Немири во Блискиот исток и Северна Африка

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Изгледа и либискиот диктатор Муамер ел Гадафи е многу засегнат. Гадафи изјави дека Тунис пател бидејќи народот пребргу сакал да го мавне поранешниот претседател Бен Али. “Тунис сега живее во страв...семејствата можат да бидат нападнати и убиени со своите спални соби, а граѓаните на улица’’, вели Гадафи.

Па прашува реторички:

“Зошто сево ова? Заради промена на Зине ал-Абидне? Нели тој самиот рече дека ќе се повлече за три години? Бидете трпеливи три години, а вашите синови ќе останат живи’’.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.236
Поени од реакции
84.233
Lol го гледав Гадафи кога ја даваше изјавава. Овој пат бркчињата му се ужасно смешни.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Чекај што им е проблемот на овие пак ли сакаат војни да направат едвај полека се отчепивме од тие гадни работи сеа пак а и мислам дека предходните влади што беа на овие држави (во случајот што народот е против нив моментално) се проевропски настроени не се замарат со тероризам , истиот строго го казнуваат, исламот е на исто рамниште со христијанството иако на пример во Египет има само 3-4 % христијани тие сепак ги имаат сите права а ако дојде друга влада па што ќе биде бе кланица како што знам сите опозициски партии во овие држави се бивши ратници пак ќе направат анти амарикански и антируски настројувања и пак војни бог да чува што му е на светот :toe:
 

@Lbaneso

Лаеш НЕ касаш !
Член од
19 ноември 2009
Мислења
2.425
Поени од реакции
798
Ова веќе мириса на ,, изгорено,,:toe:
 
L

Liberation

Гостин
Ја со нетрпение очекувам да видам Гадафи на каде ќе бега со шаторот.

--- надополнето ---



Најлошото што може да се случи сега во овие држави е на власт да дојдат религиски водачи...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.427
Поени од реакции
5.107
Ја со нетрпение очекувам да видам Гадафи на каде ќе бега со шаторот....
Јас се надевам дека нема да избега, дека ќе го фатат...

--- надополнето ---

Најлошото што може да се случи сега во овие држави е на власт да дојдат религиски водачи
Тоа би било многу полошо, дури и од диктаториве...
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Ја со нетрпение очекувам да видам Гадафи на каде ќе бега со шаторот.

--- надополнето ---



Најлошото што може да се случи сега во овие држави е на власт да дојдат религиски водачи...
А не.Тој има женско обезбедување.:nenene:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Како што при крајот на СССР марионетските режими почнаа да паѓаат немајќи веќе подршка од “големиот брат“ во Москва така и сега кучките на ЦИА низ светот ги оставаат на милост и немилост...можеби е знак на почеток на крајот на некои работи...овој пат Вашингтон...
 
L

Liberation

Гостин
On the average, 1 person dies every second as a result, either directly or indirectly, of hunger - 4000 every hour - 100 000 each day - 36 million each year - 58 % of all deaths.

А кај се овие да се самозапалат пред да умрат од глад?
Не би рекол дека цената на храната е причина за протестите.

Слобода бараат луѓето, промени, демократија...
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
ZeroHedge Многу добро праша кај е следното жариште ?

Да бидеме начисто, ниту шпекулација ниту махинација, ниту сушта ниту лошо време или лоша жетва - позади порастот на храната и енергијата е само една основна причина: премногу ликвидност, премногу пари во однос на стокови фондови.

Се друго се изговори, оправдувања, измислици или многу малку важни фактори во цените на енергенсите и храната.

Храната и енергијата се почеток на целава приказна, наскоро ќе видиме синдикати како бараат покачување на платите и тогаш ќе ја видиме вистинската сила на инфлацијата. Велика Британија, САД а ако не се свести и Европа ќе завршат во хиперинфлациони супер-депресии. Сево е базирано на една тотално погрешна доктрина што вика дека ако во една економија има Х стоки и У пари со зголемување на У ќе се зголеми Х. (инаку до погрешниот заклучок се иди поради што У е мерна единица на Х)



И излегоа овие од НБРМ или од ФЕД или од ЕЦБ и ќе речат инфлацијата за 2010 е 3% .... Ви се молам кажете ми што е толку ефтино што пораснало само 3% за да го купам! Не верувам дека има производ што пораснал 3%!.

Она што треба секој да направи е да си ја пресмета својата инфлација, т.е порастот на ценовното ниво за него. Наједоставно е да земеш и да ја поделиш платата по трошоци
Пример
10.000 плата
1.000 струја (1000/10000=0.1)
600 леб (600/10000=0,06)
5000 ден ХХХ (100/10000=0,5)
2.000 нафта (2000/10000=0,2)
итн итн.. Потоа ги множиш овие со процентуалниот пораст на цените, пример лебот 15%, значи 15х0.06 + 0,2х10 (нафта) + 0.5х10 итн итн.. На крајот добиваш вистинска инфлација.. Кладба на кило крв и око за мезе ако некој успее да си пресмета помалку од 7%-8%.


Протестите за хараната е јавуваат во земји во кои храната учествува со преку 50% во месечниот буџет. Такаречи сиромашни земји. И не само сиромашни, туку земји кои се увозно зависни посебно за житариците од САД и кои ги увезуваат во долари.. Нормално САД моменталнто произведува повеќе долари од житарици - за една од можеби најглупавите причини на светот- "дефлација" видлива само во цените на куќиите во САД кои се чист пример за уништување на капитал. Секако за да дојде до запирање на падот на цените на куќите цените на се друго мора да пораснат за куќите да останат пак на релативно ниски а номинално високи цени.

Значи принтањето може да менува режими, да прави самозапалувања, протести и убиства но неможе да создаде богатство или да поврати уништено богатство.

Во меѓувреме секако типците на ВолСтрит имаат 0% камати и неограничени суми долари да пумпаат во фјучерси и да профитираат од растот на цените на храната, додека луѓето во Африка и светот страдаат од високи цени на храната..


Ако некој треба да се запали, тоа е Бен Бернаке, за жал е далеку од Северна Африка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom