И сега ќе каже ли конечно некој од ВЕРУВАЧИТЕ ВО НЕПОСТОЕЊЕТО НА БОГ ако тука му кажеме да бе така е у право си, стварно бе изглеа нема Господ - што ќе добиете?
Еве јас, пошто 5-16 пути сум го пишал веќе. Оти не пак:
Замисли двајца луѓе. Едниот од нив знае нешто, а другиот не го знае. Доколку вториов се однесува некако или зборува нешто кое има врска со неговото незнаење, тој не сноси НИКАКВА одговорност, поради тоа што НЕ ЗНАЕЛ.
Доколку првиот се однесува во спротивност со тоа ШТО ГО ЗНАЕ, тој сноси одговорност за своето несоодветно однесување/размислување.
Мислам дека ова може да се разбере - ако не, пиши, ќе се дообјаснам.
Е, сега, ако овие двајца луѓе живеат заедно, во иста заедница (чија цел, нели, е напредок и благосостојба) тогаш двајцата тие ЗАЕДНО сносат одговорност за својот ЗАЕДНИЧКИ живот. Одговорноста кај оној кој ЗНАЕ е поголема отколку кај оној кој НЕ ЗНАЕ. Така, ОДГОВОРНОСТА на оној кој знае е да го поучи оној кој не знае, за да тој НЕ СЕ ОДНЕСУВА КОНТРАПРОДУКТИВНО во тој нивни заеднички потфат.
Накратко, ако ова е премногу општо или некако нејасно.
ОНОЈ КОЈ ЗНАЕ ПОВЕЌЕ ИМА ОБВРСКА ДА МУ УКАЖЕ НА ОНОЈ КОЈ НЕ ЗНАЕ ТОЛКУ, за да обајцата грабат напред.
Незнаењето е ужасна работа. Религиите го промовираат и не' учат да бидеме задоволни со НЕРАЗБИРАЊЕТО на светот во кој живееме.
Религиите поучуваат застарен морал, шират ирационални „вистини“ и даваат ЛАЖНИ ВЕТУВАЊА ЗА ЖИВОТ ПО СМРТТА!!!
Религиите се патерица за оние кои сеуште не си дозволиле да го разберат овој свет онаков каков што навистина Е!
Едно е „виша сила“ и духовност, а сосем друго е религија и антропоморфни богови. Јас сум накурчен на ова последново! Јас тука пишувам за да на некого барем, кој не е до крај сигурен, му укажам и го/ја охрабрам да размислува критички и да се сврти кон духовност, наместо кон религија, и да почне да чита за наука и достигнувања на човештвото, наместо за Јахве, кришна или Црвенкапа.
Се надевам дека сум ти јасен.