Mourinho (31.12.2010 – •A Bola•):
П: Florentino Perez рече дека Real Madrid е најголемиот предизвик во вашата кариера. Се согласувате со тоа?
ЈМ: Го имам тоа чувство, но претседателот не објасни зошто.
П: Вие зошто мислите дека е вашиот најголем предизвик?
ЈМ: Мислам дека он е во право. Ова е најголемиот предизвик во мојат...а кариера.
П: Можеби затоа што е најтежок предизвик?
ЈМ: Токму така. Ова е најтешкиот предизвик, без сомнеж. Кога ја освоив ЛШ со Porto мислев дека тоа беше најголемото нешто во мојот живот. Потоа ја освоив со Inter и мислев дека го достигнав врвот и дека од тој момент се ќе оди полесно.
П: Ги сфаќате оние кои викаат дека не е ваша задача само да создадете екипа – шампион, туку дека таа екипа треба да игра добро?
ЈМ: Ако тоа е предизвик во Real Madrid, тогаш е остварен предизвик. Real Madrid игра многу добро. Без да издвојуваме натпревар по натпревар, како оној против Levante, кај што требаа да посадат компири на терен за да не можеме да играме, но игравме добро. Имаме офанзивна игра и атрактивна и постигнуваме многу голови. Зборувам за тоа кога играме со Di María, Higuaín, Cristiano, Ozil, Ramos и Marcelo, затоа што Real Madrid нема 22 исти играчи, нема два играчи за една позиција, Real Madrid има екипа која страда кога некој играч е повреден или санкциониран. Со исклучок на играчите од средина, четворицата се подготвени да играат без никакви осцилации, имаме некои слаби точки.
П: Кога нема двајца играчи за иста позиција е хендикеп за Real Madrid да освои титула оваа сезона?
ЈМ: Тоа е голем хендикеп, но Real Madrid е клуб во кој не смееш да бараш оправдувања. Дојдов во клуб кој минатата сезона ги купи Cristiano, Kaká, Benzema, Xabi Alons, Albiol, Arbeloa, кој потроши ненормално многу пари. Ако треба да купам играчи во моментов ќе ги потрошам парите на еден поурамнотежен начин. Оваа сезона баравме играчи со комплетно друг профил за да ги урамнотежиме бројките.
П: Потешко е да се освои оваа сезона ЛШ со Real Madrid отколку што беше со Porto или Inter?
ЈМ: Не сакам да одам во таа насока, затоа што сега имам многу посупериорни играчи. Кога квалитетот на играчите е важен аспект во конструкцијата на екипата и во развојот на екипата не можам да правам такви споредби. Ќе биде контрадикција на квалитетот на мојата екипа. Никогаш не го имав Cristiano Ronaldo во моите претходни екипи, никогаш не го имав Xabi Alonso кој може да додаде на 40 метри со затворени очи. Најтешка задача е се она што се однесува на структурата која ја опкружува екипата и она што влијае за екипата да победува, тоа е најтешкото. Но тука сум 6 месеци, се надевам за една година ќе имам друга визија на нештата.
П: Може да се подобри клубот?
ЈМ: Се надевам. За тоа дојдов.
П: Наивно беше да изгубите 5-0 на Camp Nou?
ЈМ: Многу нешта беа, и наивно исто така.
П: Многу пасивно реагиравте на тој натпревар.....
ЈМ: Искуството на клупа ти кажува кога е можно да се направи нешто за да се помогне и кога не е можно и дали може или не може да се промени нешто на натпреварот.
П: Зошто толку многу ве изненади Di María?
ЈМ: Затоа што сите знаеја дека има голем талент, но непостојан. Го гледав како игра одлично на некои натпревари, на други добро, на трети лошо. Мислев дека ќе му треба време за да созрее, затоа што ова е клуб со големи барања и јака конкуренција. Благодарение на неговиот менталитет, скромност, желба за работа, успеа да надмине се и да го освои она што најтешко се освојува, публиката на Bernabéu. Многу е потешко да ја освоиш публиката на Bernabéu, отколку да го освоиш тренерот или соиграчите.
П: Cristiano ќе биде подобар како централен напаѓач?
ЈМ: Не.
П: Има многу тренери кои дебатираат околу тоа.
ЈМ: Може да игра како централен напаѓач, во систем на контра напади и со слободен простор, затоа што е брз играч, агресивен, во ситуации еден на еден може да најде добри позиции, но губи во долги напади, кога игра со грб кон обраната. Подобар е кога игра како “лажен“ екстрем, во ситуации кога е заштитен во слободен простор. Не треба да биде крило, не треба да работи во одбрана, не треба да биде фиксен. Во Real Madrid го имаме Marcelo кој напаѓа од надвор и двајца централци, во случајот Xabi Alonso кој штити во одбрана. Cristiano е “лажен“ екстрем, игра 10 или 15 метри меѓу нападот и средниот ред, на недефинирана позиција, каде што има слобода за ги покрие сите празнини на нападот без страв дека потоа ќе ја изгуби својата позиција затоа што при одбрана неговото место е покриено.
П: Потребно е да се конструира екипата во функција на Cristiano....
ЈМ: Да. Кога имаш таков играч, екипата мора да биде во функција на тој играч, треба да создаваш ситуации за тој играч да биде успешен. Кога он постигнува најголема ефективност, сите јадеме. Кога он постигнува 20, 30 или 40 голови во една сезона, сите имаме профит. Создаваме ситуација во која он се чувствува комотно. Со менталитетот кој го има, екипен играч е и покрај тоа што е, прави се што треба да се направи. Ако треба да игра како централен напаѓач, игра, ако треба да брани, брани. Тоа го прави голем. И покрај тоа што е голем индивидуалец, е и екипен играч.
П: Iniesta ќе биде следната Златна топка....
ЈМ: Да. И беше 5 месеци повреден. Не го ставам под прашање неговиот квалитет како играч, но точно е дека беше 5 месеци повреден, 5 месеци не играше.
П: Но го даде голот на финалето....
ЈМ: Го даде голот на финалето, како што можеше да го даде било кој лев или десен бек, речиси анонимен. Ако Iniesta ја добие Златната топка мислам дека ќе биде неправедно, но не е никаков проблем, ниту пак нешто фундаментално во животот, затоа што сме дел од колективен спорт...
П: Работата на клупскиот тренер има важна улога, која потоа му помага на селекторот?
ЈМ: Ако Del Bosque, човек кој многу го почитувам, ја освои Златната топка, барем ќе ја добие некој кого многу почитувам и ми се допаѓа. Ќе бидам среќен, затоа што му се случуваат убави работи во кариерата, која е долга. Но едно е да бидеш селектор, и друго е да бидеш тренер.
П: Ви се допаѓа некој играч од португалското првенство?
ЈМ: Не го следам многу. Ми се допадна многу Silvio на натпреварот Braga-Sevilla. Не го познавав, ниту пак знаев дека е Португалец, ни колку години има. Ми се допаѓа тој тип на играч. Другите играчи како Falcao, Hulk... кои веќе ги познаваме. Големи играчи се во Португалија, но надвор о Португалија ќе треба да исполнат многу услови за да успеат.