Сребро - инвестиција на декадата

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Општо за среброто
Од почетокот на историјата па се до 1970тиете среброто е користено од луѓето како средство за размена. Среброто оваа монетарна улгоа ја добило пред се поради реткоста, некорозивноста итн. Денес среброто се корисити за илјадници намени поради своите уникатни својства на најдобар електричен и термо спроводник, издржливост на високи темепратури, рефлексија на светлина итн итн. Сите овие се уникатни својства на среброто кое што го прават незаменливо за употреба во илјадници секојдневни уреди од типот на фотоапарати, катализатори, батерии итн. Среброто има и посебни својства во однос на бактериите и се корисити во болници.

Ова се воглавно неколкуте фактори што ја условуваат индустриската побарувчка на сребро. Треба да се спомене дека индустриската употреба на среброто е во толку мали количини што на тековните цени рециклирањето е неекономично. Тоа значи пак дека среброто се троши и исчезнува.
Проценките на многу експерти се дека од почетокот на времето до денес ископани се 45-50 милјарди унци(31.10347 грама) сребро. Од нив денес останува уште само 1 милјарда унци сребро што по тековни пазарни цени пак е приблишно 30 милјарди долари (сума релативно минорна во однос на светски БДП, други благородни метали, државни буџети, монетарни бази, депозити и слично). Од оваа милјарда унци достапно сребро 500 милони веќе се во тезори на инвеститори што пак остава само 500 мил. унци за тргување.
1. Понуда и побарувачка
demand10.jpg
Во изминатите 20тина години фундамените на понудата и побарувачката не се слагаат, односно повеќе се бара отколку што се произведува. Изминатите 16тина годни овие недостатоци се решеваа преку празнење на владните трезори на некои држави(САД пример) кои имаа 16 милјарди унци а денес имаат само 10тина милони. Ова секако е тотална економска лудост поради фактот што прва препорака на секој економист кога се појавува недостаток на одреден производ е високи цени. Производството во рудници за 2009 е 709 милони унци додека пак побарувачката е 889 милони унци.

2. Цената на среброто
ag00-pres.gif
Како што можете да видите цената на среброто расти веќе некое време. Посебно е интересен последниот нагли пораст на цената. Ова секако е резултат на тоа што се повеќе инвеститори ги сваќаат фундаментите на пазарот и знаат дека цената мора да порасне. Историски цената на среброто држи однос од 15-16:1 во однос на златото(ова е за период од илјадници години, односно пред да се почне со манипулацијата на металите, празнењето на залихите и сл). Ова дава моментална цена од близу 90$ (цената на среброто сега е околу 29$-29.5$). Некои економисти проценуваат дека поради фактот што среброто се конзумира и има силна индустриска побарувачка тоа всушност треба да биде дури и повредно од златото. Значи опсегот на реалната вредност на унца сребро(31.1034 грама) е проценет помеѓу 90$ и 1400$, односно најмалце три пати повеќе од тековната цена.

Geee Ако ова е така, тогаш зошто пазарот го вреднува на бедни 30$тина долари за унца ? Ова секако е резултат на масовната манипулација на цената на среброто од страна на банки како ЈПМорган и слични. Како овие банки ја манипулираат цената на среброто ? Преку издавање фјучерси, односно преку продавање на сребро на хартија кое што физички не посоти... Колку се големи овие позиции на банките ? Проценките се дека тие позиции се дури 40% од годишното производство. Неодамна под резултат на притисоци од јавноста, блогери, регулаторни комисии и слично ЈПМорган тврди дека ги има намалено своите short позиции -но во исто време short позициите на странските банки (сосема неприродно по историски стандарди) се зголемени дури за повеќе од намалувањето на америчките банки. Ова накратко значи дека сурпресијата на цената продолжува и се зголемува.

Преварата на виделина. Веќе претпоставувате дека ваква превара не може да се одвива долго - еден ден луѓето ќе сватат дека овие несолвентни банки имаат напечатено повеќе сребро отколку што физички постои и ќе бараат физичка испорака на среброто. Секако ова е основна причина поради неодамнешниот експоненцијален пораст на цената поради фактот што се повеќе хеџ фондови, индивидуални инвеститори и слично го сваќаат ова и бараат испорака.

Недостатоците веќе почнуваат. Моментално на берзата за фјучерси во Њу Јорк продадени се некои 500 мил унци за испорака до март, од друга страна пак тековните залихи се некои 100 милони унци од кои само половина се достапни за испорка веднаш.(Некои залихи се во таква форма што како залихи можат да бројат и хартиено сребро).
Недостатоците на сребро низ метрополи како Сиднеј, Виена, Лион и разни други места веќе почнуваат. Пазарот на големо е скоро замрзнат. Едни од најдобрите дилери бара клиентите да чекаат и по неколку недели за испорака. Премиите на тековната пазарна цена на ибеј веќе заминуваат неколку долари.

Имам уште многу што да дообјаснаам ама ќе оставам тоа да биди во прашања/коментари. За крај ќе ви посочам некои места каде што можете да добиете дополнителни инфомации како и места каде што може да се купи сребро.
Прво едно видео од Макс Кајзер кое ослободи една лавина на слични видеа на јутуб за неговата кампања против банкарите и манипулацијата на цената на блаогродните метали:

Второ каде да добиете дополнителни инфомации (на англиски):
1. http://en.wikipedia.org/wiki/Silver
2. http://en.wikipedia.org/wiki/Silver_as_an_investment
3. http://www.zerohedge.com/ (блог со многу корисни информации за среброто како и други финансиски новини)
4. http://maxkeiser.com/ (Кампањата Crash JPM Buy Silver)
5. http://www.silverinstitute.org/ (Податоци за производство, цени, побарувачка, употреба итн итн за сребро)

И конечно трето кај да купите сребро:
1. Во скопје златара Рубин продава сребрени монети од нивна изработка по цени што се прилично високи (6 гр монети кои имаат 5.55 гр чисто сребро или 0.17 унци се 370 денари односно скоро 44.35$ за унца што пак е 15$тина долари над пазарна цена или поскапо за 51%)
2. Ако можете да најдете од други луѓе тогаш можеби би добиле поефтино. *ова ако е возможно е најдобра варијанта - се разбира ако се сигурни што купувате и по која цена
3. Ако имате сметка во странство тогаш ефтин начин а поседувате физичко сребро складирано во трезор во Лондон, обезбедно од репутабилни компании, регистриарно во ваше и име и имуно на банркот на било која институција (no counterparty risk) тогаш http://bullionvault.com/#tomsaso
(Ако случајно се регистрирате реферал tomsaso и би добил 25% од провизиите за лежарина кои што би ви ги наплатиле вам.)
Сепак не би го препорачал ова ако немате банкарски сметки во странство и ако не би инвестирале повеќе од 2000$ поради фактот што сервисот за чување наплаќа 8$ месечно минимум односно 0.5% макс на годишна основа.
Предноста тука е секако ликвидноста - одма продавате одма купувате.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
se bara novo pazarno mestoo za biznis nisto poveke
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
se bara novo pazarno mestoo za biznis nisto poveke
Како што читаш препорачувам против мојот интерес во случајов ако имаш подобра алтернатива.

--- надополнето ---

Нешто што ми беше дилема веќе некое време од аспект на ризичноста дека високите цени на среброто ќе го зголемат производствто и ќе ја намалат цената. Ги разгледав бројките и состјбата е многу интересна. Понудата на сребро е нееластична. Односно на даден пораст на цената одговара со многу помал пораст на производствто. Ова како што видов се должи на фактот што само 30% од производствто на сребро е примарно сребро додека пак остаткот е главно нус-производ. Тоа значи пак дека цената на бакарот, цинкот и другите метали повеќе го одредува производството на сребро одколку цената на среброто.

Споредба со златото
Споредбата со златото главно се должи на релативната реткост во составот на земјата - златото има 5 дела на милјарда додека среброто 75 дела на милијарда односно релативна реткост од 15 ставаќи ја днешната вредност на среброто на 90$. Секако тука не смее да се изгуби од предивд кој е трошокот на ископоување во однос на цената и да се корегира за тој фактор за да се добијат поточни цени. 317$/1380$ би бил трошок/цена за злато односно 22% и 5.45$/29$ = 18.9% за сребро. Ова е учество на трошокот во ископување на унца сребро/злато по тековните цени. Треба да има простор за загрижување единствено ако оваа разлика е значајна - односно само тогаш споредбата на релативна реткост нема да држи оти без разлика на релативните реткости економичноста на ископување би била во полза на еден или друг метал. Секако разлика од некои 4 процентни поени во трошок/цена е скоро незначајна што и по корегирање за оваа разлика релативната економична реткост би била во познатиот историски опсег од 15-16 злато:сребро.

Бројката за златото е малку постара додека за среброто понова, било како со време цената на искпоување треба да расти поради фактот што најгустите концетрации се ископуваат први.
И сепак овај однос од 5.45/29 односно 19% трошок/цена е битно за само 30% од производството од примарна природа... Останато производство пак воопшто не е одредено од цената на сребрто поради тоа што за една унца сребро треба да ископаат тони и тони бакар, железо, цинк итн итн.

Рециклирањето за половина од потрошувачката е незамисливо без цени високи децетици и стотици пати од денешните.

Накратко последново анализирање ме увери дека високите цени не треба да ве плашат поради тоа што нееластичноста постои и на страната на индустриската побарувачка и на страната на понудата. Односно кога цените ќе пораснат растат за да останат горе. Ова го прави среброто најдобрата инвестицја во наредниве десетина години и најдобриот начин да се заштеди и подобри релативната куповна моќ
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
При најцрно сценарио злато и сребро не можеш да јадеш ниту пак шарена хартија со замислена вредност врз нејзе.

Поради стравот од девалвирање и реално девалвирање на валутите златото и среброто се сметаат за сигурна инвестиција.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Браво среброто е 30 долари/унца а беше 7 долари,иначе се очекува да порасне идната година до 70 долари унца,а друга исплатлива инвестиција е бакарот и калајот кој се очекуваат да бидат околу 11000 долари за бакарот и 30000 долари за калајот по тон.
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Браво среброто е 30 долари/унца а беше 7 долари,иначе се очекува да порасне идната година до 70 долари унца,а друга исплатлива инвестиција е бакарот и калајот кој се очекуваат да бидат околу 11000 долари за бакарот и 30000 долари за калајот по тон.
Не би се кладел на бакарот искрено. Во шангај нема место во магацините за поќе бакар - 300.000 тони на залиха... Бакарот е многу еластичен на понудата.. Ако порасни цената(како што се триплира) се зголемува производството... Не е редок бакарот. Не викам дека нема да порасни ама гледам поголем ризик од пад.

Среброто треба најмалце 140$ да достигне а со кусоците што се јавуаат и 300 и 400 не се чудни цени.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075

Сега уште да кажеш од кај може да се купи сребро (чисто нормално..) и да може дома да си го чувам, а не по некој сајтови да си купам и никат да не го видам.
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Сега уште да кажеш од кај може да се купи сребро (чисто нормално..) и да може дома да си го чувам, а не по некој сајтови да си купам и никат да не го видам.
Ти кажав опциите се многу ограничени. Златара рубин продава монети на 44$ за унца што е 51% посакпо од нормално. Имам контакт од една златара на Бит Пазар што нуди коцки од кило по берзански цени.. Е сега се што треба е уште да се најди начин за сигурна проверка.. Ме интересира дали некој знае нешто повеќе за лабаротриски испитувања на материја (спектроскопија? некако електронски?) , дали има такви испитувања кај нас( ПМФ?) и колку би коштале?

Ако најдите начин за сигурна проверка би ти помогнал да стапиш во контакт со златарот што ми понуди рафинирано 0.995 сребро во коцки од 1кг по берзанска цена (730-750 еура 1кг).

Искрено и јас не сум многу задоволен од проспектот да го чувам среброто во Лондон кај некоја фирма но муабетот е кои ми се други опции? Да имав 30-40к еура ќе одев лично до Швајцарија, ќе земев сеф под наем, ќе купев преку шалтер и ќе го складирав таму ама за неколку илјади евра не се исплатат такви егзебиции. Исто така ликвидноста е под знак прашање кај нас. Кога среброто ќе достигне балонски височини сакам да можам да продадам дел и да префрлам во cash-flow средства... Не верувам дека кај нас би имало купци за поголеми колични посебно не на балонски цени кога ќе се постигнат.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326

tomsaso,
Опцијата купување сребро преку нет не е возможна нешто во стил на форекс?
Мислам сребро на хартија, не сребро како производ, ако цената оди нагоре ќе оди целокупно па нема потреба да бараш сефови во Швајцарија и скривници.
Што мислиш за инвестирање во акции во рудници кој експоатираат сребро? Не е добра опција?
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
tomsaso,
Опцијата купување сребро преку нет не е возможна нешто во стил на форекс?
Мислам сребро на хартија, не сребро како производ, ако цената оди нагоре ќе оди целокупно па нема потреба да бараш сефови во Швајцарија и скривници.
Што мислиш за инвестирање во акции во рудници кој експоатираат сребро? Не е добра опција?
Купување на CFD или фјучерси или слични деривативни оружја за масовно финансиско уништување НИКАКО! Поентата е што фигуартивно кажано хартиено сребро има повеќе отколку што има вкупно на планетата. Очекувам еден ден фјучерсите за сребро да вредат 0. Целата поента и профит е во поседувањето на физичко сребро а не сребро на хартија.

Замисли само што значи купување сребро/злато на левереџ? Дали е таков концепт воопшто возможен? Што ако деривативниот пазар расти со 80% а физичкото производство на металот расти со 2% годишно ? Ваков концепт е осуден на пропаст ако не сега во иднина сигурно.

Краткоточно ако купуваш CFD на сребро можеби ќе направиш некаков профит од едноставна причина што пред да се одлепат цените на физичкото и хартиеното сребро значајно и двете цени ќе пораснат.Значи пред да се скини врската меѓу вистинското и виртуелното и двете ќе пораснат.Но ова е чисто шпекулариање и целосно изложено на counterparty ризик кој јас сметам дека во услови на несолвенти држави, банки итн е ОГРОМЕН.

Во врска со сребени рудници - Да но треба да се игра многу да се пази оти има одредени ризици.
Прво е што само 30% од сребрто е од примарно-сребрени рудници, остатокот е нус производ на рудници за бакар, злато, цинк, никел итн. Значи не сакаш да се изложиш повеќе на бакар одколку сребро и да мислиш дека имаш сребрен рудник.
Второ е проблемот дека при евентоална експлозија на цената на среброто национализација на примарно-сребрени рудници станува се поверојатна. Значи тука треба да се внимава во какви земји оперираат рудниците и кои се шансите да бидат одземени.
Трето е нешто што треба да оди со секоја стандардна анализа на акции а тоа се оперативните трошоци, нивната контрола, менаџментот, имплицитна сопственост на физичко сребро по акција прилагодена за маргинални трошоци итн итн итн.

Целата поента е да се поседува физичко сребро оти тука ќе биде главниот недостаток.. Фјучерси се печатат колку сакаш а зад нив стои гаранција од несолвенти банки како ЈПМ -огромен counterparty risk.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Ти кажав опциите се многу ограничени. Златара рубин продава монети на 44$ за унца што е 51% посакпо од нормално. Имам контакт од една златара на Бит Пазар што нуди коцки од кило по берзански цени.. Е сега се што треба е уште да се најди начин за сигурна проверка.. Ме интересира дали некој знае нешто повеќе за лабаротриски испитувања на материја (спектроскопија? некако електронски?) , дали има такви испитувања кај нас( ПМФ?) и колку би коштале?

Ако најдите начин за сигурна проверка би ти помогнал да стапиш во контакт со златарот што ми понуди рафинирано 0.995 сребро во коцки од 1кг по берзанска цена (730-750 еура 1кг).

Искрено и јас не сум многу задоволен од проспектот да го чувам среброто во Лондон кај некоја фирма но муабетот е кои ми се други опции? Да имав 30-40к еура ќе одев лично до Швајцарија, ќе земев сеф под наем, ќе купев преку шалтер и ќе го складирав таму ама за неколку илјади евра не се исплатат такви егзебиции. Исто така ликвидноста е под знак прашање кај нас. Кога среброто ќе достигне балонски височини сакам да можам да продадам дел и да префрлам во cash-flow средства... Не верувам дека кај нас би имало купци за поголеми колични посебно не на балонски цени кога ќе се постигнат.
Од каде ти е податокот дека 1 кг сребро чини 750 евра?
Овде чини 660.05 евра
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Од каде ти е податокот дека 1 кг сребро чини 750 евра?
Овде чини 660.05 евра
Каде???? Ќе купам 10кг на 660 еура ако има толку ефтино. Инаку ми нудеа и за 250 евра за кило ама не повеќе од 50% сребро.

Инаку:http://www.kitco.com/market/euro_charts.html
Ова е за 9999 good delivery 1000 oz шипки.
Значи на Китцо пишува 22.39 еур за унца а унца е 31.1034768 gr. значи 719 евра е среброто за кг денес.

Е сега пред некој ден беше нешто поскапо значи тука некаде... Јас реков 730-750... Тоа беше кога беше 31$ за унца... Ама падна на 28 последниве два дена..

Финтата е не се купува на секоја цена туку чекаш и кога ќе падне тогаш купуваш.

Инаку низ светот има се поголеми и поголеми премии над берзанската цена на среброто поради недостатоците што се јавуваваат на пазарите на големо. Пример на ибеј не можеш да купиш поефтино од 31$ кога цената на берза е 28. На некои дилери се чека по 2-3 недели за испорака..
 
Јас ти кажувам за овде (Шведска),цената е актуелна од 2-5 јануари
еве ти линк ,само на шведски е ,а имаш и цена на монети од сребро
http://www.silverpriset.se/
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339

Kajgana Shop

На врв Bottom