Не, прашањето ми е зошто се случуваат такви работи како универзумот, каде е почетокот, зошто универзумот овозможува да има живот во него за да ги согледа овие работи?
Ај да се обидам, да формулираме друго прашање, зошто јадеме? зошто спиеме? зошто зборуваме? се е потреба, желба или навика. АКо ,,некој“ не создал сигурно имал потреба, желба и сме станале навика. АКо тој „некој е Бог“ а Бог е љубов, логично е дека сме дадени да бидеме сакани. А кој знае дека е сакан, знае и да сака.
Ако се навратам на изреката „прав- во прав, дохот на духот“, а духот кога ќе ги надмине сите фази на развој се вкаќа кај светиот дух и е просветлен, тогаш заклучок дека имаме мисија низ соптвените живот/ти да ја постигнеме куминацијата.
Дадено ни е се што ни е потребно, дадена е храна во природата во изобилие, дадени се природни закони- големиот го јаде помалиот, дадена е вода, воздух, светлина и ноќ. Но, човекот што направи? Стана научник, и пркоси на природата и нејзините закони, измисли пари со кои се наметнува во општеството емитирајќи моќ, и пркоси на планетата, на климата и водите.
Со еден збор отстапува од природните закони, воспоставувајќи сопствени закони и губејќи ја смислата на своето постоење.
Цивиизацијата го уништува човештвото и универзумот. Колку животи се уништени во трката по пари, моќ и престиж?