Занаетчиски работи (градежни) нема чирак што зема помалку од 600 денари дневница.Да,не се пријавен но тоа се 250 евра месечна плата.Секако е подобро отколку 2000 денари социјална помош.Ама нема лежење цел ден,нели.Јас целиот годишен одмор го користам за да работам приватно.Знам не би требало да е така.Но попрво би си го одработел лебчето одколку да плачам пред влада (која и да е) со надеж дека парите ќе ми паднат од небо.
--- надополнето ---
Ќе ти одговорам.Работам со стариот од 8 одд.(нормално преку лето и во викендите).Откако завршив средно почнав активно да работам секој божји ден.Чекав верски празник за да одморам.И све беше ОК додека не се оженив.Занаетчиските работи (граѓевински) ги нема во зима.3 месеци остануваш без пари.И ова не беше проблем додека не станав татко.Морав да барам постојана работа за да ја пребродувам зимата,а во слободно време продолжив со приватното.Работев многу физичка тешка работа,нормално за мали пари - пошто скапана ни е државата.Ама со работа и со труд ми дадоа ново раотно место.Не се големи пари ама работата е пред ПС.Затоа неможам да работам со татко ми повеќе.Одам кога сум слободен и кога ќе земам одмор.Сите мои другари одеа по некое време со мене и со татко ми и се откажуваа.Земаа по 700 денари,ама тешко било.Еве ќе речам не зависеа од тие пари - па не мораа да работат тоа.Тате носи - мама меси.Но за оние (работоспособни) што се жалат дека малце им било социјалното или дека им го укинале,неможе да ми биде жал.И ваквите работи (чирак) е сигурно подобро решение него плачење пред собрание.