Amazon (официјална тема)

  • Креатор на темата Гоццццце
  • Време на започнување

FeliXxX

Нинџа
Член од
27 април 2010
Мислења
808
Поени од реакции
282
Знам дека има претходна тема за амазон ама веке не ми изгледа активна па затоа направив нова...
Од амазон мислам дека не пракаат во Македонија и има риселери што пракаат во македонија...па ако сакате можеме да направиме листа на тие риселери што пракаат во македонија со мал шипинг..и јас знам некои ке ви ги кажам.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Освен електроника, (скоро) сЕ друго испорачуваат од Amazon.com и Amazon.co.uk во Македонија. И Amazon.de испорачуваат, само треба да знаете германски или може да се послужите со гугл транслејт :)
 
FeliXxX

Нинџа
Член од
27 април 2010
Мислења
808
Поени од реакции
282
Освен електроника, (скоро) сЕ друго испорачуваат од Amazon.com и Amazon.co.uk во Македонија. И Amazon.de испорачуваат, само треба да знаете германски или може да се послужите со гугл транслејт :)
ова конкретно е за амазон.ком...а таму освен риселери не прака никој друг во мк било какви работи..отвори да видеш дека само амазон има domestic shipping ...а за риселери ајде неколку да ви кажам 80's HDE Importer520 Urban Baundaries :)
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Јас имам нарачувано од амазон.ком и праќаат за МК.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Абе може праќаат некој..ама кога ќе ти опне по 30-40$ по шипмент...испаѓа шипментот поскап од продуктот...
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
Ја сакам да си земам Киндле, некој збореше има земено ако го прочита ова нека пише што како идеше све колку би ме чинело :)
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333

Тоа му беше и поентата на дечкото што ја отвори темата, кој нашол продавач со ефтин шипинг, да го сподели, па и другите да му видат аир.
Ај еве од мене неколку, некои сум ги пробал, некои не:
Bostic Outfitters - електроника и апарати за домаќинство, достава 17$ (10+7 по парче)
Just do it 4 less - облека, 5$ од пратка + 8$ по фунта тежина
Gravity Trading - облека, торби... 10$ + 3$ по фунта
Red Rhino Sports - спортска опрема (малце чкартна) 6$ по фунта
Shaver Outlet, Inc. - апарати за бричење 10$+10$ по фунта
The Source Group - цвикери, капчиња, ефтини дрангулии - достава 6$ за цена до 10$, 13$ до 20...
ProMax Commerce - апарати за домаќинство, алати, спортски реквизити... 15$+5$ по фунта
UltraD INC - облека - достава под 10 долари во зависност од цената на пратката
Dress Code Clothing - облека, цвикери - достава околу 20 долари во зависност од сумата
KegWorks - ствари за пиво, за алкохол, чаши, апарати поврзани со тоа... 14$+4$ по фунта
Watchespro - часовници - нешто под 12$ достава (1$ + 10$ од парче)
Captain Dave's - војничка/ловечка опрема 8$+5.5$ по фунта
SHOE STRUCTURE - обувки - 25$ достава
Heart & Sole - обувки - 10$ + 6$ по фунта
MFOStore - мем. картици, кабли, компјутерски ситници - околу 13$ достава
Simply Order - играчки конзоли и ствари за нив, игри, некакви други цд-а... - 11$ достава
VPGames
- слично на претходната - 10$ достава
Hitgaming Video Games - исто - 15$ достава
AdultFunShop - продавницава е за сексуални помагала, ама битна е пошто покрај тоа продава и Dreambox - 20$ достава
SilverSpeck - накит - 8$ достава
Car Beyond Store - производи за автомобили - достава зависно од сумата, до 20$ - 10$ за достава, до 30$ - 15$...
Rally Tennis - одлична продавница за тениска опрема - достава околу 20 долари зависно од сумата
Into The Wind
- играчки - 25$ достава
Racquet Amazoon - тениска опрема, 15$+8$ по фунта
BikeZilla Bike Shop - опрема за велосипеди, достава 8 односно 15$, зависно од сумата
BicycleSupply - опрема за велосипеди - достава 3$ + 8$ по фунта
Serious Shops - играчки и Ravensburger слагалици - 13$ + 7$ по фунта

Мислам дека се доста овие. Некои ги менуваат тарифите, некои престануваат да доставуваат до Европа, се појавуваат нови постојано, па треба да се бара. Ако му помогнав некому, супер, ако не, здравје.

Јас земав Киндл, тоа беше почеток на Септември, но мислам не се променети цените. 160 долари платив на Амазон, целосно со се доставата. Стаса за неколку дена преку UPS, и на нив тука им платив за царина, данок и шпедитерски услуги, ми се чини 3 илјади и нешто, заборавив колку беше точно.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
Јас земав Киндл, тоа беше почеток на Септември, но мислам не се променети цените. 160 долари платив на Амазон, целосно со се доставата. Стаса за неколку дена преку UPS, и на нив тука им платив за царина, данок и шпедитерски услуги, ми се чини 3 илјади и нешто, заборавив колку беше точно.
Цената е 139 долари само за киндлето без достава (не ми треба мене тоа киндлето со 3Г)
Е сеа со достава незнам колку би чинело(не најдов) и како да одберам каква достава. ајде кога ќе дојде време за тоа да го земам ќе биде негде почеток на фебруари ќе те контактирам да кажеш подетално ако не се снајдам.
Нешто што ме збуни е, пишува ќе дојде со амерички адаптер (бар ја така сватив). Има некоја врска тоа или погрешно сум разбрал?
И како си задоволен од киндлето?
 
139 е уредот, за достава треба уште 15+6 долари, значи се на се 160 треба да му исплатиш на Амазон за да ти го испрати. Не ти треба со 3G, се согласувам, доста е поскапо, и скоро непотребно, а Киндл-от и онака може да се конектира на Wi-Fi.

Тоа за америчкиот адаптер си го прочитал кај америчкиот модел на Киндл. Кога ќе нарачуваш ќе треба да го одбереш Европскиот модел, и тој иде без никаков адаптер за струја, само УСБ кабел за поврзување со компјутер, а преку него истовремено се полни батеријата. За европски адаптер за у струја ќе треба да доплатиш ако сакаш да го имаш, а со оглед дека тоа е дваесетина долари повеќе, мислам дека полнење на компјутер е сосема добра опција. Башка батеријата со едно полнење трае 3-4 недели. А мислам таков адаптер ќе најдеш и тука, ништо специјално, на 5 волти работи.

Што се однесува за доставата, нема опции за бирање, значи само приоритетна испорака нудат, преку UPS. Ако имаш некој во Америка што би идел навака скоро, можеш да го нарачаш таму, па да ти го донесе. Ќе заштедиш 20$ на достава, и на царинските формалности тука кои како што ти кажав не се ефтини.

И на крај, задоволен сум, иако не го користам лично, за поклон го зедов, но го тестирав колку толку, сепак за некој што сака многу да чита е одличен избор. Пушта PDF фајлови, што е најбитно, па лесно се наоѓаат книги.
 
FeliXxX

Нинџа
Член од
27 април 2010
Мислења
808
Поени од реакции
282
Протеини амино..и разна хемија само 3 долара шипинг и ефтини производи
K-ROC Sports Supplements истото само имаме повеке избор и подобри работи шипинг 6 долара

--- надополнето ---

Тоа му беше и поентата на дечкото што ја отвори темата, кој нашол продавач со ефтин шипинг, да го сподели, па и другите да му видат аир.
Ај еве од мене неколку, некои сум ги пробал, некои не:
Bostic Outfitters - електроника и апарати за домаќинство, достава 17$ (10+7 по парче)
Just do it 4 less - облека, 5$ од пратка + 8$ по фунта тежина
Gravity Trading - облека, торби... 10$ + 3$ по фунта
Red Rhino Sports - спортска опрема (малце чкартна) 6$ по фунта
Shaver Outlet, Inc. - апарати за бричење 10$+10$ по фунта
The Source Group - цвикери, капчиња, ефтини дрангулии - достава 6$ за цена до 10$, 13$ до 20...
ProMax Commerce - апарати за домаќинство, алати, спортски реквизити... 15$+5$ по фунта
UltraD INC - облека - достава под 10 долари во зависност од цената на пратката
Dress Code Clothing - облека, цвикери - достава околу 20 долари во зависност од сумата
KegWorks - ствари за пиво, за алкохол, чаши, апарати поврзани со тоа... 14$+4$ по фунта
Watchespro - часовници - нешто под 12$ достава (1$ + 10$ од парче)
Captain Dave's - војничка/ловечка опрема 8$+5.5$ по фунта
SHOE STRUCTURE - обувки - 25$ достава
Heart & Sole - обувки - 10$ + 6$ по фунта
MFOStore - мем. картици, кабли, компјутерски ситници - околу 13$ достава
Simply Order - играчки конзоли и ствари за нив, игри, некакви други цд-а... - 11$ достава
VPGames
- слично на претходната - 10$ достава
Hitgaming Video Games - исто - 15$ достава
AdultFunShop - продавницава е за сексуални помагала, ама битна е пошто покрај тоа продава и Dreambox - 20$ достава
SilverSpeck - накит - 8$ достава
Car Beyond Store - производи за автомобили - достава зависно од сумата, до 20$ - 10$ за достава, до 30$ - 15$...
Rally Tennis - одлична продавница за тениска опрема - достава околу 20 долари зависно од сумата
Into The Wind
- играчки - 25$ достава
Racquet Amazoon - тениска опрема, 15$+8$ по фунта
BikeZilla Bike Shop - опрема за велосипеди, достава 8 односно 15$, зависно од сумата
BicycleSupply - опрема за велосипеди - достава 3$ + 8$ по фунта
Serious Shops - играчки и Ravensburger слагалици - 13$ + 7$ по фунта

Мислам дека се доста овие. Некои ги менуваат тарифите, некои престануваат да доставуваат до Европа, се појавуваат нови постојано, па треба да се бара. Ако му помогнав некому, супер, ако не, здравје.
фала брат тоа треба :)
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Piranha Gear - продавница за реквизити за боречки вештини(8$ шипинг),за други работи уште немам асални најдено..ако најдам ќе ви пишам,бтв фала Вучјак и Феликс за линковиве..
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Последно од тука имав нарачка. MyDigitalDiscount - компјутерски компоненти (поголем избор на мемориски продукти). - 20$ + 4$ од фунта. Ми направија мала фрка, ама се среди.

Праќаа по UPS, за мали пратки нема дополнителни трошоци, ама можда треба да се консултирате со продавачот ако сакате преку USPS.
 
FeliXxX

Нинџа
Член од
27 април 2010
Мислења
808
Поени од реакции
282
а нешто за слушалки да не знаете ?
обични слушалку за ајподот ми требат не компјутерски...ако може некој да ми помогне ?

--- надополнето ---

FeliXxX напиша:

и телевозор за во кола :D

и вакво :D
http://www.amazon.com/MP-CD521-Personal-Player-Anti-Skip-Protection/dp/B0008G1VCC/ref=sr_1_362?ie=UTF8&m=A9HNR4I8RXLVW&s=generic&qid=1292516050&sr=1-362
 
dwa

Член од
19 февруари 2006
Мислења
2.233
Поени од реакции
349

Kajgana Shop

На врв Bottom