[His films] mean different things to different people. Some mean more or less the same things to a large number of people. It's okay. Just as long as there's not one message, spoon-fed. That's what films by committee end up being, and it's a real bummer to me . . . Life is very, very complicated, and so films should be allowed to be, too. - David LynchЈа се почувствував како дебил кога го гледав Мулхоланд Драјв.Многу тежок филм.Кој го разбрал,алал да му е
"Bugi covekot" po mene e sovesta na Diane ili alter ego mozi da se kazi......po mene stariot par se Adam i Kamila ( zaprimeti go sarkasticnoto smeenje na stariot par vo kolata na pocetokot i [potoa sarkasticnoto smenje na Adam i Kamila na zabavata )..tuka e povrzano i so nesmasniot ubiec..toj e platen da ja ubie Kamila,ama mislam deka go ubiva i Adam(zatoa so e prikazan kako nesmasen)....se vrakame kaj Bugi covekot....na krajot koga ja stava plavat kutija vo kesata izleguva stariot par i odat kaj Diane i taa se ubiva( tuka moja interpretacija e deka ja jade sovesta , a stariot par e nesto kako duhovi od minatoto - Adam i Kamila)Да се придружам и јас на дискусијава. Не сум голем фан на Линч, имам изгледано едвај 2-3 негови филмови, плус серијата Твин Пикс, но поради тоа што е често предмет на дискусии и за да му направам чест на џимеј седнав да го изгледам филмов. Ме бендиса, поради тоа што во текот на целиот филм е доловена една надреална атмосфера, некакво зло кое демнее и ти се чини дека секој момент ќе се истури од некаде. Тензијата владее во филмов, цело време бев напнат додека го гледав. Оние кои се стремат да снимаат филмови за соништа, фантазии, алт-реалности итн... треба да погледнат како се прави тоа, пред да се избламираат.
На сцената зад ресторанот кога типот доби инфаркт, ќе се задавев со стоби флипс. Вери шокинг. Ме бендисаа и надреално смешните сцени со смотаниот убиец (наш Џејкоб од Лост) и режисерот што ја наоѓа жена му со друг, двете се урнебес. Неверојатно е како можеш да уфрлиш две такви сцени а филмот и понатаму да остане ладно-сериозен.
Што се однесува до содржината, еден дел од филмот е сон, а еден дел е реалност, со тоа што реалниот дел кое е во суштина почеток на приказната е префрлен на крајот како објаснување и затоа лесно може да се загуби компасот. Сега пошто многу се менуваа имиња во филмов, ќе ги користам имињата на актерките, Наоми и Лора, за да не направам збрка.
Наоми е очигледно лоша актерка која доаѓа во L.A. да направи кариера, но не ја добива посакуваната улога која и припаѓа на Лора. Наоми е вљубена во Лора која и наоѓа разни ситни улоги во нејзините филмови. Но кога Наоми ќе дознае дека Лора е во врска со режисерот на филмот, полудува од љубомора и го наоѓа наш Џејкоб на кој му плаќа да ја убие Лора. Откако ќе се случи тоа, Наоми го губи разумот комплетно и си создава свој свет во кој Лора е сеуште жива и тие се заедно. Во тој свет, Наоми е врвна актерка, убиецот е несмасен, Лора е фина личност иако во реалноста, she's a bitch. Освестувањето доаѓа по сцената во театарот, после што Наоми се враќа во реалноста, и прогонувана од тоа што го направила, си го одзема животот.
Сега, некој да ми каже што беше тоа со буги-човекот зад ресторанот и со каубојот (ако ме послушаш ќе ме видиш уште еднаш, ако не ќе ме видиш уште два пати ) или да не се мачам да прашувам?
А, заборавив: бел бумбар
Ако ме прашуваш мене, лоша финта...( Џими прости ми за постов):smir:И никој не сфаќа некои личности од филмот зашто се појавуваат, можеби ни Lynch не знаел што прави, онака си уфрлал ликови во филмот, па публиката ќе го тумачи зашто ги уфрлил ликовите и ете ти добар филм за одреден дел од публиката.
Добра финта
Затоа реков „за одреден дел(Џими хахаха) од публиката“.Ако ме прашуваш мене, лоша финта...( Џими прости ми за постов):smir:
Еве и зошто. Филмов е стар едно десетина година, а содржи приказна која никој уште не ја разјаснил до крај. Полна е со прашања од типот, абе а кој беше овој, што бара оној. А на крај краева ликовите немаат некоја си логика, како да се рендом појави кои на блиц се појавуваат. На нерви ми оди, тој став на режисерот дека филмот е препуштен на фантазијата на гледачот, и дека тој е тој кој што треба да пресуди. И ајде тоа да му го земам како добар став, само што не видов ниту една критика во која на некој му е се јасно.
Пак ќе си го повторам ставот, за мене добар режисер е оној кој што си игра со гледачот за цело времетраење на филмот, ама на крај му го дава решението кое овој не го очекувал ни на крај памет. А вака мислам дека и Аронофски може да направи ваков филм, има осет за детали, камера и атмосфера ќе земе некоја психо приказна и ќе набаци блиц ликови, па оди ти најди ми го крајот на филмот.
Фала за спојлерот!Добро, овде е јасно во суштина околу приказната што се случуваше, не е јасно што бараат некои ликови во филмот но мислам дека со оглед на тоа дека 80% од филмот е сон или фантазија, тие ликови се едноставно дел од фантазијата и нивно единствено значење е да ни доловат чувство дека се работи за нешто нереално, за фантазија... Зошто ако ги извадиш каубоецот, буги човекот и сцената со театарот, филмот ќе личи на сон колку што личеше Инсепшн на сон...
Па така може да стигнеме до тоа дека приказната уопште не е битна, зашто ако се живо е фантазија тогаш ти останува да гледаш само слики, а не приказна која треба да ја следиш.Добро, овде е јасно во суштина околу приказната што се случуваше, не е јасно што бараат некои ликови во филмот но мислам дека со оглед на тоа дека 80% од филмот е сон или фантазија, тие ликови се едноставно дел од фантазијата и нивно единствено значење е да ни доловат чувство дека се работи за нешто нереално, за фантазија... Зошто ако ги извадиш каубоецот, буги човекот и сцената со театарот, филмот ќе личи на сон колку што личеше Инсепшн на сон...
Е не ќе те чекам 100 години да го изгледашФала за спојлерот!
Aw yeah. Мене пак напротив ми се пријатни неговите филмови. И така не ми смета да го гледам повторно и повторно било кој негов филм.Со металхамер исто зборевме пред некој ден за ова, и он кажа: Линч почнува филм, не го завршува. Као демек ти остава тебе да го тумачиш. Е да бе, немам јас попаметна работа, ќе тумачам сценарио кое нема некоја длабока поента, нешто шо ќе те остави со месеци под импресии, така да ...... .you get my point.