуштија во употреба, наеднаш ги користевме во сите простории, пожар нема ден денеска, а не беше направена никаква промена во инсталацијата. На часови кај професорите, конкретно на математика, работевме со компјутерите, на други предмети, тоа чудото незнаеле како функционира(па ги користевме за интернет), да биде поиронично математика професорката имаше над 50 години а оваа другава не повеќе од 30.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom