Од сигурни извори знам дека Берлускони и јас имаме ист проблем - постојана ерекција, вели Зифреди
РИМ, 23 јануари - "Италијанците се баш горди на својот 74-годишен премиер, кој покрај тоа што е прастар, си го прави меракот и има стабилен сексуален живот", вели живата порно легенда Роко Зифреди, за весникот "Обзервер". Тој смета оти народот ќе му прости на Берлускони за сексот со тинејџерки и проститутки.
"Во која било друга земја, пред многу години ќе го натераа да замине, но тука се извлекува", изјавил 46-годишниот Зифреди, сигурен дека Берлускони ќе добие прошка доколку не заврши во затвор, заради наводно плаќање за секс и обид за прикривање на аферата.
"Берлускони е зависник од секс. Јас имам една половина, од половината, од половината од сексот што го има тој. Со тоа што прави што сака на кому сака, Берлускони ја живее својата фантазија. Берлускони и јас сме многу слични. Од сигурни извори знам дека Берлускони и јас имаме ист проблем: постојана ерекција, вели Зифреди.
Порно ѕвездата дури вели и дека Берлускони има повеќе секс и од него.
Речиси половина од Италијанците сметаат дека италијанскиот премиер Силвио Берлускони треба да поднесе оставка поради неговите скандали, а пред се поради аферата Рубигејт, покажуваат резултати од анкета објавени во весникот Кориере дела сера.
Берлускони вчера беше јасен дека нема да поднесе оставка и ги обвини обвинителите дека неосновано го прислушкувале и шпионирале.
Весникот Нуова Сардинија пишува дека една од новите девојки вмешани во скандалот Рубигејт за една година заработила 115 илјади евра, кои и биле префрлени на сметка, поврзана со италијанскиот премиер.
Во периодот од јануари 2010 до јануари 2011 година 26-годишната манекенка Алесандра Сорчинели 13 пати имала прилив на нејзината сметка. Таа е една од девојките, за кои миланските обвинители тврдат дека живееле во луксузни апартмани покрај Милано, кои бесплатно им биле обезбеди од Берлускони за да присуствуваат на неговите забави, пишува сардинискиот весник.