Бадников оган/Коледе леде

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Јас на пример, да кажеме повеќе не славам христијански празници кои всушност имаат паганска позадина.

Како дете ми било интересно поради традицијата пред се (посебно коледарските песни и скокањето на огнот - 3 пати кое симблозизира истерување на злите духови), а сега ми е интересно зошто луѓето се прават г'з од вино и ракија и слушам смешки (надмудрување од политички - општествено - историски карактер) и поради добрата скара која моментало ја лапнав и пивото кое го испив.

Мада таму 500 - те или незнам ти колку ( и не е битно мислам) кубици дрва можевте да ги дадете на сиромашните кои немаат греење (во духот на христијанството) и можевте да поминете една убава скромна вечер со вашите најсакани и фамилјата покрај скромен оган и трпеза и да бидете со полно срце поради вашиот хуман гест.

Овој празник се повеќе станува кичерај и затоа мојата свест повеќе не го перципира и почитува како порано.

Пис !
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Што има врска ако Бадник има паганска позадина?Јас го славам и баш ми е мило што преку христијанството сме ги зачувале традициите и обичаите на нашите словенски предци.Слава им!
Slawa!
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Јас сум од Прилеп и мислам дека тоа место е едно од местата во Македонија каде најмногу се почитуваат овие празници и си обичаите се оди во крајност што некогаш и ме нервирало. Ама Коледе ми беше најомилен празник заради огнот, а и поради тоа што цел ден шетавме од врата на врата. Уште како мали дечиња цел град го вртевме собирајќи костени, бонбони и парички. А вие луѓе не карајте се за обичаи, зашто секое мало понекогаш има разлики во обичаите. Јас знам дека не се пали за Бадник, ама ете кај некои така е. Исто и пола Македонија јаде мазник или бурек со паричка за Божиќ, а кај мене секогаш било на Василица. Него, едно нешто ме интересира, има многу разни песни за Коледе. Оваа што е најпознатата (Коледе леде, утепало деде...) ја знам, ама ние како деца пеевме една друга што сега и го имам заборавено текстот. Одеше вака некако, Коледица, Варварица и по неа Василица, и после тоа имаше уште неколку стихови. Се сеќава некој на неа, ја слушнал некаде?
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.392
Поени од реакции
8.513
KOLEDE BABO KOLEDE DAJ MI EDNOKSTENCE EDNOTO ZA MEN DRGUOTO ZA DRUGARCETO :vozbud: I PUKA IGRATA OD KOMAR I PIJANNJE :cug:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Штотуку се вратив од огнот. Оваа година прв пат бев на друг оган, а не на оној во близина на мојата зграда затоа што некако тука ми беше секоја година исто, со исти луѓе.
Вечерва бев во Кисела вода. Оган имаше запалено скоро на секој чекор, што навистина ми се допадна бидејќи доста луѓе се’ уште ја почитуваат традицијата. Беше весело, се играше, се пееше...

Уште од мал сум се радувал на бадниковиот оган и на коледе. Нажалост, пораснав малку и некако не ми личи коледар да бидам, ама на моите дома ќе им пеам утре од сабајле (денес е веќе) па што сака нека биде:)

Иако сите викаат дека е пагански обичај огнот, мене ми има некое посебно значење затоа што секогаш околу огнот се играло и се пеело и повеќе служел за да се згрееме додека играме одошто за бркање на злите духови па затоа и ме асоцира на среќа.
 

Nemorosus

Маршал Изет Фазлиновић
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.598
Поени од реакции
624
Штотуку се вратив од огнот. Оваа година прв пат бев на друг оган, а не на оној во близина на мојата зграда затоа што некако тука ми беше секоја година исто, со исти луѓе.
Вечерва бев во Кисела вода. Оган имаше запалено скоро на секој чекор, што навистина ми се допадна бидејќи доста луѓе се’ уште ја почитуваат традицијата. Беше весело, се играше, се пееше...

Уште од мал сум се радувал на бадниковиот оган и на коледе. Нажалост, пораснав малку и некако не ми личи коледар да бидам, ама на моите дома ќе им пеам утре од сабајле (денес е веќе) па што сака нека биде:)

Иако сите викаат дека е пагански обичај огнот, мене ми има некое посебно значење затоа што секогаш околу огнот се играло и се пеело и повеќе служел за да се згрееме додека играме одошто за бркање на злите духови па затоа и ме асоцира на среќа.
Друже, ќе туриш една новогодишна капа (како на дедо мраз шо е)... ќе бапнеш некој акцент и ете, сериозна пара се добива од коледарење :)
 
S

StormRage

Гостин
Мене на пр. ме чуди оваа работа... кај нас одсекогаш оган се пали вечерта пред Божиќ, коледето е исто од сабајле ама то лепчето со паричка го неаме... кај нас се брка паричката на Василица и то во ѓомлезе :)
 
Ф

ФорцаМилан

Гостин
Кај мене во маало утре го палат оганот,имаме кум и збира пари тој 3-4 дена пред големиот ден,и после си има шведска маса :)

Сеа за 2-3 саати ќе почнат да пеат коледарчињава,само ептен мрзам коа ке ми дое циган прв на врата,е тогаш ми иде на клоци низ цело Ченто да ги шутирам!

А ко помали идевме на коледе,се утепувавме од пеење и зимавме парички,по 3-4 пати идев дома да ја истурам "робата" па после пак на пеење и така :)
И да се пофалам,секад мене највеќе парички ми даваа и другарчињата се нервираа :P
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Коа си мал едвај го чекаш Коледе а сеа како го мрзиш зошто не можеш да спиеш ко чоек.Прво да речеш да спиеш не ми се отвара врата е многу себична работа.Така се нарушува традицијата што треба да трае уште многу.Али коа ќе видам 40 годишни цигани на врата у 4 саат сабајле ти иде да земеш еден стап да ги подбереш.Од година во година се помалце деца идат кај нас.Порано знам сите го чекаа Коледе да се иде и онака по 2-3 пати се враќаш да испразниш ранецот,после у црква и на крај чекаш вечера и со душа го чекаш лебчето и ако не ти падне паричето одма рикаш од плачење и во меѓувреме се нашло паричето кај тебе у лебче и онака радосен баталуваш и јадење и се важно паричето кај тебе да е.Ехеееее времиња.
П.С Уште нема паднато паричето кај мене.(без местење)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Еве ги кај мене почнаа да пеат и да тропаат, уште нелегнати :icon_lol:
 
В

Вори

Гостин
Ме мрзи да станувам од сабајле да им отворам на децата,ама ко ќе ми текне дека и за мене некој станувал да ми отвори и да ми даде 10 денари и јаболко,тогаш ќе станам :)

Памтам ко копиљи порано од 6 саат го исчукувавме цело мааало,па после ќе се шлаевме низ град.Не дека ни требаа и значеа толку парите,туку ни беше ептен интересно.

И криво ми е сеа што не отидов денеска во Ѓорче,ми кажа мајка ми ептен јакичко било..
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Еве ги кај мене почнаа да пеат и да тропаат, уште нелегнати :icon_lol:
Немогуќе, волку рани коледари ли има. :pos2:
Да се припремам јас кога е така, ги смениле коледарските прописи, јас кога бев мала таму кај 5 саат почнувавме. Па тоа беа бре сериозни подготовки за коледање.
Патем настрана паганството и таа вечна дилема дали треба или не треба да го славиме празникот, многу го почитувам зашто луѓево се собираат заедно. Денес во една вечер цело маало го видов, од дечиња до мои пријатели и комшии кои ретко ги гледам преку година. Така да вреди да се сочува традицијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom