Прво се радуваме што победивме голем клуб како Манчестер Јунајтед,да не дојде до забуни,но ние не се радуваме за тоа што демек сме во игра за титула,се радуваме што го престигнавме Тотенхем на 4-тото место.
Во врска со натпреварот.
Во првото полувреме беше изедначено.И со посед на топка и со акции и шутови кон гол.Можеби за нијанса Јунајтед беше подобар.Во второто полувреме беше сосема друга ситуација.Челзи стисна,немаше што да изгуби,се отвори малку повеќе и тргна кон голот на ВДС.И тоа се исплати.
После отпадокот во шеснаест,Луиз се најде на вистинското место и со надворешен фелш погоди.
Челзи имаше иницијатива и напаѓаше после тоа и очигледно дека сакаше победа.
Е сега спорните моменти:
1.Аткисон требаше да го исклучи Луиз,односно да му даде втор жолт картон.
2.Пеналот за Челзи беше дискутабилен.Не се знае точно дали Жирков налета на Смолинг или пак Смолинг го фаулираше него.Судија кога ќе види дека играч паѓа во казнет простор без двоумење свири пенал,па затоа можеби и овој нослаков го направи тоа.
3.Црвениот на Видиќ исто така беше оправдан.Дури и тој не се бунеше толку,затоа што знаеше дека не е во право.
4.Имаше и други ситни ситуации кои можеби судијата ги досуди во корист на Челзи,го признавам тоа.Но,очигледно е дека судењево во Англија годинава е катастрофално!
Како и да е,утакмицава беше можеби најдобра сезонава во Премиер Лига и не за џабе го заслужува епитетот најголемо дерби во последниве 5-6 сезони.И двете екипи играа отворено како што доликува.Челзи беше малку по гнасен и по пргав,но тоа и се очекуваше.
Исто така сакам да кажам дека играчите на Манчестер пред се,се понашаа многу фер,коректно и професионално на терен.Ме изненадија максимално.Ние бевме по кретенски настроени во тој поглед,одколку Манчестеровци.
Секоја му чест и на капитенот Видиќ на крај кога беше исклучен што се поздрави со крмаков наш Анчелоти.Само големите играчи го прават тоа.
И да,Јунајтед беше малце оштетен,да го признаеме тоа,но и Челзи заслужи да победи искрено да зборуваме.Но,немаше да биде и незаслужено ако и Манчестер победеше.
п.с.Овој нивни пораз нема да влијае врз нив.Пак мислам дека ќе си бидат шампиони сезонава.Да ми извинат навивачите на Арсенал,но според мене работите стојат така.
Поздрав до сите и за овие моменти вреди да се живеее,независно за која екипа си!