Ова било ендемски вид!
Еве ја најновата теве колумна,
http://www.abctv.mk/aaaa/AB KANAL/stranici/CLUBin.html а еве го и текстот на другарка ми, што е прочитан уредно.
I BLAME ALCOHOL !
by
Barbie Ivana Naskova <3 NOTES <3 on Friday, September 3, 2010 at 7:10pm
Алкохолот навистина е штетен за здравјето!Не само што не е добар за телото,му штети и на паметот и тоа со денови после пиењето,истотака многу е штетен за луѓето кој после твоите два/три long island ќе се најдат во твоја близина!Јас лично го обвинувам алкохолот...го обвиинувам за сите работи што му ги кажав,за сите прегратки,бакнежи,за се она што можам да се сетам,зошто има доста и што не можам да се сетам...може и подобро оти кога би се сетила не само што би го обвинила алкохолот туку и ќе го тужам!Го обвинувам и што цел ден денес по улица луѓето мислат дека сум луда...зошто ќе направам чекор два и ќе ми текне некој сегмент од вечерта и ќе си кажам гласно „Ти си луда!“ после ќе си ја фатам главата дел да спречам да не ми експолодира дел од нервоза затоа што алкохолт ме нервира односно последиците од него...ќе поодам уште малку и ќе ми текне на уште нешто па ќе почнам да се смеам,штета што не ми текнува се инаку имало сигурно уште посмешни моменти ако не и потрагични!И така цел ден си шетам и го обвинувам алкохолот!
А најлошиот дел е што него го нема никаде...ниту да се јави,ниту да се појави...не алкохолот,личноста што беше во моја близина додека алкохолот ме заведуваше....и го нема,сега има две опции или од памет сум го извадила или и тој цел ден дома е кома и исто како мене го обвинува алкохолот.
И делот што ме јаде,отвараш facebook порака и се стресуваш ако е од него што ли напишал „Подитно да одиш на рехабилитација“ или „Си поминав убаво“ ... не е од него праката,ништо,ама сега пак ти е пусто,зошто цел ден не пишал?!Телефонот ѕвони,мора да е он,леле како да кренам што да кажам,да се правам на два ипол или да се смеам?!Не е тој,цимерката е,се жалела комшиката сум пеела вчера во 3 саат во влез...добро,ама пак ти е тешко,не заради комшиката ќе и кажам нејзе алкохолот беше крив,туку зошто овој не се јавил цел ден!
И овде е на ред клишето кога си викаш никогаш повеќе нема да пиеш (исто како од утре сум на диета или од утре ќе учам или рано ќе си легнувам) и нема врска зошто пак за се ќе биде крив алкохолот...јас не...мене со нож под грло ме натераа да пијам!!Сигурно и вас?Нели?