Човек излечен од СИДА!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mr.Shankly
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 август 2010
Мислења
77
Поени од реакции
11
За првпат, еден пациент заразен со ХИВ вирусот е прогласен за излечен. Околностите под кои Тимоти Реј Браун го преживеал тешкиот третман се малку необични, меѓутоа со овој случај се отвораат нови можности за лекување на неизлечивата болест.

Браун, кој има 41 година, пред само три години стравувал за својот живот поради дијагнозата - леукемија. Поради тоа, бил подложен на хемотерапија, која сосема му го уништила имунолошкиот систем.

Заразата со ХИВ била ставена во втор план, затоа што истата веќе подолго време се смета за болест која може да се контролира со правилна терапија. Начинот на кој е искоренет вирусот може да се каже дека е нус појава на третманот со пресадување матични клетки, што Браун го доби во една болница во Берлин.

Донорот на коскената срж имал специфична генетска мутација, што го прави речиси имун на ХИВ. Откако пациентот ја преживеал операцијата што не ја преживуваат речиси третина од сите пациенти, здравата коскена срж што ја добил му го обновила имунолошкиот систем. Браун бил надгледуван некое време, за докторите да бидат сигурни во наодот кој гласи - Тимоти Реј Браун е излечен од ХИВ.

Извор: http://365.com.mk/statii/zdravje/6995-chovek-izlechen-od-sida
 
Секоја чест за докторите.Ова е голем напредок и надеж е за многу болни од хив.А тоа за тој донатор кој имал специфична генетска мутација и е имун на хив може некако вештачки да се произведе такво нешто и да се искористи за други пациенти или ке мора само такви донатори да се бараат?
 
Научници од Германија тврдат дека успеале да излечат човек од ХИВ инфекција, пренесува CNN.

Во студијата објавена онлајн минатата недела во списанието Blood стои дека истражувачите од медицинскиот факултет на Kaрите Универзитетот од Берлин излекувале човек инфициран со ХИВ кој исто така имал миеолидна леукемија - рак на имунолошкиот систем - преку уништување на неговиот имунолошки систем со хемотерапија и радијација, по што му трансплантирале матични клетки.

Во времето на трансплантацијата кое се случило во февруари 2007., тој престанал да зема анти-ХИВ медикаменти. Тринаесет месеци подоцна пак, откако леукемијата се вратила, тој бил подлегнат на втор третман придружен со уште една трансплантација на матични клетки од истиот донатор.

Матичните клетки на донаторот содржеле ретка генетска мутација која ги правела природно отпорни на ХИВ инфекција, сметаат авторите на студијата предводени од Кристина Алерс која претпоставувала дека ХИВ-от сигурно ќе се поврати со текот на времето. Но, тоа не се случило.

По три години без анти-ХИВ медикаменти, пациентот не покажува знаци ниту на леукемија, ниту на ХИВ репликација, а неговиот имунолошки систем е вратен во нормална состојба, известуваат истражувачите, заклучувајќи дека “нашите резултати силно сугерираат дека излекувањето на ХИВ е постигнато кај овој пациент“.

Сепак, другите стручњаци за СИДА сметаат дека овој извештај ќе има мало влијание во праксата.

„Ова е веројатно лек, но доаѓа со висока цена“, рекол др. Мајк Саг, професор по медицина и директор на СИДА центарот во Бирмингам.

“За некој да ги прифати клетките на донаторот, неговиот имунолошки систем мора да биде уништен, а тоа е многу опасен третман“, рекол Саг за CNN во телефонско интервју. „Дури и ако некој не почине од трансплантацијата, постојат компликации со кои е многу тешко да се живее“, објаснил тој. Имено, постојат случаи кога клетките на донаторот го напаѓаат телото на пациентот, па трансплантацијата се покажува како фатална.

Уште еден минус на овој третман е тоа што би чинел стотици илјади долари за секој пациент, па би бил недостапен за многу луѓе.

кајгана

Ова е напредок, но реално има уште многу работа.

BTW: Зошто темата е во ЧДА?
 
Ќе ја преместам во Здравје.

Инаку ова е одлична новост и дефинитивно е помрднување од мртва точка. Браво!
 
Статистички гледано треба да си стварно ретардиран да се нафатиш на ваков зафат. Со ХИВ можи да имаш нормален живот до неопределен временски период, а со оваа постапка шансите да умриш на самиот зафат се 33%.

Во секој случај е некаков почеток за понатамошни испитувања.
 
За првпат, еден пациент заразен со ХИВ вирусот е прогласен за излечен. Околностите под кои Тимоти Реј Браун го преживеал тешкиот третман се малку необични, меѓутоа со овој случај се отвораат нови можности за лекување на неизлечивата болест.

Браун, кој има 41 година, пред само три години стравувал за својот живот поради дијагнозата - леукемија. Поради тоа, бил подложен на хемотерапија, која сосема му го уништила имунолошкиот систем.

Заразата со ХИВ била ставена во втор план, затоа што истата веќе подолго време се смета за болест која може да се контролира со правилна терапија. Начинот на кој е искоренет вирусот може да се каже дека е нус појава на третманот со пресадување матични клетки, што Браун го доби во една болница во Берлин.

Донорот на коскената срж имал специфична генетска мутација, што го прави речиси имун на ХИВ.
Откако пациентот ја преживеал операцијата што не ја преживуваат речиси третина од сите пациенти, здравата коскена срж што ја добил му го обновила имунолошкиот систем. Браун бил надгледуван некое време, за докторите да бидат сигурни во наодот кој гласи - Тимоти Реј Браун е излечен од ХИВ.

Извор: http://365.com.mk/statii/zdravje/6995-chovek-izlechen-od-sida
Да.Таа генетска промена е ретка кај луѓето мислам дека 1 од 20 луѓе ја имаат.Благодарение на ова некој болен од ХИВ живеел доста подолго од предвиденото и имал доста добри подобрувања од лековите против ХИВ.Можеби е истиот кој е излечен.
 
Дали го прочита тоа погоре?

На темата: Го постирав во соодветната тема пред три ипол саати, тука само линковите од извештајот
http://www.nejm.org/doi/full/10.1056/NEJMoa0802905

и за генетската мутација на донорот
https://secure.wikimedia.org/wikipedia/en/wiki/CCR5#CCR5-.CE.9432
 
Не си баш јасен во постот: го излечиле од хив или од сида???? Не мешај едно со друго
 
Дали го прочита тоа погоре?

На темата: Го постирав во соодветната тема пред три ипол саати, тука само линковите од извештајот
http://www.nejm.org/doi/full/10.1056/NEJMoa0802905

и за генетската мутација на донорот
https://secure.wikimedia.org/wikipedia/en/wiki/CCR5#CCR5-.CE.9432
Да за ова зборував.
 
Најтрагично е шо болеста може и сама да се повлекла (нечесто се случува но постои шанса) а во тој момент бил пациентот под третман и си мислат дека третманот го излечил.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom