Сакате ли да го снема Фејсбукот?

Дали сакате да го снема фејсбукот?


  • Вкупно гласачи
    192

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Ајде народе да видиме шо мислите. Инспириран сум од темата дека ке го снемало ФБ на 15ти... ја би да го снема и порано и ич да не се враќа во иднина!!! Уште одма нека го укинат!!! само мора да признаам ке ми биде жал за дарк кинг пошо ептен е зависен од фејзуков :) :) :) Нели ДаркКинг??

П.С ке ве замолам објаснете подоле зашто сакате/несакате да го има фејсбуков?



Модераторорот на ЧДА ако мисли дека треба да се спои темава со таа околу исчезнувањево нека го стори тоа!
 
Член од
29 јануари 2008
Мислења
821
Поени од реакции
410
а да отворевте уште 5-6 теми за една лажна вест со која медиумите сакат да привлечат јавност...
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Значи вака...на кого не му се допаѓа Фејсбук нека не отвара профил и нека не го користи! Многу ме нервираат сите што се жалат дека тој кој има ФБ нема живот, дека е срање итн.
Иако мислам дека е лажна оваа вест, не би сакала да го укинат од проста причина-потребен ми е. Во контакт сум со многу пријатели од Америка, Италија, со фамилија од Австралија и сакам да сум во тек со тоа што им се случува преку сликите што ги постираат и сл. а и заштедувам кредит кога разговарам со друштво и се договарам за излегување.
И уште нешто-не значи ако не сакам да се укине ФБ дека си мислам "леле што ќе правам после???"...ништо, ако се укине-живот иде даље.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Анкетава е неубаво поставена.
ФБ не треба да се укине, не сме зависници од хероин па сега такви некои потези, кој не сака нека не го користи и точка.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Арен е Facebook-от, ги оттргнува луѓето од глупирања а и мало информатичко образование за 40+ годишните не е лоша работа!
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.401
Поени од реакции
5.953
Не сакам да го снема, ама не гласав оти со многу екстремни опции е поставена анкетата.
Кој за какви намени го користи тоа си е негова работа, мене ми е доста корисен и сум дознала информации, преку него сум се договарала за многу работи и сл. Во пријатели имам само луѓе што ги познавам, не се замарам со тоа кој како се лигавел, дали барал лајк и што поставил на ѕид. Не дека ќе ми смени нешто многу во животот ама ми ги олеснува работите, подостапни ми се, дознавам резултати од колоквиуми, комуницирам со луѓе со кои не би комуницирала кога би немале профили итн. Не ми смета. :)
 

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
^ Токму така. Воопшто не и чинат опцииве на анкетава. Има луѓе на кои ФБ многу им е многу корисен. Значи дефинитивно не мора да значи дека ФБ е само губење време, бесцелно четување, ставање лајкови и коментари и слично. Немаат сите 3000+ пријатели кои ги аднале само за да имаат што повеќе лајкови на слика, линк или незнам што друго....Многу ми корисен и си аднувам во пријатели само луѓе кои што ги познавам, многупати сум се информирал од ФБ, сум се договарал за излегување итн. Така да моето мислење е дека ФБ е повеќе корисен отколку што е штетен(добро сеа за себе си зборувам) и јас лично не би сакал да се укине(ако воопшто има некаква смисла ова "укинување").
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.766
Поени од реакции
12.117
Сакаат да го снема баш оние на кои им претставува проблем па се обидуваат нивниот проблем да им го препишат на сите останати, тоа отсекогаш било така во многу сфети и така ќе остане.

Не бидете опседнати со Фејсбук деца мили, проблемот не е надворешен, внатрешан е....нели она како беше...право на избор :)
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
мене од една страна ме нервира, од една не.
ме нервира тоа што почнаа многу глупости да се пишуваат, луѓето станаа питачи за лајк или коментар, се натпреватуваат кој има повеќе лајкови, какви групи се отвараат не сакам да коментирам, децата воопшто не излегуваат надвор на чист воздух да се растрчаат, млади се помалу има низ кафулињата ( а кај се???...па на фб ) и уште многу многу други работи....
а од друга страна ми е ок зашто контактирам со некои роднини и пријатели што ги имам во странство. друго е да се слушнеш на телефон еднаш во 3 недели, друго е секој втор ден да се допишуваш. покрај овие во странство, можеш да најдеш некој постар пријател. порано многу си се дружел ама потоа сте изгубиле контакт и ете ти го фб на помош.....
затоа не знам, во дилема сум.....не гласам :icon_eek:
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.581
Поени од реакции
2.572
Одбрав не, не дека сум заразен од фб, или шотиезнам таму, туку има некој работи што стварно се многу корисни. Пример, ако не е она креирање на ивент, че треба пак ко до пред некоја година, плакати па ова па она. Вака сеа, креираш ивент, и 5000 души знаат што ќе има. Зборувам, пример за кафич...
 
M

MacedoniaGirl

Гостин
1. Ова е лажна, глупава вест.
2. Несакам да го снема фејсбук.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.099
Аман бе луѓе ако ви одговара користете го, ако не немора и што го тупите цело време безвеза...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Денес е ин да одиш контра светот. Фејсбук да го снема. Оф леле комплекси и болести ли се што ли се. Језда е веста од рангот на М Експрес, убаво е да се произнесеме за и против.
Тој што сака да го снема Фејсбук, а има профил го жалам. Директно на лекар оти пати од мултиплекс личност. Тој што сака да го снема, а нема профил не знам зошто би му семтал, кога и да сака, не може да види што се случува.
Настрана сите будалетинки кои го користат ФБ, за да стават провокативни слики, да споделат некоја ултра квази мисла, има луѓе ( у кои спаѓам јас) кои го користат за да комуницираат со пријатели, роднини и колеги. До пред ФБ многу контакти се губеа, сега сите ти се на дланка. Башка ако го користите здраво ФБ е и забавен. Се е до тоа како го разбирате и за што го користите. Како бе јас не се жалам од моиве ФБ пријатели, нема молење за лајкови, патетични статуси итн. Туку се е до луѓето....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom