Aбе уште да се радуваш си! Нека ода нека се отепа ОДМА!
Би замолил некој модератор ако уопште го има на подфорумов да го тргне членов од темава зошто нејќам да попијам бан поради него.
Фала ви однапред за љубезноста.
Џабе ни се и засилувања и се,кога имаме прилично дебилен тренер на клупа.Значи од овој момент го подржувам Фантом од збор до збор.Се што кажува за него е точно 100 проценти!
Зошто игравме со долги топки наместо со топки по земја,кога се знае дека одбраната на Фулам е прилично корпулентна и висока.Хангеланд и Беирд на пример.Упорни цела утакмица со иста игра.Залудна беше доминацијата зошто кога стигавме до шеснаест немавме идеја што да направиме потоа.
И не го кривите Торес ве молам.Човекот не може да игра сам.Тој е напаѓач.Не е ни Роналдо ни Меси.Него некој треба да го храни со топки,а Анелка и Малуда не се сигурни тие што треба да го направат тоа.
И не требаше тој да излезе повторно,туку требаше да излезе Лампард,и да тргневме на комплетна офанзива.
Е сега би спомнал неколку работи,ама да не испадне збрчкано ќе одам по ред:
1.Дали дебелиот наш тренер сака да уништи уште еден играч(првиот е МекЕкран,со самото тоа што го игра ко задни везни,а детето треба да игра и те како понапред) со тоа што му ја менува позицијата?Зборувам за Луиз конкретно.Скоро цело полувреме човекот го изигра на десна страна.Знаеме дека по потреба може да игра таму,ама зошто кога Луиз изигра најдобро му ја смени позицијата и што сакаше да постигне со тоа?
2.Дали се согласувате за тоа Лампард и Есиен да седнат на клупа?Особено првиов.Затоа што е анемичен и скроз непрепознатлив.Нема ни Л од Лампард.Со огромна жалост го пишувам ова,ама јас сум крајно разочаран од него.Секоја втора топка му е погрешна,не знае да направи асален пас.
3.Не знам за вас,ама ја сум импресиониран од Давид Луиз!Детето е полн погодок.Треба многу од лузериве наши да учат од него.Како се игра пожртвувано и со срце уште во втората утакмица.
Одличен во дефанзива,исто така добар и во напад.Во денешно време реткост е да се најде ваков дефанзивец,што е добар назад,а има супер техника и може да повлече и понапред!
Кретенот Мајк Дин ќе му ја уништеше за малку партијата,ама фала Богу тука беше Чех и не извади од гомна.
Се надевам дека направениот пенал нема да влијае врз него.
4.Капа доле за Чех.Со Ливерпул беше директен кривец за примениот гол,ама сега не извади од гомна во последна минута.И затоа за мене е еден од најдобрите голмани во светот.
5.Рамирес!Единствениот играч кој напредна со играта и тоа многу.Секоја утакмица е се подобар и подобар.После Луиз за мене беше најјакиот поединец на теренот.Изгледа добри аквизиции зедовме од Бенфика.
6.Ќе се трудам да не пишувам на фанклубов во знак на револт,се додека Дедо Мраз не го напушти клубот.Криво ми е што тонеме заради некои дебили кои ги интересираат само пари,а не тоа дали Челзи ќе победи во ''недела'' со Фулам или не.
7.Ќе бидам задоволен да бидеме 4-то место.Уствари пласманот во ЛШ(каков таков)ќе биде топ премија за нас.Од в година смена на некои работи од корен и цепаме по старо.
И на крај да го ископирам мојот драг колега mans:
GGCFC!