Студентски кредит

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.787
Поени од реакции
4.040
Дали некој подигнал ваков вид на кредит од нашиве банки?
Сакам да подигнам 1500 - 2000 евра, ама гледам дека каматите се високи..
Искуства? Мислења?
 
Дали некој подигнал ваков вид на кредит од нашиве банки?
Сакам да подигнам 1500 - 2000 евра, ама гледам дека каматите се високи..
Искуства? Мислења?

самата си прашуваш самата си одговараш , едноставно е тие ти даваат пари 2000евра после ти ги преплатуваш тие пари со каматите па ако заглавиш уште полошоо , не си играј со оган
 
^ океј тоа за каматите, ме интересираат искуствата, дали лесно даваат кредити и имале луѓево некои фрки.
 
^ океј тоа за каматите, ме интересираат искуствата, дали лесно даваат кредити и имале луѓево некои фрки.

Доколку е потрошувачки, за да земеш 120.000 илјади денари, и да го отплатуваш на пример 3 години, каматата ти е 10.08 ( последно беше толку колку што јас се сеќавам). За да ти го одобрат треба да имаш примања околу 250 евра. Ако имаш толкава плата без проблем ќе земиш кредит. Тука ти кажувам за потрошувачки ненаменски кредит каде што каматите во основа се највисоки затоа што банката не ти ги контролира парите. Е сега ако сакаш намеснки тогаш сите овие суми што ти ги кажувам ќе се помали.
Ова е во Стопанска Банка за другите банки не можам да ти кажувам затоа што немам никаков контакт со нив.
А доколку си студент, НИКОЈ НЕМА ДА ТИ ДАДЕ КРЕДИТ ДОКОЛКУ НЕМАШ ПРИХОДИ.
пак ќе напоменам во Стопанска Банка - Скопје
 
Кои се условите за да се земи студентски кредит ?
 
Кои се условите за да се земи студентски кредит ?

Ако зборуваме за оние од банките, тогаш редовен приход, или залог меѓутоа доколку залогот не е нешто повредно многу се големи шансите комисијата да те одбие. Студентите се обични граѓани немаат никакви предности, за разлика од пензионерите кои земаат пензии, е за нив има многу поволности и кредити, само доколку се помлади од 67 години ( може некоја година повеќе или помалку во завиност од политиката на Банката)
 
Доколку е потрошувачки, за да земеш 120.000 илјади денари, и да го отплатуваш на пример 3 години, каматата ти е 10.08 ....

+ддв=12% и другите скриени трошоци = околу 13% камата

Мислам дека вака стојат работите. Во секој случај, дерат.
 
Тука имаш за студентски кредити.
Мое мислење, ако не ти се ептен ептен ептен неопходни земи, и ако не можат твоите да земат друг кредит, инаку бегај подалеку од кредитиве.
 
Не се исплаќа студентски кредит од банкиве.
Барај стипендија од некоја фирма.. така подобро ти е од ова банкиве моеш само да заглавиш.
 
Кои се условите за да се земи студентски кредит ?

Па јас го најдов ова и ми делуваат како добри услови.
И страв ми е малце, ама пошо е неопходен, тоа е... Планирам да го вратам цел за 4-5 месеци, и се смеев кога видов дека за ако го вратиш така, треба да платиш казна :)
Глеав и само уни банка и охридска даваат вакви кредити, и уни има повеќе услови ко жиранти, ко-кредитобарател и сл.
 
Не треба да платиш казна, туку треба да платиш провизија за предвремено затварање на кредит. Ама имај го во предвид тоа дека цела камата што требало да ја плаќаш во наредниот период ќе ти биде избришана. Затоа е и „казната“.
 
Да точно е ова што го пиша ,треба да се плати провизија од 5% во уни банка ако го платиш предвреме кредиот и камата ти се бриши.
Каматата во уни банка и тутнска банка за студентски кредит е 12% годишна каматна стапка.
 
Сакам да прашам колкав е износот на најмалиот студентски кредит кој може да се подигне, дали тоа мора да биде над 30000 денари или може да подигнам околу 20000.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom