А
Антоние
Гостин
А демек нема да се делат и тепаат ако е непосредна демократија а?
Знаеш ли шо кажа со ова? Дека за секоја ситница, треба да решава народот на референдум. Знаеш ли колку е тоа долг и гломазен процес? Општеството буквално ке се блокира. Законите и измените на законите и одлуките ке се носат многу споро. Ке го снема собранието како орган и со тоа владата и претседателот ке бидат слободни од брзи забрани за нивните дејствија, зашто народот дур изгласа - отиде државата. Ке нема арбитража никаква. Самите одлуки од мнозинството од народ ке бидат без никакво професионално знаење, зашто тоа мнозинство не е образовано за такви одлуки. Самиот процес за гласање за закони од народот, ке донесе презаситување и често немање на процентуална застапеност на граѓаните во тие референдуми и со тоа постепено откажување од народот во непосредно владеење и натрупување на предлозите на владата и со тоа кочење на извршната власт. Да бевме население од 10 000 луѓе во државава, да немавме толку сложено општество и да носевме туники и да бев антички - ок. Али не сме.
Финтата со непосредната демократија е во тоа што таа е замислена за (целокупна З+И+С) власт која што наместо да се вмешува и да интервенира во сите сфери на социо-политичкиот живот, само ќе арбитрира. Во меѓународното право арбитрирањето е најефикасен метод за донесување одлуки, склучување договори и правни норми. Замисли наместо пратеници и министри да имаме арбитри, кои што ќе одлучуваат во совет од непарен број членови, каде што еден е заседавач, и никој од нив нема да ужива никакви специјални привилегии. Секој граѓанин би можел да предложи закон, а за да биде усвоен да има двотретинска подршка од советот (66%), и да предложи да се отстрани било кој закон, кој што ќе се отстрани ако добие апсолутно мнозинска подршка од советот (51%). Ете ти непосредна демократија произлегувајќи од квази институција.
---------------------------------------------------------------------------
Гледам, држава сте почнале да си играте

- Членот 30 од Уставот ја гарантира приватната сопственост и тоа во нејзиниот "индивидуален облик", пропуштајќи да ја спомене групната приватна сопственост, или со други зборови сопственоста на правните лица.
- Членот 56 од Уставот ја инагурира државната сопственост, но не прави разлика помеѓу државна сопственост и сопственост на единиците на локалната самоуправа.
Иако уште од 2001 постои ЗСИДСП, кој што ги пополнува овие "нерамнини", сепак Уставот е над ЗСИДСП и искусен правник може да ги искористи овие дупки за да изврти фактичка состојба.