Бунтовниот Исус

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Римјаните можеле веднаш да ја запрат оваа новокомпонирана секта со тоа што ќе го изваделе Христовото тело од гробот, ќе го ставеле на еден коњ и ќе го прошетале околу Ерусалим. Но гробот бил празен. Христовото тело не било таму. Христијаните што при Христовото апсење се разбегале, по три дена храбро сведочеле дека го виделе Христос воскреснат. Ни меч, ни оган, ни устата на лавовите не можеле да ги спречат. Исус е жив. Наместо да му се спротиставуваш, поверувај во Него и прифати ја Неговата спасителна рака. Тој е нашиот Спасител од гревот и Господар на нашиот живот.

По римски закон тело на казненик распнат на крст никогаш не било давано ни на семејството а камоли на некој кој не е во сродство со казнетиот. Било оставено да изгние на крстот да го јадат лешинари а потоа се фрлани во масовни гробници. По римски обичај распнувањето се одвивало на јавни места обично на патишта кои воделе кон градот или пред градските порти како опомена за другите. Исус е распнат на приватен имот !!! во нечија градина !!! а народот стоел оддалеку !! и телото му е дадено на некој кој не му е ни род!!
Прикаската околу распнувањето не одговара со историските факти.
Исто така проблем е и Исусовиот гроб. 4 века никој ништо не спомнуал за него ни црковни писатели ни теолози ни раните христијани кои пишувале за својата вера и својот бог. Тохј гроб ѓоа го пронајде света Елена, царската мајка на Константин, која дошла со царска свита во Ерусалем па го нашла гробот па од 3 крста во гробот не знала кој е на Исус, па и текнало со пробување, демек кога болна жена легнала на крстот на Исус одма оздравела а дури и да биде 100% сигурна, крстот го положила и на мртов човек и тој секако - воскреснал.
Е сега, во тој период кога ѓоа Елена го нашла гробот и крстот бискуп во цезареја бил Евзибиј, оној кој зад себе оставил куп пишани документи за христијанството и цела историја на дотогашното христијанство а бискуп на Ерусалем бил Кирил влијателен и ценет човек и теолог. Ни Евзибиј ни Кирил нигде со ниту еден збор не поменуваат дека во нивно време некоја делегација предводена од мајката на царот дошла во светата земја и го нашла гробот на Исус. Ни еден единствен макар и попатен помен на едно тртакво колосално откритие на нивната вера.
Имаме и еден настан, имено кога го распнале, станале мртвите од ерусалемските гробишта и шетале со сати низ ерусалем и разговарале со живите. Тој настан, толку спекаткуларен толку невобичаен толку фасцинантен ... не го запишал ниту еден писател, историчар, патописец, рабин, гувернер, сенатор, легат...... само во евангелијата.... тој настан не остави ни најмала трага во било кој летопис.

Значи евангелијата се свет за себе. тие се вон реалното, вон вообичаените норми и закони. Таму важат сосема други правила на живот време и настани. Околу вистинските случки на Исус се наталожени планини на легенди и митови низ кои треба полека и внимателно да се копа да се споредува со други извори, со познати факти за да се дојде до вистинскиот Исус, син на Јосиф, наследник на лозата на цар Давид, признат како цар на Јудеи и од приатели и од неприатели, водач на бунт против Рим, фатен, осуден и распнат како неприател на Рим.
 
Исто така проблем е и Исусовиот гроб.

Воопшто не е проблем. Гробовите се за мртвите луѓе. Исус Христос воскресна! Тој е жив. Живите немаат гроб. Затоа и никој од христијаните не пишувал за "гробот на Живиот".
Прикаските со Елена воопшто не ме интересираат. Колку што ти не веруваш во нив, толку ни јас не верувам во нив.
Останатото е излишно за коментирање. Јас можам да пишам "е не е така", ти ќе пишеш "е така е" и така ќе се вртиме во круг. Секој со својата вера.
 
На милиони христијани му е битно и не жалат ни пари ни труд да појдат да го посетат тоа место. Исто ни цркватата христијанска никогаш не се откажа да го одбележи тоа место градејќи таму и украсувајќи цркви. Христијанскиот свет водеше со векови војни против исламските народи за да ја ослободи светата земија и христовиот гроб.
Значи не е така едноставно “не ми е битно - џабе пишиш“ затоа што покрај твоето христијанство постојат уште многу други христијанства. Тебе што не ти е битно на друг му е, на друг што му е битно тебе не ти е... а сите зборуваат за ист лик (Исус) од исти книги (евангелија)
 
Кога Пилат Го праша Христа „...Што е вистината?..„, Христос не му одговори на Пилата, оти Пилат постави погрешно прашање. Пилат можеше да ја види и да ја слушне Вистината (Христа Богочовекот), Кој стоеше пред неговите очи и уши, но Пилат, образуван во духот од скептицизмот, продолжи да ја бара вистината на некое друго место, иако ја имаше пред себе...

Добро, според тебе, што сега треба да сториме, ние, кои „слепо„ веруваме во она со кое нашите свештеници ни ги „испрале„ умовите? Да се откажеме од Бога откриените вистини и да се впуштиме во отркивање мокра вода?

Вакви скептички постови, во кои изразуваш сомнеж во се сешто, можеш да пишувај до крајот од твојот живот и пак нема да ја отркиеш вистината, туку се ќе ти биде „сумњиво„, разбираш...Во крјана истанца, во целиот твој сомнеж, ќе останеш сам, откако ќе се посоменваш во се, па конечно и во самиот себе ќе изразиш сомнеж.
 
Како на пример сомнежот дека Исус бил само обичен човек, наследник на престолот на Израел кого Римјаните го заробиле во воена операција и го осудиле и распнале заедно со уште двајца бунтовници како крал на јудејците?
Или сомнеж дека старозаветните закони се ушт важат... или сомнеж дека другите цркви го проповедаат вистинскот Исус.... гледаш никој не е ослободен од сомнежи, али некои се слободни да трагаат и истражуваат аа некои не.
 
Повеѓе пати имам напишано дека за црковните работи, може да пишува само Црквата. Тоа што поедини историчари од некои минати времиња Го споменале Христа во одреден контекст, мене лично не ми е достапно како истроиски материјал, но еве и една обратна логика: кажи ми еден Свет Отец и современ богослов, кој пишува(л) за кралот Монтезума или за поглаварот Бикот кој седи....
 
Повеѓе пати имам напишано дека за црковните работи, може да пишува само Црквата.

Тоа важеше во златните времиња на инквизицијата. Не е повеќе така. И црквата не е имуна да се меша во други науки па така црковни оци пишуваат за геологија, биологија, дарвинизам, планети.....
Евангелијата претендираат да се историски записи, но кога ќе се анализираат испаѓа дека се легенди и митови. Сами по себе можат да опстојат со таа прикаска, но само доколку не се дозволи да се истражуваат и споредуваат со други историски податоци и фалкти. Исто како и “господар на прстените“ од Толкин. И тоа е еден свет, ликови, настани, живот, смрт. љубов, омраза..... и е свет сам по себе. Но ако се обидеш да докажеш постоење на неки од тие ликви и дека направиле или рекле онака како е запишано во книгара, ќе се најдешш во иста ситуација како да докажеш дека настаните и ликовите од евангелијата го направиле или рекле тоа што пиши во евангелијата.
 
На милиони христијани му е битно и не жалат ни пари ни труд да појдат да го посетат тоа место. Исто ни цркватата христијанска никогаш не се откажа да го одбележи тоа место градејќи таму и украсувајќи цркви. Христијанскиот свет водеше со векови војни против исламските народи за да ја ослободи светата земија и христовиот гроб.
Значи не е така едноставно “не ми е битно - џабе пишиш“ затоа што покрај твоето христијанство постојат уште многу други христијанства. Тебе што не ти е битно на друг му е, на друг што му е битно тебе не ти е... а сите зборуваат за ист лик (Исус) од исти книги (евангелија)

Исус јасно кажа дека не секој што му вели "Господи, Господи" (т.е. не секој што се нарекува христијанин) ќе влезе во Царството Божјо, туку само оној кој ја исполнува Божјата воља.
На католиците и православните им е преважно тоа место, но не и на Христовите следбеници. Христос никогаш не заповедал да водиме крстоносни војни за да го ослободуваме "Неговиот гроб" (намерно ставам наводници, бидејќи Христос нема гроб).
Не зборуваат сите за истиот Исус од евангелијата. Еве што поучувал Исус од евангелијата:

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Љубете ги своите непријатели и молете се за оние кои ве прогонуваат. (Христос во [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]ев. [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Матеј 5:44)[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Не противете му се на злото, туку ако некој те плесне по твојот десен образ, сврти му го и другиот. Ако некој сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, остави му ја и наметката.. (Христос во [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]ев. [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Матеј 5:39,40)[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Тогаш Исус му рече: Врати го мечот на своето место, зашто сите што се фаќаат за меч - од меч ќе загинат. (Христос во [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]ев. [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Матеј 26:52)[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Синот Човечки не дојде да погубува човечки души, туку да ги спаси (Христос во ев. Лука 9:56)[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Јас ве испраќам како овци меѓу волци. Затоа бидете мудри како змии и безопасни како гулаби (Христос во [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]ев. [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Матеј 10:16)[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Љуби го својот ближен како себеси! (Христос во [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]ев. [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Марко 12:31)[/FONT]
 
36 И им рече: Носега, кој има ќесе нека си го земе, исто така и торба, а кој нема нека си го продаде и облеклото и да купи нож“
Лука 23

Овде се гледаат две работи, Исус бара од своите следбеници (кои не се вооружени) да се воружат, “кој нема“ значи околу него имало и вооружени следбеници, и втора работа е обидот на црквата да го намали значението преведувајќи го gladius кој значи меч во - нож. Значи Исус се спремал за битка, за борба. И бил водач на борците.
И самите Римјани знаеле дека Исус и неговата група се опасни по мирот на провинцијата та затоа и пратиле голем број на војници да го заробат, го сослушале и осудиле со најтешката казна со која се казнувале неприателите на Рим и го распнале заедно со двајца борци против Рим - зелоти.
 
Евангелијата даваат опис за човекот за кого многу луѓе биле спремни да страдаат и да умрат. исто така евангелијата се темел и инспирација за храброст, истрајност, вера , надеж. а ако се земе у предвид влијанието на евангелијата врз размислувањето и однесувањето на човекот потребен е неоспорлив доказ за да се отфрлат како митови и легенди.
 
Животи даваа и за Тито и за Сталин и за Мао це и за Мухамед и за Јупитер, Зевс, Один. Али и животи земаа во име на Христа Тита, Сталина, Зевса.....
Што е разликата меѓу нив, ете некој чекист стрела 10 души сабајле во некој колкхоз со верба во исправноста и идеите на Сталина, или крстоносец убивва неверници уверен дека го прави вистинското нешто да ја прочисти земјата, или инквизиторот спалува еретик убеден дека тоа го прави со благодет на Исуса.... Сите тие си имаат верба и инспирација во нешто.
 
Извештаи за смрта на исус и воскресението не содржат само евангелијата туку и првото канонско писмо на апостол Павле до христијаните у Коринт.
`ви го предадов најнапред она што го бев примил, дека Христос... беше погребан и дека на третиот ден воскресна... и дека му се јави на Кифа и потоа на единаесете... им се јави еднаш на повеќе од петстотини браќа ... потоа му се јави на Јаков....... 1 Коринтјаните 15:3-8.
сите овие биле сведоци на историските факти за животот на Исус.
 
Секоја вера се базира на писма и сведоштва. И Зоостаријанството има сведоци и Исламот и Христијанството и паганството....
Значи ли тоа дека има многу богови? Дека покрај Исус и Јахве на небото врие од разни богови?
 
еден факт што покажува дека евангелијата не се легенди е тоа што не се доволно уметнички за да бидат легенди. Поголемиот дел од животот на исус е непознат а во легендите тоа не е дозволено. Обично легендите во целост го опишуваат животот на херојот.
тоа го потврдува и примерот кога воскреснатиот исус им се јавуа на учениците, некој добар измислувач на легенди би составил сцена како исус се враќа на некој спектакуларен начин, коко одржува некој енергичен говор целиот во светлина. ама евангелијата не го пишуваат тоа, туку дека Исус едноставно застанува пред учениците и ги прачува: имате ли нешто за јадење? Што е многу по логично за да се смета ва вистински извештај.

--- надополнето ---

еден факт што покажува дека евангелијата не се легенди е тоа што не се доволно уметнички за да бидат легенди. Поголемиот дел од животот на исус е непознат а во легендите тоа не е дозволено. Обично легендите во целост го опишуваат животот на херојот.
тоа го потврдува и примерот кога воскреснатиот исус им се јавуа на учениците, некој добар измислувач на легенди би составил сцена како исус се враќа на некој спектакуларен начин, коко одржува некој енергичен говор целиот во светлина. ама евангелијата не го пишуваат тоа, туку дека Исус едноставно застанува пред учениците и ги прачува: имате ли нешто за јадење? Што е многу по логично за да се смета ва вистински извештај.
 
36 И им рече: Носега, кој има ќесе нека си го земе, исто така и торба, а кој нема нека си го продаде и облеклото и да купи нож“
Лука 22
Во истото евангелие, во истото поглавје, само неколку стихови подоле пишува и вака:

„А кога оние, кои беа со Него, видоа што ќе стане, рекоа: „Господи, да удриме ли со меч?” И еден од нив, го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече десното уво.А Исус одговори и рече: „Оставете Го тоа!” И се допре до увото и го излечи.“ (Ев. Лука 22:49-51, Библијата)

Во евангелието по Матеј малку подетално е опишан овој настан:

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]„Тогаш Исус му рече: Врати го мечот на своето место, зашто сите што се фаќаат за меч - од меч ќе загинат.“ (Христос во [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]ев. [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Матеј 26:52)[/FONT]

Очигледно Исус не се спремал за вооружена борба како што ти сакаш да го претставиш со селективното и вонконтекстуално цитирање на евангелијата.
Ќе бидам отутен 2 дена, Се читаме подоцна. Поздрав.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom