P
PewDiePie
Гостин
Добар овој Стариџ
Дали човекот кој го пушти најзвучниот би рекол состав во истата формација во 6то коло од ЛШ во ситуација кога пред то Челзи имаше 5 од 5 (максимум учинок) нешто сериозно испробувал во дуел против Ливарпул за бодови? Не би рекол.Тоа дека не ги знае карактеристиките на своите играчи , го приметив и јас на натпреварот против Ливерпул иако гледав снимка, стварно незнам што беше со формацијата и со задачите на фудбалерите на терен затоа што Дрогба / Торес беа безкорисни и анемични и тотално отсечени од играта на Челзи, но ако не проба нема да знае како тоа функционира и што треба да смени подобро сега да знае што да прави него покасно кога ќе биде пресуден момент за него а и за Челзи .. Стварно сакам да го гледам оваа година Челзи во финале во ЛШ иако е тоа моја желба но сето останато е на Анчелоти и играчите кој се надевам дека ќе дадат максимум за да стигнат до Вембли затоа што имаат квалитет за тоа а и со доза на среќа би требало да се таму ај да не ги урочам на крај ...
А ете ај кога веќе праиме споредби да ги земеме првите 2 сезони на Анчелоти во Милан , каде што начека каша попара од тим кај што се расправаше со играчи како Козмин Контра , Мартин Лаурсен , Шамот на 35 години , умит давала , хави морено и ред други дебили кој беа непотребно во Милан единствено асални играчи беа Руи Коста, Малдини, Шевченко, Инзаги, Андреа Пирло и Гатузо кој беа едниов избркан од Интер како неталентиран играч а другиов донесено дете од Глазгов значи се на се една не така талентирана група на играчи, начека еден Милан кој играше во Куп Уефа али ете таа прва сезона неможам да му ја зеам како неуспех затоа што со тој тим мислам дека извади максимум и заврши 3то место доволно за да се пласира во ЛШ и 1/2 финале во Куп Уефа .. е сеа тек наредната година кога донесоа неколку интересни играчи и Милан стана кадарен да се бори со тогаш далеку поквалитетни од Милан, Јуветнус, Лацио, Рома и Интер дојдоа прекрасни резултати освојување на ЛШ, а одма послем тоа наредната година скудето , така да кога ќе видиш и не е така лош просекот и на Анчелоти во првите 2 години ( без да ја зееме онаа година кога го заменува Фатих Терим на полу сезона ). Но мислам дека далеку можеше да се спореди било која лига во тоа време со Италијанската каде што имаше 5 фантастично јаки екипи.
:pos2::pos2::pos2: Закон!