ZeroHedge Многу добро праша кај е следното жариште ?
Да бидеме начисто, ниту шпекулација ниту махинација, ниту сушта ниту лошо време или лоша жетва - позади порастот на храната и енергијата е само една основна причина: премногу ликвидност, премногу пари во однос на стокови фондови.
Се друго се изговори, оправдувања, измислици или многу малку важни фактори во цените на енергенсите и храната.
Храната и енергијата се почеток на целава приказна, наскоро ќе видиме синдикати како бараат покачување на платите и тогаш ќе ја видиме вистинската сила на инфлацијата. Велика Британија, САД а ако не се свести и Европа ќе завршат во хиперинфлациони супер-депресии. Сево е базирано на една тотално погрешна доктрина што вика дека ако во една економија има Х стоки и У пари со зголемување на У ќе се зголеми Х. (инаку до погрешниот заклучок се иди поради што У е мерна единица на Х)
И излегоа овие од НБРМ или од ФЕД или од ЕЦБ и ќе речат инфлацијата за 2010 е 3% .... Ви се молам кажете ми што е толку ефтино што пораснало само 3% за да го купам! Не верувам дека има производ што пораснал 3%!.
Она што треба секој да направи е да си ја пресмета својата инфлација, т.е порастот на ценовното ниво за него. Наједоставно е да земеш и да ја поделиш платата по трошоци
Пример
10.000 плата
1.000 струја (1000/10000=0.1)
600 леб (600/10000=0,06)
5000 ден ХХХ (100/10000=0,5)
2.000 нафта (2000/10000=0,2)
итн итн.. Потоа ги множиш овие со процентуалниот пораст на цените, пример лебот 15%, значи 15х0.06 + 0,2х10 (нафта) + 0.5х10 итн итн.. На крајот добиваш вистинска инфлација.. Кладба на кило крв и око за мезе ако некој успее да си пресмета помалку од 7%-8%.
Протестите за хараната е јавуваат во земји во кои храната учествува со преку 50% во месечниот буџет. Такаречи сиромашни земји. И не само сиромашни, туку земји кои се увозно зависни посебно за житариците од САД и кои ги увезуваат во долари.. Нормално САД моменталнто произведува повеќе долари од житарици - за една од можеби најглупавите причини на светот- "дефлација" видлива само во цените на куќиите во САД кои се чист пример за уништување на капитал. Секако за да дојде до запирање на падот на цените на куќите цените на се друго мора да пораснат за куќите да останат пак на релативно ниски а номинално високи цени.
Значи принтањето може да менува режими, да прави самозапалувања, протести и убиства но неможе да создаде богатство или да поврати уништено богатство.
Во меѓувреме секако типците на ВолСтрит имаат 0% камати и неограничени суми долари да пумпаат во фјучерси и да профитираат од растот на цените на храната, додека луѓето во Африка и светот страдаат од високи цени на храната..
Ако некој треба да се запали, тоа е Бен Бернаке, за жал е далеку од Северна Африка.