Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.412
- Поени од реакции
- 6.017
Пред ден-два си седам јас опуштено пред ТВ и гледам АБ Канал, интересна емисија, добри репортажи, добри ставови, сфаќања за современиот свет и нешта што го засегаат современиот човек...
Но ова би била прекрасна идила се додека не налетав на ТВ репортажа за која беше речено дека е напишана од една наша новинарка, колумнистка. Пазете, колумнистка! Се работи за репортажа на тема: Влијанието на турбофолкот во Македонија.
И ја ислушувам јас докрај, ми се виде интересно и почнав да коментирам за тоа колку типкава е во право. Па ми текна дека на кајгана нашиот модератор имаше отворено слична ваква тема и отворам тука. Темата е отворена уште на 7 јуни, 2010 година и имаше интересна дискусија за тоа како турбофолкот влијае на театарот, па сакав да се потсетам и прочитав неколку мислења, најпрво воведното па стигнав и до моето.
И? Погледнете го , прочитајте ги постовите на Стар Почетник и мојот пост. Па можеби забележувате некои сличности?
Од збор до збор украдени реченици, сосема малку нашминкани, но доволно за да си ги препознаам сопствените зборови од пред неколку месеци.
Ако натака тера македонското новинарство и македонските телевизии не знам зошто воопшто се трудиме да зборуваме за морал. Малку е апсурдно? Не, многу е иронично!