Бадников оган/Коледе леде

Баба порано ме тераше да и пеам мрсни песни за пари да ми дае..:kesa: иначе спремни сме со екипата вечерва традиционално огинче+винце+ракија+кбафчиња+нешо шо останало од нова година и така...а сабајле очекуам копиљаци под џам серенади да ми пеат..
 
Не сум идел на бадников оган, али за коледе леде прв сум бил, без 50 денари и овошје не излегувам кај влезам, нормално ко бев мал.
 
Секоја година правиме во маало има адет тој што е кум од претходната година да носи зелник и лебчиња со паричка. Се грее ракија, се пече риба и се прави гравче на огнот во таков стар лонец...прсти да изедеш. Ако можам (и сум во добро стање) ќе стаам слика откако ќе се вратам...Среќни празници на сите :salut:
 
Какви пеес денари бе, кај нас железарија ќе ти дае, колку фати толку, макс. 5-10 денари од стан.
Ние идевме по коштаните, јабуките, помаранџите, бомбоните, оревите и такви ствари :D
По 4-5 пати сум се враќал дома да оставам ќеси и да зиам нови.
Али затоа од 6 саат до 11 на “печалба“ :D

..
вечер греана ракија и рибче малце пред огнот - мх мх мх
 
Како станував се поголем се помалце пари ми даваа. Еднаш знам се вратив со некои 500 денари, а еднаш со 120. Ја осетив рецесијата уште од мали нозе. :)


Греана - ауууу.
 
Коледе бабо коледе
дај ми едно костенче
едно за мене
другото за другарчето !
:):):)

Уба вечер е оваја. Палиш оганче, печиш колбаси на огнот, локаш вино, пиво, ракија (шо се нашло) , корниш целиот на чадојни од огнот ... абе убајна :)
 
Ќе килнам некој утре сабајле...

се заебавам:smir:
 
Изгаснат е огнот одамна наше маало нема тука жар страст и оган повеќе....

А и искрено не би се чадел покрај оган и на кого му треба глупа манифестација.
 
Изгаснат е огнот одамна наше маало нема тука жар страст и оган повеќе....

А и искрено не би се чадел покрај оган и на кого му треба глупа манифестација.
Кај нас еве сеа се мачат да го запалат.
И рокнале токсикологија на звучки - хахахах :D
Ново лисичанска работа :)
 
Добро вечер,Бадни’ вечер
Јавни коња на пазара,
купи риба,осоли се
Пивни винце,олади се
Сркни каша,попари се
Добро вечер,Бадни’ вечер!!!

Пеејќи ја оваа песна шетавме покуќи за Бадник.А доколку некој не ни дадеше ништо го додававме и стихот ’’појди в племна,запали се’!’’:pos:
 
Уште малце и наше маало ќе си правиме оганот. Откако стариве се испокараа и пред 4-5 години престанаа да го прават оганот во нашето маало, сега децава ја продолжуваме традицијата во последниве 3 години. Забранет влез за постари од 25 години :icon_mrgr
Има и поголем оган во пржино, али тој го прават во друго маало, и таму ќе си се соберат постариве...
Најверојатно ќе бидеме околу 30 души, што досега ќе ни биде најголема бројка, и секако со тоа сигурно и трпезата ќе биде поголема :icon_mrgr
Ајде после ќе кажам импресии...
П.С. на коледе не сум одел ни кога бев мал, пошто никако неможев да станам, а сега би одел, само што место пари ќе ми влепи некој два три шамара пошто толкав вол го разбудил во 6 сабајле :pos:
 
Идеме на лице место за полојна час вечер не ти пишувам импресии ако сакаш да видиш као е и да пробаш ракиица изволте!
 
Кај мене има многу собиранки на сите улици, само уште снег фали :( ,,, баш е убаво да ги видиш сите комшии собрани на едно место ,, се додека не удрат по некоја греана плус и почнува муабетот : " Еее синко да видиш ти во Комунизмот како ни беше....." :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom