КОД: Сојуз меѓу Грција и Србија за поделба на Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
КОД: Сојуз меѓу Грција и Србија за поделба на Македонија?

Како грчкиот разузнавач Николаос Грилакис преговараше за името на државата во раните 90-ти кога Македонија ја прогласи својата независност, вечерва во КОД лично Грилакис ги открива своите мотиви и врски во Скопје.

Македонските генерали раскажуваат за огромната грчка воена вежба на јужните граници на Македонија, во период кога е откриен тајниот план на генералите на Милошевиќ за поделба на Македонија.

Територијални претензии, сојуз меѓу Грција и Србија да се подели Македонија.

Тоа беше прва манифестација на сила, и ѕвецкање со оружје, оценуваат македонските познавачи.

Разузнавачите откриваат-дека дел од генералите на ЈНА која од Македонија се повлече 6 месеци пред грчката воена вежба, сакале да се вратат назад. КОД дојде до еден доверлив документ на турските служби. Тргнале по напис објавен во словенечкиот неделник Дело во ноември 1993-та. Турските разузнавачи откриле дека имало српско –грчки воен план за поделба на Македонија.

Кога Македонија и Грција ги имаа допирните точки да го решат спорот со името, каде згрешиле, прашува Код.

-Грчките политичари се плашеа од својата домашна јавност да контактираат со нас, тврди проф. д-р Денко Малевски.

Разузнавачите некогаш се побитни од дипломатите.

-Ме обвинија во вашата земја дека сум дошол да го поткупам Претседателот, тие работи не се дел од мојот карактер, тоа што го имам го кажувам в лице, вели грчкиот разузнавач.

Вечерва во КОД во 22 и 30 на Канал 5 гледајте го интервјуто со разузнавачот преговарач Грилакис, и сеќавањата на учесниците во првата дипломатско разузнавачка мисија за решавање на спорот меѓу балканските соседи Грција и Македонија.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=68413
 
И врапчињата знаат за обидот за да не поделат во 90 тите . Сто пати повторуван факт за дигање на паранојата на народот.Пробаа се договараа не успеаја. Повеќе им одговара вака да ја поседуваат целата инфраструктура и нашиот народ да им работи за робовски плати.

И ставете му статуа на Желев на плоштад кој се заканил дека ќе прати војска .
 
Желев затоа призна веднага Македониа, зошто едно е да се право конфликт во непризната териториа, ама друго е во призната држава. А за тоа, дека Бугариа докара Елцин до состоиба да признае новата држава - спор нема. Ама притчата за царот Соломон е вистина
 
Арно е да се обноват некои делови од минатото, поблиското, за оние кои не ги доживувале од разни причини - што се вели, да не се заборави.
Да не беа македонските полицајци и Бог да го прости Кљусев и неговите соработници, досега ќе го папаа многумина од нас.
 
а гркот не кажуе дека турција веќе ја дигна војската и тргна на кипар а ?
 
Интересно е и времето кога е ова договорено пошто поред мене има поврзаност со конфликтот или ратот поточно во Босна. Поред мене реално е дека ако Милошевиќ успеал да ги освојт предвидените територии од Босна да ги споит со Србија, следна ќе беше Македонија. Како потврда на тоа го сметам времето, нели во тоа време Србија беше многу успешна во освојувајне територии во Хрватска и Босна и немаше некој знак дека тоа може да се смени. Исто така изјавите на Аркан, Шешељ и други дека Македонија на крај најлесно ќе ја „лапнат“ е добар знак за тоа. 2-3 Причини ги спречија во тоа. Прво дека Србите почнаа да редат порази во Босна и Хрватска и ослабената позиција која иде од тоа и второ дека грчкиот претседател (ако е точна оваа информација која често се спомнува во медиумите) ја одбил понудата. Реално мислам дека западот ќе ја пифатеше оваа делба ако се договориле Србите и Грците. И секако можеби и Косовскиот проблем кој од раните 1980тини беше актуелен може да има некоја улога, мислеќи на тоа дека Србите прво дома сакале да ги средат работите. Мислам дека е факт, дека постоеше ваква идеја, за причините што не се случи може да се шпекулира.
 
ехехе србите и грците уште одамна биле против нашава држава, поради нив сме ги изгубиле егејска ,вардарска и пиринска македонија... Денес баш за оваа тематика учев, Грците и Србите биле подржани од страна на Франција и Грција, додека Бугарите не наишле на интерес кај Антантата па затоа морале да се здружат со швабите кој им ветувале речиси цел балкан..
 
србија и грција од секогаш си го имале на ти го дај ми го и никад не ги заболе кур за македонија или за било што македонско... грците барем јавно кажуваат дека не не сакаат за разлика од србите шо ни праат лице демек ние браќа христијани соседи.. жими таквово !!! никој не не сака тоа е факт. секој гледа само да не заебе да не присвои или да не подели..
 
Желев во тоа време беше поголем Македонец од Глигоров.

Мислам дека се изедначени, со оглед на ставовите на Жељу:

Желев на прашањето зошто и денес во Македонија има сомневања во однос на бугарската политика кон Македонија, одговара: „Затоа што таа држава сеуште не е на јасно со својот национален идентитет. Меѓу другото многупати не‘ обвинуваа: „Вие ја признавте државата Македонија и независноста, но зошто не ја признавте и македонска нација, зошто не го признавте македонски јазик? “ Јас неколкупати на прес конференции и овде и во Скопје, на новинарите им одговарав вака: „Пријатели разберете дека меѓународно-правно се признава државата и нејзината независност и суверенитет, плус територијалната целовитост. А, каква религија има, каква националност има, какви ентички групи има внатре, какви културни традиции, тоа е внатрешно прашање. Штом вие сметате дека сте друга нација, ние како демократи не можеме да речеме: „Не, вие не сте Македонци, вие сте Бугари“. Иако, велам, на голем дел од населението етничките корени му се бугарски. Но, едно е етносот, а друго е националното самосознание.

http://www.dw-world.de/dw/article/0,,3260370,00.html

Тој посебно ја истакнува средбата на Желев и Мицотакис во Швајцарија на 1 февруари 1992 година, при што претседателот на Бугарија изјавил дека двајцата државници имале исти ставови за прашањето за непостоење на македонско малцинство, односно малцинства, и дека Република Македонија не може да има никакви претензии за свои малцинства кон двете држави.

Миновски ја истакна средбата меѓу претседателите Глигоров и Желев на 12 август 1992 година, на која бугарскиот претседател изјавил дека во Бугарија не признавале и не можеле да признаат постоење на македонски народ, нација и јазик.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=879943571&id=9&prilog=0&setIzdanie=21757

Пред да почнат бугариве со “славење“ на Жељу на темава, јасно е кои се позициите позади маските.
 
interesn ovoj zelev:) .veli deka ne e bitno vnatre koj sto zivee i kako ke se priznae , dali toa vazi i za bugarija i ostanatite ili prosto kazano dali vo bugarija ziveat bugari ili nese bugari vazno se vika bugarija:) mnogu nelogicno :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom