А
Антоние
Гостин
Финтата со непосредната демократија е во тоа што таа е замислена за (целокупна З+И+С) власт која што наместо да се вмешува и да интервенира во сите сфери на социо-политичкиот живот, само ќе арбитрира. Во меѓународното право арбитрирањето е најефикасен метод за донесување одлуки, склучување договори и правни норми. Замисли наместо пратеници и министри да имаме арбитри, кои што ќе одлучуваат во совет од непарен број членови, каде што еден е заседавач, и никој од нив нема да ужива никакви специјални привилегии. Секој граѓанин би можел да предложи закон, а за да биде усвоен да има двотретинска подршка од советот (66%), и да предложи да се отстрани било кој закон, кој што ќе се отстрани ако добие апсолутно мнозинска подршка од советот (51%). Ете ти непосредна демократија произлегувајќи од квази институција.А демек нема да се делат и тепаат ако е непосредна демократија а?
Знаеш ли шо кажа со ова? Дека за секоја ситница, треба да решава народот на референдум. Знаеш ли колку е тоа долг и гломазен процес? Општеството буквално ке се блокира. Законите и измените на законите и одлуките ке се носат многу споро. Ке го снема собранието како орган и со тоа владата и претседателот ке бидат слободни од брзи забрани за нивните дејствија, зашто народот дур изгласа - отиде државата. Ке нема арбитража никаква. Самите одлуки од мнозинството од народ ке бидат без никакво професионално знаење, зашто тоа мнозинство не е образовано за такви одлуки. Самиот процес за гласање за закони од народот, ке донесе презаситување и често немање на процентуална застапеност на граѓаните во тие референдуми и со тоа постепено откажување од народот во непосредно владеење и натрупување на предлозите на владата и со тоа кочење на извршната власт. Да бевме население од 10 000 луѓе во државава, да немавме толку сложено општество и да носевме туники и да бев антички - ок. Али не сме.
---------------------------------------------------------------------------
Гледам, држава сте почнале да си играте (или тоа или авторот на темата само ја користи заплетканоста на уставот со политиката за да си ги пласира своите субјективни политички ставови, неможејќи да го стори тоа на ниедно друго место на форумот), но како и да е еве и јас ќе додадам нешто што мислам дека треба сериозно да се измени/надополни во Уставот.
- Членот 30 од Уставот ја гарантира приватната сопственост и тоа во нејзиниот "индивидуален облик", пропуштајќи да ја спомене групната приватна сопственост, или со други зборови сопственоста на правните лица.
- Членот 56 од Уставот ја инагурира државната сопственост, но не прави разлика помеѓу државна сопственост и сопственост на единиците на локалната самоуправа.
Иако уште од 2001 постои ЗСИДСП, кој што ги пополнува овие "нерамнини", сепак Уставот е над ЗСИДСП и искусен правник може да ги искористи овие дупки за да изврти фактичка состојба.