Скопје повторно без затворен базен!

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Агонијата продолжува, вечерва а најкасно до утре Олимпискиот базен во Скопје по којзнае кој пат ќе биде испразнет, но овој пат и малото и големото корито(што не беше случај порано), кога се оставаше малото корито во фукнција за колку толку да може да се плива и колку толку да се одржува некоја "форма". Додека по медиумиве кружат снимки од спортски оскари и такви манифестации, каде што одговорните излегуваат со изјавите дека се залагаат за спортот и младите, спортистите кои што се занимаваат со спортот кој во блиското минато носеше најмногу олимпијци со исполнети норми повторно останаа да пливаат на суво.:nenene:
 
Абе види што народ ,само да критикува.Па не може све наеднаш ,ке биде и тоа ,има поважни работи.Еве сега привремено ке послужи споменикот на Аце на плоштад.Фонтаната под него што ке биде ке служи како отворен и затворен базен.Летоска ке биде отворен ,а ке му се угради сукња на Ацета која зимно време ке ја спушта ,и испод сукњата ке имаме затворен базен.Од аналниот дел на споменикот ке доаѓа затоплувањето и аромите ....Не брзајте ке биде све ,само полека....:toe:
 
Ново продолжение на ситуацијава која трае едно 15-тина години.
Инаку, јас порано тренирав пливање, дури имав и мака со очите поради прекумерното количество на хлор, но единствено што ме спречи понатаму да се бавам со овој спорт е токму немањето услови. Првин го затворија Младост, кој сега е само за ватерполисти (барем беше до пред две години, сега не сум во Македонија). Единствена надеж после беше Олимписки, кој чат-пат го затвараа што поради неплаќање сметки, средување на зградата, било од интерес онака итн.
Па после нека се жалат одговорните луѓе дека немало достојни претставници од Македонија за првенства и слично. Како ќе има? Прво дајте асални услови, за другото пливачите ќе се потрудат, бидејќи сигурно има желба и мотив за резултати.
 
Не, и на младост тренираа дел од пливачите меѓутоа од пред месец, месец ипол и Младост е затворен така да моментално нема ниту еден затворен базен во Скопје(град кој се стреми да биде метропола). Жално е!
 
Ништо ново.Пред 5-6 години престанав да тренирам,а до тогаш тренирав едно 7 години.И тогаш секоја зима ебаваа со базените.Те не прфрлаа од Олимписки во Младост,па понекогаш не ни имаше каде да се тренира,па понекогаш само малиот на олимписки ќе ни го затвореа со најлони......и така секоја зима.Можеби само 1-2 зими(и тие беа кога почнав да тренирам) имаше нормални услови за пливање,другото се беше имповизација......И после тоа се чудиме зашто ни се такви резултатите и зашто на олипијади праќаме само туристи.
 
Ајде де, можете вие и без тоа, во другите градови како издржуваат без затворен базен, ќе се челичите малку на отворено шо ви фали.
 
Ајде де, можете вие и без тоа, во другите градови како издржуваат без затворен базен, ќе се челичите малку на отворено шо ви фали.

Во други градови не ни има пливање, за жал.
 
Во други градови не ни има пливање, за жал.

Да имаше базент ќе имаше пливање,

дај малце почнете офанзива малечка кон тоа да се отворат и во другите градови по еден затворен базент.
 
Да имаше базент ќе имаше пливање,

дај малце почнете офанзива малечка кон тоа да се отворат и во другите градови по еден затворен базент.

Ама да имаше базен, али сега нажалост нема. Порано кога имаше базен и услови на ниво и резултатите беа далеку подобри, Кој е постар ќе му текне кога Александар Маленко беше Европски Младински првак, и се сметаше за еден од најголемите таленти, кога на ОИ во Сиднеј и Атина имавме по минимум 4 натпреварувачи со исполнета олимписка норма. Има и сега таленти меѓутоа во вакви услови немаместо за успех.

Инаку за базениве да беше до мене и некој како мене кој знае што значи пливањето и спортот воопшто верувај дека ќе имаше во секој град базен што би функционирал во текот на целата година.
 
Во емисијата на Наша ТВ “Сранко јаде трици“ Сранко втор дознава (Латас прв) дека Младост базенот се реновира.
 
Е добро де се реновира што е тука спорно.

Колку што знам другиот работи, ватерполистиве таму тренираат, пред една недела играа против Ираклис.
 
Нема да работи веќе Олимписки, го празнат од утре, стандард ситуација од кога знам за себе. А ова со реновирањево на Карпош, хех, мислете дека само се „реновира“. Даден е пак на некој мистер Агим ко пред 6-7 години и не работеше ни мал ни голем ни никаков.

Тоа е тоа, нема пливање у државава а штета за толку млади таленти.

--- надополнето ---

(сега само чекам некој да ми каже штрајкувајте, на волеј да ми падне)
 
Штрајкувајте :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom