DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Ја се почувствував како дебил кога го гледав Мулхоланд Драјв.Многу тежок филм.Кој го разбрал,алал да му е
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Да се придружам и јас на дискусијава. Не сум голем фан на Линч, имам изгледано едвај 2-3 негови филмови, плус серијата Твин Пикс, но поради тоа што е често предмет на дискусии и за да му направам чест на џимеј :) седнав да го изгледам филмов. Ме бендиса, поради тоа што во текот на целиот филм е доловена една надреална атмосфера, некакво зло кое демнее и ти се чини дека секој момент ќе се истури од некаде. Тензијата владее во филмов, цело време бев напнат додека го гледав. Оние кои се стремат да снимаат филмови за соништа, фантазии, алт-реалности итн... треба да погледнат како се прави тоа, пред да се избламираат.

На сцената зад ресторанот кога типот доби инфаркт, ќе се задавев со стоби флипс. Вери шокинг. Ме бендисаа и надреално смешните сцени со смотаниот убиец (наш Џејкоб од Лост) и режисерот што ја наоѓа жена му со друг, двете се урнебес. Неверојатно е како можеш да уфрлиш две такви сцени а филмот и понатаму да остане ладно-сериозен.

Што се однесува до содржината, еден дел од филмот е сон, а еден дел е реалност, со тоа што реалниот дел кое е во суштина почеток на приказната е префрлен на крајот како објаснување и затоа лесно може да се загуби компасот. Сега пошто многу се менуваа имиња во филмов, ќе ги користам имињата на актерките, Наоми и Лора, за да не направам збрка.

Наоми е очигледно лоша актерка која доаѓа во L.A. да направи кариера, но не ја добива посакуваната улога која и припаѓа на Лора. Наоми е вљубена во Лора која и наоѓа разни ситни улоги во нејзините филмови. Но кога Наоми ќе дознае дека Лора е во врска со режисерот на филмот, полудува од љубомора и го наоѓа наш Џејкоб на кој му плаќа да ја убие Лора. Откако ќе се случи тоа, Наоми го губи разумот комплетно и си создава свој свет во кој Лора е сеуште жива и тие се заедно. Во тој свет, Наоми е врвна актерка, убиецот е несмасен, Лора е фина личност иако во реалноста, she's a bitch. Освестувањето доаѓа по сцената во театарот, после што Наоми се враќа во реалноста, и прогонувана од тоа што го направила, си го одзема животот.

Сега, некој да ми каже што беше тоа со буги-човекот зад ресторанот и со каубојот (ако ме послушаш ќе ме видиш уште еднаш, ако не ќе ме видиш уште два пати :) ) или да не се мачам да прашувам? :)

А, заборавив: бел бумбар :)
 
Член од
2 февруари 2011
Мислења
26
Поени од реакции
5
Ја се почувствував како дебил кога го гледав Мулхоланд Драјв.Многу тежок филм.Кој го разбрал,алал да му е
[His films] mean different things to different people. Some mean more or less the same things to a large number of people. It's okay. Just as long as there's not one message, spoon-fed. That's what films by committee end up being, and it's a real bummer to me . . . Life is very, very complicated, and so films should be allowed to be, too. - David Lynch

--- надополнето ---

Да се придружам и јас на дискусијава. Не сум голем фан на Линч, имам изгледано едвај 2-3 негови филмови, плус серијата Твин Пикс, но поради тоа што е често предмет на дискусии и за да му направам чест на џимеј :) седнав да го изгледам филмов. Ме бендиса, поради тоа што во текот на целиот филм е доловена една надреална атмосфера, некакво зло кое демнее и ти се чини дека секој момент ќе се истури од некаде. Тензијата владее во филмов, цело време бев напнат додека го гледав. Оние кои се стремат да снимаат филмови за соништа, фантазии, алт-реалности итн... треба да погледнат како се прави тоа, пред да се избламираат.

На сцената зад ресторанот кога типот доби инфаркт, ќе се задавев со стоби флипс. Вери шокинг. Ме бендисаа и надреално смешните сцени со смотаниот убиец (наш Џејкоб од Лост) и режисерот што ја наоѓа жена му со друг, двете се урнебес. Неверојатно е како можеш да уфрлиш две такви сцени а филмот и понатаму да остане ладно-сериозен.

Што се однесува до содржината, еден дел од филмот е сон, а еден дел е реалност, со тоа што реалниот дел кое е во суштина почеток на приказната е префрлен на крајот како објаснување и затоа лесно може да се загуби компасот. Сега пошто многу се менуваа имиња во филмов, ќе ги користам имињата на актерките, Наоми и Лора, за да не направам збрка.

Наоми е очигледно лоша актерка која доаѓа во L.A. да направи кариера, но не ја добива посакуваната улога која и припаѓа на Лора. Наоми е вљубена во Лора која и наоѓа разни ситни улоги во нејзините филмови. Но кога Наоми ќе дознае дека Лора е во врска со режисерот на филмот, полудува од љубомора и го наоѓа наш Џејкоб на кој му плаќа да ја убие Лора. Откако ќе се случи тоа, Наоми го губи разумот комплетно и си создава свој свет во кој Лора е сеуште жива и тие се заедно. Во тој свет, Наоми е врвна актерка, убиецот е несмасен, Лора е фина личност иако во реалноста, she's a bitch. Освестувањето доаѓа по сцената во театарот, после што Наоми се враќа во реалноста, и прогонувана од тоа што го направила, си го одзема животот.

Сега, некој да ми каже што беше тоа со буги-човекот зад ресторанот и со каубојот (ако ме послушаш ќе ме видиш уште еднаш, ако не ќе ме видиш уште два пати :) ) или да не се мачам да прашувам? :)

А, заборавив: бел бумбар :)
"Bugi covekot" po mene e sovesta na Diane ili alter ego mozi da se kazi......po mene stariot par se Adam i Kamila ( zaprimeti go sarkasticnoto smeenje na stariot par vo kolata na pocetokot i [potoa sarkasticnoto smenje na Adam i Kamila na zabavata )..tuka e povrzano i so nesmasniot ubiec..toj e platen da ja ubie Kamila,ama mislam deka go ubiva i Adam(zatoa so e prikazan kako nesmasen)....se vrakame kaj Bugi covekot....na krajot koga ja stava plavat kutija vo kesata izleguva stariot par i odat kaj Diane i taa se ubiva( tuka moja interpretacija e deka ja jade sovesta , a stariot par e nesto kako duhovi od minatoto - Adam i Kamila)
a za Kaubojot ..toj se pojavuva ednas vo sonot so Adam kade sto mu kazuva : "Now you will see me one more time, if you do good. You will see me, two more times, if you do bad." E sega posle toa go gledame Kaubojot ednas kade sto ja razbudva Diane i uste ednas go gledame na zabavata ,no vo dvata slucai toj se pojavuva pred Diane , a isto taka fakticki toj se pojavuva samo ednas posle sonot,zatoa sto pojavuvanjeto na zabavata se slucuva pred sonot..
Moram da kazam za Lynch deka filmovite gi pravi mnogu dvosmisleni..i stotuku mislis si go svatil dejstvoto,naogas nekoj lapsus kioj te vraka pak na pocetok...

Ne go svakaj moeto interpretiranje kako konecno,zatoa dosega nigde ne e kazana konecna interpretacija na filmov...ama kef mi e so go bendisa ,zatoa sto Lynch e najunikatniot reziser...tesko nekoj da go zameni....za mene najdobar
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
И никој не сфаќа некои личности од филмот зашто се појавуваат, можеби ни Lynch не знаел што прави, онака си уфрлал ликови во филмот, па публиката ќе го тумачи зашто ги уфрлил ликовите и ете ти добар филм за одреден дел од публиката.
Добра финта :)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740

Ако ме прашуваш мене, лоша финта...:)( Џими прости ми за постов):smir:
Еве и зошто. Филмов е стар едно десетина година, а содржи приказна која никој уште не ја разјаснил до крај. Полна е со прашања од типот, абе а кој беше овој, што бара оној. А на крај краева ликовите немаат некоја си логика, како да се рендом појави кои на блиц се појавуваат. На нерви ми оди, тој став на режисерот дека филмот е препуштен на фантазијата на гледачот, и дека тој е тој кој што треба да пресуди. И ајде тоа да му го земам како добар став, само што не видов ниту една критика во која на некој му е се јасно.
Пак ќе си го повторам ставот, за мене добар режисер е оној кој што си игра со гледачот за цело времетраење на филмот, ама на крај му го дава решението кое овој не го очекувал ни на крај памет. А вака мислам дека и Аронофски може да направи ваков филм, има осет за детали, камера и атмосфера ќе земе некоја психо приказна и ќе набаци блиц ликови, па оди ти најди ми го крајот на филмот.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Добро, овде е јасно во суштина околу приказната што се случуваше, не е јасно што бараат некои ликови во филмот но мислам дека со оглед на тоа дека 80% од филмот е сон или фантазија, тие ликови се едноставно дел од фантазијата и нивно единствено значење е да ни доловат чувство дека се работи за нешто нереално, за фантазија... Зошто ако ги извадиш каубоецот, буги човекот и сцената со театарот, филмот ќе личи на сон колку што личеше Инсепшн на сон...
 
Затоа реков „за одреден дел(Џими хахаха) од публиката“.

Добро, овде е јасно во суштина околу приказната што се случуваше, не е јасно што бараат некои ликови во филмот но мислам дека со оглед на тоа дека 80% од филмот е сон или фантазија, тие ликови се едноставно дел од фантазијата и нивно единствено значење е да ни доловат чувство дека се работи за нешто нереално, за фантазија... Зошто ако ги извадиш каубоецот, буги човекот и сцената со театарот, филмот ќе личи на сон колку што личеше Инсепшн на сон...
Фала за спојлерот!
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Добро, овде е јасно во суштина околу приказната што се случуваше, не е јасно што бараат некои ликови во филмот но мислам дека со оглед на тоа дека 80% од филмот е сон или фантазија, тие ликови се едноставно дел од фантазијата и нивно единствено значење е да ни доловат чувство дека се работи за нешто нереално, за фантазија... Зошто ако ги извадиш каубоецот, буги човекот и сцената со театарот, филмот ќе личи на сон колку што личеше Инсепшн на сон...
Па така може да стигнеме до тоа дека приказната уопште не е битна, зашто ако се живо е фантазија тогаш ти останува да гледаш само слики, а не приказна која треба да ја следиш.
Еве на пример Fight Club, има голема доза на нереалност, ама приказната можеш да ја следиш, а крајот ти кажува што е штосот. Овде народе ова е сон, фантазија, терај. Еве и Имагинариумот на доктор Парнасиус е полн со фантазија, ама приказната е прекрасна и јасна.
Треба во темава да го ставиме Ванила Скај за дебата, и тој има чудесна приказна за која може да продебатираме, ама која е каде каде појасна од оваа на Линч.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.154
Поени од реакции
30.279
А зошто Дајан го гледа каубоецот додека е на вечера со режисерот и Камила?
Сметајќи дека тоа е реалноста, можеби он бил некаква претстава на некој човек со некаква моќ во сонот?
 
I

Intex

Гостин
Рокенрола, Господ да те благослови.

Кажав еднаш, ќе пишам пак: од аспект на режирање, филмот е чиста десетка, од аспект на сценарио, пропала инвестиција. Набациш рандом ликови кои немаат ама баш никаква позадина, никакво објаснување за нив, и готово.
Со металхамер исто зборевме пред некој ден за ова, и он кажа: Линч почнува филм, не го завршува. Као демек ти остава тебе да го тумачиш. Е да бе, немам јас попаметна работа, ќе тумачам сценарио кое нема некоја длабока поента, нешто шо ќе те остави со месеци под импресии, така да ...... .you get my point.:)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Тежки се на Линч за гледање не викам не, ама па и не треба толку многу да тумачите :) Барем не додека трае филмот. Истото го пишав и за Mr.Nobody, ако за време на филмот се мачиш да ги измозгаш работите, ќе ти отиде филингот од истиот, нема да ја почуствуваш атмосферата. Кај Линч владее напнатоста и надреалното и тоа е она што треба да се доживее. Повеќето работи остануваат неразјаснети и секогаш има повеќе толкувања, но барем знаеме како ќе биде :)

И понатаму, не сум фан на Линч, но го разбирам концептот и начинот на кој ги прави филмовите така да не ме изненадува.
 
T

Tetro

Гостин
Со металхамер исто зборевме пред некој ден за ова, и он кажа: Линч почнува филм, не го завршува. Као демек ти остава тебе да го тумачиш. Е да бе, немам јас попаметна работа, ќе тумачам сценарио кое нема некоја длабока поента, нешто шо ќе те остави со месеци под импресии, така да ...... .you get my point.:)
Aw yeah. Мене пак напротив ми се пријатни неговите филмови. И така не ми смета да го гледам повторно и повторно било кој негов филм. :)
Не би сакал да го коментирам Mulholland Dr. одамна ми е гледан.

Извинете за испадов, со малце празен пост. :kesa:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom