Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
На тактички план не посраа, а и на навивачки план не посраа. Лош ден.
 
очајно е ова. не се гледа веќе челзи. не ми прават никаква радост. мрзи
 
Досадна утакмица, многу лошо одиграно и од двете страни, не заслужена победа на Ливерпул во секој случај, реално за мечов беше нерешено.
Анечлоти на тактички план по обичај сезонава пак потфрли, мора да се менува човеков, Ливерпул дојдоа тука да се бранат и да освојат бод во никој случај не појдоа за 3 бода ние им ги подаривме.
Премногу грешки на играчите, Лампард непрепознатлив, не знам што му е денеска но беше тотално дефокусиран, Дрогба најубаво во лето е да се пушти да замине некаде иако многу се противев на тоа, увидов колку веќе неможе да пружи ништо.Не требаше да се пушти Торес на мечов со оглед дека немал се на се 1 недела тренинзи а и деби против Ливерпул очекував негова анемична игра.
Средината ја немаше никаде, Микел ко копито уште 30 секунда доби жолт да му ебам клипанот но после се поправи земајќи во обзир дека неговата задача е стриктно дефанзивна.
Одбраната многу слабо мечов, никаде ја немаше, потполно без ориентација и комуникација меѓу играчите, случаи коа се скараа Бане и Чех и при постигнување на голот.
Давид Луиз искрено многу ме потсеќа на Карваљо, според денешнево издание вреди за сите 25м дадени за него, ќе видиме во натака како ќе се покажува, али која галантност при водење на топка, кое добро позиционирање, брзина, мислам дека ќе го надмине и Карваљо со правилен развој.
Судијата катастрофа, али овој Маринер ни е моќна мора секој пат, секогаш не оштетува, чисти 2 пенали и нема тука што да се дискутира дали се или не се, само слеп би рекол дека не се.
Тоа е тоа, се надевам на подобра игра во следното коло и победа против Фулам.
 
Како навивач на ливерпул сметам дека победата од наша страна беше попосакувана. Едноставно момците гинеа на терен на чело со Кајт кој мислам дека имаше сила уште еднаш утакмица да изигра. Не се сложувам ниту со констатацијата дека се бранеа. играа доста активно на противничката половина се правеа комбинации што за мене е изненадување со оглед на составот и формацијата. за играта...дерби беше, со оглед на претходницата на натпреварот очекував цврста игра со борба на теренот. Вакви утакмици се решаваат со еден потег, овојпат ние ја имавме таа среќа. Тоа е тоа. За пеналите....според мене и беше и небеше. Јасни правила за ситуацијата н Лукас сеуште нема. Топката идеше надвор и раката немаше битно влијание за играта. Втората ситуација повеќе беше за пенал, али ке лажам ако кажам дека не ми е мило што не го досуди.

Во секој случај за мене интересен натпревар, ви посакувам се најдобро и сеуште си стојам на зборот...Торес и Дрогба ке растураат во скоро време.
 
Иванович следен натпревар да се седне на клупа да се смири малку... Луиз на негово место..
За натпреварот мислам дека заслуживме бод ама тоа е Ливерпул играа на контри искористија едно недоразбирање меѓу Чех и Иванович и си победија..
Здравје следната сезона Премиер Лига :smir:
 
Иванович следен натпревар да се седне на клупа да се смири малку... Луиз на негово место..
За натпреварот мислам дека заслуживме бод ама тоа е Ливерпул играа на контри искористија едно недоразбирање меѓу Чех и Иванович и си победија..
Здравје следната сезона Премиер Лига :smir:
Иванович никако не смее да се седне на клупа, човекот е ѕвер, секој греши, неможам да му најдам замерки, на таа топка требаше Чех да влезе и да ја собере.
Едноставно, Бане десно, Луиз централно.
 
Во глобала досаден натпреавар.
Грешки,грешки и грешки.Бевме анемични.Сите беа катастрофа.Освен Луиз се разбира.Браво за дечкото...колку само слободно игра без паника.
Средина немавме,креативност-нула!Дрогба ме загрижува,едноставно човекот е невидлив веќе долго време.На лето заедно со Анелка нека заминат во Америка.
Карло направи грешка.Не требаше уште од првиот натпревар Торес да стартува.Требаше да играме 4-3-3.
Треба гол да примиме за да му текни на Карло да измени нешто...требаше Калу и Малуда порано да ги пушти.
Судијата катастрофа.Оштетени бевме,2 чисти пенали.
По трите победи по ред,имаше малку надеж,но после овој пораз тешко.Сега треба да се бориме за место во ЛШ.
Тоа е...нека гледат дечите да дадат се од себе наредните натпревари посебно во ЛШ против Копенхаген.
Следно коло со Фулам,и овие ако не ги победиме не знам.

--- надополнето ---

010268940000400.jpg
 
никогаш не сум видел ваков неорганизиран челзи освен тој мал период на сколари, ова беше самоубиство
 
Ја само неможам да му ја сватам што му е финтата, а и улогата на Анелка во тимов...
 
I started a new FIFA 11 career with Liverpool this morning. I sold Torres immediately, for 22 million pounds to Manchester City. I feel they got a bad deal.
:icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom