H
HITCH
Гостин
Денеска имаме опшествен систем каде поважни се скулптурите, фонтаните и мостовите, а човечки живот не вреди ниту за мал дел иод нив....
Извини, мене твојава констатација навистина ми смета. Некои работи не одат баш `ко што мислиш. Не може државата да се грижи за се`. Во оваа држава постојат безброј НВО кои се поделени во куп области. Прилеп е голем град има Црвен крст и НВО кои се грижат за човековите права. Една од задачите на Црвениот крст е да им помогне на оние на кои им треба помош, материјална, да се поправи дел од куќата и да му се обезбеди храна. Во Прилеп има црква. Кога црквата ќе види или дознае дека некој човек нема леб да јаде и дека нема кров над глава, поповите треба да се заангажираат малку околу тој човек, оти нели така ни налага верата, да му помогнеме на оној кој му е потребна помош, без да бараме нешто за возврат, оти нели Господ ќе не награди за тоа што сме сториле добро дело и сме помогнале на земскиов живот. Невладините кои работат со заштита на човековите права кога му изгорела куќата не се запрашале што биднало со тој човек? Никој не прави месечен или годишен извештај? Ајде сега пред државата ги имаме политичките партии. Сојузот и ДПМНЕ што прават во Прилеп, освен што кркаат бомбончиња и ручеци на сметка на граѓаните?
Не е државата крива за се`, некогаш и луѓето се за никаде!