Македонски избор за Евровизија 2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Bibo
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ххахахахах пола саат се смеам од коментариве тука и на Твитер. Песната иначе е катастрофа, шо мислевте дека ќе се добиее од Џеј Џеј+Слаткар+Копров. Најјак момент: коа ги делеа цедињата. Сакам и јаааааааас хахааха. Оффсајт беа најарни според мене.
 
Добро бе знaм Влaтко немa глaс aмa Офсajд добри? Come on... немaше ништо посебно.

Здрaвjе...му посaкувaм среќa нa Влaтко.
 
Кој знае што му се врти низ глава: Конечно победив, цркнете идам за Германија!

Многу е убаво сега си мисли ќе оди за Германија, ама за еден месец ќе го видиш по телевизиите како се моли да му дадат пари тоалетна да си купи за во Германија, тоа е проклетството од Евровизија, сите сакаат да одат ама никој пари не им дава.
 
Офсајд беа супер група порано, ама одкако на малиов милан-коса почна да си замишља дека е секс симбол почна да снимаат лоши песни а и настапиве не им се за фалење.
 
Со еден збор БРУКА...како за МТВ така и за Република Македонија.....песните и изведувачите нема да ги коментирам...но од организациски и технички аспект овој фестивал беше КАТАСТРОФА

...ЛОШ ЗВУК, НИКАКВА СИНХРОНИЗАЦИЈА меѓу режијата, техниката и водителите...реклами кои одат преку половина екран...водителки кои се бараат меѓу себе во некоја си зелена соба и го делат и тегнат микрофонот....во седумдесетите години...со никаква опрема МТВ (тогаш Радио Телевизија Скопје) подобро и многу многу поорганизирано ги покриваа фестивалите и останатите настани

и уште нешто...за време на целиот пренос во горниот лев агол стоеше најава (реклама) за Оскар....ОД КОГА и ЗА КОЈ К*Р ...оскарот е од национален интерес и до кога ѓе собираат пари за радиодифузна такса за морони кој не си ја вршат својата работа

не е се до парите...на овие и целиот државен буџет да им го дадеш пак ништо

СРАМОТА
 
Во глобала...цел избор за песна на евровизија, почнувајќи од организацијата па се до песните беше катастрофа. (за тие што пропуштиле да гледаат,им препорачувам да не ја гледаат репризата затоа што само ќе си изгубат драгоцено време).
Значи една саглам песна да се немало бре! Како доаѓа секоја наредна година,све полоши и полоши сме.
Меѓутоа,оваа година не ни осетив разочарување како лани кога победи „рибата“,затоа што веќе однапред можевме да го препознаеме победникот уште пред да бидат соопштени гласовите.Логиката наведуваше дека треба да победи Влатко Илиевски,затоа што само тој беше „фаца“ меѓу сите пејачи таму,иако песната не му беше нешто нај-нај.
Како и секоја година,тука беше и катастрофалното озвучување изразено преку невидена фонија и катастрофален квалитет на звукот со шум (тешко на тој што ја зголемил јачината на звукот на својот тв-приемник),имавме и водители кои немаа појма од водење на таква „манифестација“ (особено водителката,на која секој втор збор и беше грешка),квалитетот на сликата беше и под просекот!
Ако бидеме искрени,и ако имаме добар вид....сите ќе кажеме дека ова беше еден голем FAIL и циркус како и секоја година.
Македонски избор за песна на евровизија одамна не е манифестација,туку само еден обичен циркус. Со оглед на тоа...требаше да победи „кикирику“,која што беше нај -FAIL песна на вечерта дефинитивно.
Бидејќи во Европа се бара циркус,а не сериозна песна како и секоја година...кикирику требаше да победи и да оди за Германија,каде ќе ја претстави нашата земја во вистинско светло како што ние ја видовме синоќа на изборот за песна на евровизија. (врв на дебилитетот).
Сето она синоќа беше навистина жално и патетично,не сакам дури ни да се присетувам што беше.
Мој тип е дека нема ни да влеземе во финале,и дека Влатче ќе мора да си ги спакува куферите уште веднаш.
Единственото нешто на што се надевам дека нема да биде Fail е дека Влатко ќе знае англиски,и ќе може да ги одговори оние прашања таму од новинарите за деца од 2ро одделение на кои лани рибата неможеше да одговори.
Јас ќе се поштедам себе си и нема да гледам евровизија! Најразумно би било и веќе да се откажеме од тоа срање и да престанеме да фрламе пари секоја година кога се знае дека никогаш нема да победиме затоа што дури и таа европска „манифестација“ се мести.
Толку од мене!
 
Јас мислам дека целиот настан е одраз на Македонија. Како во огледало да се гледаше земјата,ние сме 100 години назад,само прифатете ја вистината и полесно ќе биде.
Барем се изнасмеав од се срце, воедно и за мене си се смеев како Македонка.
 
epa zatoa posto sve bese odraz na Mkd trebase da ide agresorot so kikuriku poso tamu ke im bevme moze zanimljivi ionaka sega na svoj rachun ke se kotiravme negde ali sea poso pobedivme ovde so taa so pobedi tamu nisto....
 
Јаооо... :tapp:


Најдете ги грешките во видеото, почнувајќи од „позната фаца гледаме“ и „ние ќе се спуштиме, нема проблем“... ;)

пс. kalinka maja.JPG

ппс. се наоѓа ли некоја добра душа да ја сними евровизијата коа ќе иде реприза, сакам да си ја надополнам колекцијата комедии од македонско поднебје. ;)
 
Катастрофа... полека но сигурно се откажувам од македонскава сцена, не дека слушам македонска поп музика ама барем ги почитував
колку/ толку, сега ни тоа... жалосно :kesa:
 
Банана Република...Рок Агресори FTW!!!
 
Овој со истиот микрофон победи од лани ? Му држел среќа хах..И како може бе во жири да биде Коле Чашуле бе нцнцнц..Катастрофичка сме
 
Офсајд беа супер група порано, ама одкако на малиов милан-коса почна да си замишља дека е секс симбол почна да снимаат лоши песни а и настапиве не им се за фалење.
ок се офсајд, тие двајца што пееја природни инструменти им се микрофон и тапани иначе мислам дека се во договор и свират со Влатко Лозаноски!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom