Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Е ова е тоа што го зборам....
Сите давате примери како се случуваат демонстрации низ светот и никој како да не сака ниту да види ни да слушне дека секаде е организирано од синдикат .
Вие сте сите интелигентни и образувани ,ама никако не можете да ја направите математиката дека нема општа добивка на ниво на држава од политичките партии ,све се сведува на група и круг на луѓе, зарем треба уште 100 години да владеат истиве 2 партии за да разберете ...
Секој ден се збори за едноумието во екс ЈУ ,ама сите заборавија дека и во такво “едноумие“ народот излегуваше на улица и за едно неисплатено К-15 ,за кое новородениве поддржувачи на капитализмот не знаат ни што значи....
Во Европските демократии многу јасна е улогата на синдикатот и мора еден ден некој да се заинтересира ,ниеден Грујо ,ниеден Бранко ниту може ниту пак сака да ти ја чува работата и мисли на твојата плата ,они само гледаат да си ги наполнат џебовите додека се на власт..
Ќе идам преку пример. Јас во економија непрекинато зборувам изминативе 3 години. Важам за личност која навистина не ја сака владејачкава гарнитура.И не е лага вистина е.Јас ги гласав јас ќе ги симнам, ме разочараа во првите два чекора.Со останатите 98 ме дотепаа. Чим не ги сакам автоматски ми залепија петокрака на чело. Утре излегувам на плоштад и повикувам на револуција. Ќе дојде Цитро и ќе рече Леандра е од опозиција,Реален ќе понесе плаво знаме и се ќе се претвори во комедија. Кога само би помислиле што би говорела другата партија да е на власт, ќе ми залепеја лав на газот и ќе ми даваа зеленки на секој пост. Наместо Цитро и Реален да застанат рамо до рамо со мене, они го местат газот на страна, за секој случај ако не успее протестот.
И јас ќе бидам синдикат сама на себе? Овде низ живи луѓе се мине за парче леб,секој гледа за себе никој за другите.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434

Многу убаво објаснив.....нема да одиш на плоштад ,ке се соберете пред ССМ ,кај тие глумците кои кажаа пред некој ден колку била кошничката...па све на клоци .
Под тоа знаме се излегува на улица и се бара све што треба ,пред било која влада ...нема тука простор за етикети ..
Ако излезеш утре со Бранко ке те снајде истото кога он ке дојде на власт ,па ке го бараш Грујо да го симнеш Бранко и така следните 1000 години????
 
H

HITCH

Гостин
Е ова е тоа што го зборам....
Сите давате примери како се случуваат демонстрации низ светот и никој како да не сака ниту да види ни да слушне дека секаде е организирано од синдикат.
Ти си од постарата генерација, зарем тебе треба да те потсетам што му се случи на Муратовски?! Ти текнува на времето кога бате Ване собра народ за на протест, кога му ги подисплашија другарчињата и кога му киднаа сите до еден? Ти текнува како го оставија сам? Кој јадеше ќотек? Бате Ване! Ти повеќе од тој човек не можеш да очекуваш дека ќе има визија и ќе се обиде да направи нешто. Бате Ване треба да се смени и да се најде асален човек кој ќе има визија, а Бога ми и познавање на терминот синдикат. Треба човек кој ќе знае како да постапува во одредени ситуации, овде не мислам на Дојчиновски или на некој друг партиски војник. Мислам на асален човек кој ќе знае да се бори, ама да знае и за што се бори.
Смачено ми е од поставување несоодветни луѓе. Се деградираат и луѓето, се деградираат себе, а она најмногу што ме боли е тоа што ме деградираат мене. Јас треба да се раправам со неписмените вошкари кои си фатиле удобно столче! Јас треба да ги учам сите закони и правила на памет, за кога ќе појдам на шалтер да му кажам на референтчето таму што треба да направи и каде да ми удри печат. :(

Извинете за офф муабетов.

П.С. Никому не му треба тепан маж! :smir:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Многу убаво објаснив.....нема да одиш на плоштад ,ке се соберете пред ССМ ,кај тие глумците кои кажаа пред некој ден колку била кошничката...па све на клоци .
Под тоа знаме се излегува на улица и се бара све што треба ,пред било која влада ...нема тука простор за етикети ..
Ако излезеш утре со Бранко ке те снајде истото кога он ке дојде на власт ,па ке го бараш Грујо да го симнеш Бранко и така следните 1000 години????
И јас убаво ти објаснив.И синдикатот е ист.Ќе испуцаш едни на клоца,ќе ти дојдат други со кози пред врата...нешто како рак,метастази насекаде.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Ти си од постарата генерација, зарем тебе треба да те потсетам што му се случи на Муратовски?! Ти текнува на времето кога бате Ване собра народ за на протест, кога му ги подисплашија другарчињата и кога му киднаа сите до еден? Ти текнува како го оставија сам? Кој јадеше ќотек? Бате Ване! Ти повеќе од тој човек не можеш да очекуваш дека ќе има визија и ќе се обиде да направи нешто. Бате Ване треба да се смени и да се најде асален човек кој ќе има визија, а Бога ми и познавање на терминот синдикат. Треба човек кој ќе знае како да постапува во одредени ситуации, овде не мислам на Дојчиновски или на некој друг партиски војник. Мислам на асален човек кој ќе знае да се бори, ама да знае и за што се бори.
Смачено ми е од поставување несоодветни луѓе. Се деградираат и луѓето, се деградираат себе, а она најмногу што ме боли е тоа што ме деградираат мене. Јас треба да се раправам со неписмените вошкари кои си фатиле удобно столче! Јас треба да ги учам сите закони и правила на памет, за кога ќе појдам на шалтер да му кажам на референтчето таму што треба да направи и каде да ми удри печат. :(

Извинете за офф муабетов.

П.С. Никому не му треба тепан маж! :smir:
Ке ти кажам ја тебе за постарата генерација :pos:(шала)

Ти текнува ли што се случи во Брисел кога А1 направи театар за упадот??? Европа реагира ,верувај дека ке се добие поддршка за реорганизација на синдикатот во РМ затоа што тоа е демократско право ,само треба да се удри на право место...

--- надополнето ---

И јас убаво ти објаснив.И синдикатот е ист.Ќе испуцаш едни на клоца,ќе ти дојдат други со кози пред врата...нешто како рак,метастази насекаде.
Не е воопшто така,постојат законски инструменти кои ги регулираат тие односи и каде што нема можност ниту интерес синдикатот да биде со власта ...или мислиш дека западњациве не сакаат да имаат синдикат во скут.Одговорот е не можат.
 
H

HITCH

Гостин
Ке ти кажам ја тебе за постарата генерација :pos:(шала)

Ти текнува ли што се случи во Брисел кога А1 направи театар за упадот??? Европа реагира ,верувај дека ке се добие поддршка за реорганизација на синдикатот во РМ затоа што тоа е демократско право ,само треба да се удри на право место...

--- надополнето ---

Не е воопшто така,постојат законски инструменти кои ги регулираат тие односи и каде што нема можност ниту интерес синдикатот да биде со власта ...или мислиш дека западњациве не сакаат да имаат синдикат во скут.Одговорот е не можат.
Но, млад господине, јас НЕ СУМ А1*! Тука е разликата. Муабетов ми е ист како на Леандра, бегаш од еден ќе налеташ на друг. Како пајаци се, не можеш да им избегаш од мрежа.

* Ниту сакам да бидам А1
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Пак излегуваш од Македонија со муабетов :icon_lol:
:pos: Законски инструменти јакоо
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Тогаш бидете пинг понг топче ,сега кај Бранко ,утре кај Грујо ,ринге ринге јаја....:toe:
 
H

HITCH

Гостин
Тогаш бидете пинг понг топче ,сега кај Бранко ,утре кај Грујо ,ринге ринге јаја....:toe:
Тоа е проблемот! Не сум кај никого, ама ако застанам со Леандра никој нема да застане со нас. Секој ќе си почне за својата партија, нема гласно да зборува, туку ќе шепоти, за не дај Боже да не се смени гарнитурата.

Во секоја смисла сме доведени на дното. Едни се дерат со даноци, други се на раб на егзистенција, а политичариве ем неписмена раја, ем најботагата раја... Не знаеш кое гадно чувство е да видиш луѓе како живеат без струја и без вода во Скопје. Како ли е во другите градови?!
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Подобро не прашувај...За ќумбето собираат гранки од паркот,на ќумбето вода се топли,со неа се бањаат,со неа перат. Децата им учат велат,гледаат надеж...
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Еве што се случува со синдикатите во САД , поточно во Висконсин. Само за споредба.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Тоа е проблемот! Не сум кај никого, ама ако застанам со Леандра никој нема да застане со нас. Секој ќе си почне за својата партија, нема гласно да зборува, туку ќе шепоти, за не дај Боже да не се смени гарнитурата.

Во секоја смисла сме доведени на дното. Едни се дерат со даноци, други се на раб на егзистенција, а политичариве ем неписмена раја, ем најботагата раја... Не знаеш кое гадно чувство е да видиш луѓе како живеат без струја и без вода во Скопје. Како ли е во другите градови?!
Ај за последен пат да пробам ( ние “старците“ сме упорни :pos:).
Во РМ постои повекепартиски систем каде што 2 партии се вртат во круг. Тоа не е страшно све до моментот додека и 2 те партии не држат монопол со прашањето на синдикатот кој е единствен и реален легитимен субјект преку кој работниците можат да си ги одстварат своите права.
Ако некој пред икс години не можел да замисли ни во сон дека ке постои повекепартиски систем му се случило и тоа.
Сакам да кажам дека синдикатот мора да се случи во РМ затоа што тој има основа ,постоел и функционирал подобро во време кога имало еднопартиски систем ,и не може никој да ме убеди дека не е така....
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.734
Поени од реакции
904
Во Македонија ниту имало, ниту ќе има синдикално движење. Сето тоа е политичко обоено и составена од маса на лесно манипулирани работници.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Во Македонија ниту имало, ниту ќе има синдикално движење. Сето тоа е политичко обоено и составена од маса на лесно манипулирани работници.
Ова што го кажа е во смисол на прости и глупи работници ,и не ти е на место:nenene:
Ке ти кажам еден пример кој нема врска со темава ама има поента.
Имам еден другар шведо кој има само 8 мо одделение ,и овде ги има еден куп такви ,за информација само.....
Он како и мнозинството е викенд алкохоличар ,што значи од петок до понеделник земја-воздух....
Кога ке се начука не знае што прави и ме ставил во лоши ситуации околу кршење по улици ,тепачки ,и 300 глупости али никогаш ,никогаш не изразил желба да вози кола ,нешто што долго време не можев да го разберам ,а се работи за менталитет ..Најголема караница ми беше со него кога ми се истури малку глицерин во сервис и ме фати за гуша како да сум убил човек...
Истиот тој човек работи во приватна фирма и до сега многу пати се има јавено во синдикат поради скратена пауза или несоодветна заштитна облека,и за све има добиено надокнада.
Овде малите деца првите работи кои ги учат во градинка е бројот на СОС за деца...
Се работи за менталитет на народот кој се гради и мора да почне од некаде ,не ми кажувај за прости и лесно манипулирани луѓе ..
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Меѓународниот монетарен фонд бара струјата да поскапи најмалку за 40 отсто до 2015 година
Наместо од април, како што се најавуваше, струјата поскапува од 1 март.

Регулаторната комисија за енергетика на вчерашната подготвителна седница ја утврди новата цена, која ќе биде повисока за 5,48 проценти. Но тоа е само првата рата од струјниот шок што ги очекува граѓаните. Ново и поголемо поскапување се очекува наесен, кога ќе легне и прашината од изборите. До крајот на годината цената би требало да се зголеми за над 10 проценти во однос на сегашната, велат нашите извори, кои се повикуваат на двоцифреното поскапување на струјата во Србија деновиве, а пред Нова година и во Албанија. Меѓународниот монетарен фонд бара струјата да поскапи најмалку за 40 отсто до 2015 година. За академикот Томе Бошевски нема дилеми дека трендот на поскапување на електричната енергија ќе продолжи и во наредниот период.

- Времињата на евтина електрична енергија се поминати. Неопходни се значајни инвестиции за постојните термо-капацитети да продолжат да работат во наредните 10-15 години, а тоа некој треба да го плати - смета тој.

Бизнис-заедницата веќе изрази загриженост поради порастот на цените на енергенсите, што се одразува на нивните трошоци на производство. Загрозен е стандардот и на граѓаните. Зголемувањето на цената на струјата ќе повлече и ново поскапување на прехранбените продукти, транспортот и услугите. Нови повисоки цени веќе добија лебот, маслото, месото, млекото, а рапидно се зголеми и цената на шеќерот. Случувањата во Либија предизвикаа неконтролиран пораст и на цената на нафтата на светските берзи.
Во однос на цената на струјата, дознаваме дека страстите особено зовреле по најавите за брзи предвремени извори. Енергетските компании биле во паника поради можноста, заради купување социјален мир, Владата да го одложи поскапување на струјата за по изборите. Најголемите енергетски компании уште лани бараа поскапување, бидејќи актуелните цени им носат загуби и не им ги покриваат трошоците во работењето. Од ЕЛЕМ вчера изразија незадоволство од процентот што го добиле со најавеното поскапување на струјата.

- Не сме во целост задоволни, бидејќи иако крајната цена е 5,4 отсто, ЕЛЕМ во таа цена учествува само со 0,6 отсто, што значи поскапувањето како резултат на инвестициите што ги правиме не е големо во крајната цена на електричната енергија - вели директорот Влатко Чингоски.

Според претседателот на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), Димитар Хаџимишев, најавеното поскапување на електричната енергија нема да влијае на инвеститорите.

- Ако секоја одлука на РКЕ влијае на инвеститорите, тие нема да доаѓаат и да инвестираат. Станува збор за тековно усогласување на цените, а не за некое поскапување на електричната енергија - смета Хаџимишев.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2261188466&id=10&prilog=0&setIzdanie=22217

Владата се задолжи со нови 10,3 милиони евра преку издавање државни записи и покрај најавите дека во 2011 година ќе се откаже од тоа. Од почетокот на годинава Владата издаде записи во вкупна вредност од речиси 90 милиони евра и со тоа не ги исполни своите ветувања дека годинава ќе се воздржи од задолжување на домашниот пазар, а за да остави повеќе пари во оптек што банките би ги пласирале кај фирмите и кај граѓаните.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во повеќе наврати на крајот од минатата година, кога го претставуваше предлог-буџетот за 2011 година, укажуваше дека Владата ќе го финансира буџетот од надворешни извори, а не преку домашно задолжување.

- Можно е целосно да го исклучиме домашното задолжување, односно на нето-основа во 2011 година тоа да изнесува нула наспроти 4 милијарди денари оваа година. Така ќе им оставиме повеќе пари на банките да ги финансираат стопанството и граѓаните – рече Ставрески во октомври минатата година.

Меѓутоа Министерството за финансии уште во почетокот на јануари годинава, а сега и во почетокот на февруари одржа аукции на државни записи со кои се задолжи со 89 милиони евра. На аукциите, државните записи се издаваа со камати од 4,10 и 4,15 и 4,20 отсто, во зависност од времетраењето на достасување и од тоа дали станува збор за записи со или без девизна клаузула.

Во Министерството велат дека е невозможно наеднаш да се прекине со издавање државни записи, бидејќи станува збор за финансиски извор преку кој се плаќаат веќе достасаните записи од минатиот период. Оттаму велат дека постепено се намалува износот на издадени државни записи и дека нема зголемување на домашното задолжување.

На веб-сајтот на Министерството за финансии може да се види дека Владата планира нови задолжувања преку државни записи, и тоа преку одржување уште две нови аукции во март годинава. Интересно е што Владата веќе го озакони заемот од ММФ со кој на Македонија и беа ставени на располагање околу 480 милиони евра. Воедно се планира и задолжување преку издавање нова еврообврзница. Ставот на Владата е дека засега нема потреба да се трошат парите од ММФ.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2261186283&id=10&prilog=0&setIzdanie=22217
 
Kajgana Shop

На врв Bottom