Фан клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Роналдо најверојатно ке биде стартер. (ту бе, еден изговор помалце :))
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
^Немаме среќа. :) Но сепак Игуаин отсуствува и тоа ќе ни биде изговорот. :D
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Шознам, ДиМарија игра последниве натпревари како прероден, многу ми се свиѓа, и затоа излезе од игра за да стартува во Лион. И Бензема според мене ќе стартува, може да се менуваат Роналдо шпиц Бензема лево, и обатно.
Абе игра одлично, али најдобра опција е да биде на клупа, тој или Роналдо. Исто, ако бараме и играч кој може да внесе живост и свежина, тоа би можело да се направи со Марсело. т.е. таков играч е и он. Арбелоа да почне, па ако треба малиот ќе влезе.

Како и да е, Бензема нејќам да го видам како 9ка, бар не сеуште... :)
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Benzema (14.03.11 - As):
П: Пред Hércules, минатата сабота, повторно постигнавте два гола. Што ви е, Karim? Како се објаснува овој фантастичен период?
КВ: Повторно се најдов себе си, моето вистинско ниво. Работам многу на тренинзите и резултатот се забележува на натпреварите. Ова е добар период од мојата кариера и знам дека морам да го ...искористам. Сега се што правам испаѓа добро. Имам среќа и давам голови. Многу сум задоволен.
П: Веќе 19 голови оваа сезона со Real Madrid. Почнува да мириса добро. Ги броите?
КВ: Не, не ги бројам. Бројот на голови не е најважен, важен е секој натпревар. Секој натпревар е нов предизвик и не сакам да спијам на успесите. Кога почнува еден натпревар не мислам на тоа што сум го направил, туку на тоа што треба да го направам.
П: Против Hércules, без Cristiano на терен, вие бевте шеф на нападот. Ве видовме правејќи гестови кон играчите, наредувавте....
КВ: Не знам дали бев шеф, како што викате вие, но точно е дека се чувствувам многу добро физички, бев присутен на многу напади на екипата и истрчав многу. Се врати играта на Karim играта на големите движења и постигнувања.
П: Зборувате многу повеќе со соиграчите во текот на натпреварот и на тренинзите. Мора да признаете дека нешто се промени...
КВ: Сега подобро зборувам шпански и полесно се комуницира. За мене најважно е да можам добро да комуницирам со соиграчите на терен и тоа го правам.
П: Беше тежок удар за вас тоа што не бевте стартер против Lyon на првиот натпревар. После трите последователни натпревари со по два гола, мислите дека во среда ќе бидете стартер?
КВ: Искрено, не знам дали ќе бидам стартер. Играме ЛШ, не верувам дека стартната 11ка ќе биде истата како против Hércules, но јас сум подготвен за секоја одлука на тренерот. Работам за Mourinho да ме стави стартер против Lyon.
П: Сакате да дојде тој ден.
КВ: Секако, човече. Кој сака да седи на клупа на таков натпревар? Никој! Сакам да ги играм сите натпревари, но одлуката ја донесува Mourinho. Ќе видиме што ќе се случи на денот Д.
П: Како се подготвува екипата за овој витален натпревар?
КВ: Откако заврши натпреварот во саботата мислиме само на Lyon. Веќе 6 години Real Madrid не поминува осмина финале и сега сме на само 90 минути да го прекинеме тоа и да се квалифицираме за четврт финале. Не е мала работа. Се надевам публиката ќе биде присутна и ќе не однесе во четврт финале.
П: Зборувавте со пријателите од Lyon?
КВ: Ми стигнаа некои пораки, но сигурен сум дека ќе примам повеќе до среда.
П: Lyon повторно покажа дека е тешка и многу добро организирана екипа. Ќе биде многу потешко од, на пример, против Hércules.
КВ: Знаеме дека кога доаѓа ЛШ секоја екипа има повисоко ниво. Логично е. Lyon е многу солидна екипа. Знаат дека мораат да нападнат за да дадат гол, бидејќи резултатот од првиот натпревар е во наша корист. Но ги познавам многу добро и свесен сум дека сите нивни играчи ќе бидат многу добро поставени на терен, нема да остават многу простор, ќе напаѓаат без да заборават да бранат. Затоа мораме да одиме на победа од првата минута.
 

Nikolic

Џентлмен
Член од
8 април 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
68

Ај сите да ја ставиме оваа слика секаде дека моземе, за да му дадеме подршка на Реал Мадрид во дуелот со Лион
HALA MADRID
VAMOS REAL
Сликава ме потсека на ланската на барса во полуфиналето REMONTADA,така да не сакам да си правам малер :nenene::pos2:
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
495
Поени од реакции
83
Di Stefano (14.03.11 – articulo Marca): Го ‘убивме‘ Hércules, ќе го ‘убиеме‘ Lyon?
Бидејќи сум еден од најпризнатите играчи во историјата на фудбалот, навикнат сум да давам интервјуа и да зборувам во јавност. Освен случајни прашања за мојот вкус и некои мои интереси, речиси секое интервју беше само за фудбал. Луѓето сакаа да знаат како ги постигнувам моите успеси, како тренирав, што јадев, како ги проучував ривалите. Тајната на мојот успех беше во довербата која ја имав во своите квалитети и довербата во мојот господин Santiago Bernabéu, ‘El Chato’ од Албасете.
Во саботата, седнат на една клупа, помеѓу многу прегратки, бакнежи, ракувања кои им ги дадов на членовите на клубот на церемонијата на доделување на брошовите, слушнав како Florentino му ја даде својата доверба на Mourinho и верувајте ми тоа беше најсилниот аплауз на церемонијата. Речиси ќе паднев, да не беше мојот бастун и луѓето околу мене. Им благодарам.
Саботната вечер беше зачинета од еден Французин на терен. Треба да се забележи колку многу голови даде Benzema без да игра на секој натпревар 90 минути. Се разви во еден квалитетен централен напаѓач кој сам решава натпревари со авторитет. Првиот гол кој го даде беше од многу тежок агол. Или со други зборови, Karim воопшто не е од оние централни досади кои само се бројка во некои екипи.
Hércules, со широки колкови во средните линии, добро работеше со раце и не ги тргна без разлика на тоа што го правеа белите. Во тој момент добив впечаток како да се на пазар на кој они носеа добри јаболка, круши, портокали од Аликанте додека ние пазаревме.
Нешто што се повторува на ваквите натпревари е работата на голманите кои играат против Real Madrid, како Calatayud, но не заборавајте да го прашате за Dolores (болката) или болките кои ги почувствува кога ги прими нашите голови.
Ако Hércules ‘уби‘ еден лав, а ние ‘убивме‘ еден Херкул, ќе можеме ли да ‘убиеме‘ еден Lyon? И ако јас се родив во Буенос Аирес и ако мојот покрив беше небото, зошто оваа ЛШ да има покрив?
Слабите точки на Французите многу добро ги дефиниравме на првиот натпревар. Имаа свои ранливи точки, без да го земеме во предвид тоа дека ќе направат сé што е потребно за да победат и ова не е било каква детска игра. Овие Французи имаат не знам што, така да да бидеме храбри, затоа што како што кажа Наполеон Бонапарта “само битките против жените се добиваат бегајќи“. Ако сакаме да го гледаме “Патот од рози“ подобро е да победиме.
Освен музикалноста на акциите на Real Madrid, мене ми предизвикува посебно чувство, а верувам и на оние на трибини, кога сме сите едно во вакви клучни моменти. Натпреварот оваа среда ќе биде игра на размена, како оние неверојатни моменти кога платата се поместува од својата оска и цел свет го гледа тоа. Веќе нема да бидеме елиминирано од Olympique. Се работи за тоа да се предизвикаме самите себе. Да ризикуваш за да победиш автоматски го вклучува и оној ризик за пораз, но вредноста на едното и другото е различна.
Моето мото секогаш е “Јас сум бик во мојата арена и супер бик во туѓата“. Би сакал сегашните наши играчи да се инспирираат од нас, од минатото, од Pepe Santamaría, Gento, Puskas, Amancio…. Сите излегувавме на терен во напад од самиот почеток, одлучно и ефикасно.
Во саботата, после натпреварот, во ресторанот каде што вечерав имав голема среќа да се сретнам со Higuaín, мојот другар од базените на Valdebebas. Пред мене е во подготовките, набрзо ќе се врати на терен. Јас, во моментов се уште тренирам и чекам Мou да ме стави во некоја 11ка.

За Mourinho: Внимание на овие стапица – натпревари, екипи како Hércules можат непријатно да не изненадат.

Ми се допадна: Начинот на кој ја допиравме топката, со квалитет, сигурни и цврсти додавања, знаеме што сакаме да подобриме и се забележува довербата при допирите на топката. Тоа прави да гледаме монолог на терен, како во моите времиња, кога јас бев играч.

Не ми се допадна: Нашите можеа да притиснат повеќе и да добијат подобар резултат ако беше потребно. На моменти ми изгледаше дека ритамот е многу спор. Промената на ритам е стратегија за напад, речиси без грешка.
Kolku fanovi ima Real Madrid vo Makedonija?
 

BATISTUTA 9

Fiorentina-Partizan-Real
Член од
17 мај 2008
Мислења
2.085
Поени од реакции
266
дечки сакате да гледаме заедно?! да се организираме ко со Дедо Мики... многу кул си поминавме тогаш со песна се вративме :) :) :)
еве јас давам прв глас кој друг сака нека пише ПП или овде јавно нека биде... јас ќе најдам место негде у центар еве може и у Irish Pub пак...
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Најдобро би било ако се собереме како кај Филе коа бевме едно 15 души...

П.С. На Вицко му се иде премногу, сакал да ве запознае(лапа):icon_lol:
 
Член од
5 април 2009
Мислења
874
Поени од реакции
75
Jaс би рекла исто ко Мурињо....
Лион е тежок тим со искуство и традиција во ЛШ,но очигледно е дека не можеш да ги добиеш сите игри.Некогаш,некој ќе те запре и ќе бидеш елиминиран.Значаен клуч во среда ќе биде: 12 играчи.Затоа ќе биде доста полесно.Ако Бернабеу одговори позитивно,ние ќе имаме во предност освоена утамица и ќе бидеме посилни....

И најверојатно е дека во Среда нема да се вкл.....па уште сега да ви честитам пролаз во Најдобрите 8 :)
Hala Madrid <3 <3
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.206
Поени од реакции
25.394
Абе дај да се организираме, најсериозно да се собереме да гледаме.. ја сум ЗА! Ако има луѓе и ако се гледа негде, рачунајте ме мене.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Дамир Скомина, словенецот кој судеше и на утакмицата со Ајакс во прво коло ќе суди со Лион.



И ти си Реал Мадрид! :)
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Дамир Скомина, словенецот кој судеше и на утакмицата со Ајакс во прво коло ќе суди со Лион.



И ти си Реал Мадрид! :)
Роналдо и Бенз се опасни на сликава со поглед им кажуваат на Лион...немојте да се е***е со нас:tv:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom