Ексклузивна репортажа на Кајгана од EXIT 2011!

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Јас бев вчера во Југотон и викат 3030 е уште..па не знам.
‘Exit Makedonija 23.02.2011
Од денес влезниците за 11тото издание на фестивалот чинат 3600 денари (Скопје, Југотон/ГТЦ)‘
------
Кој знае, можда продолжиле нешто ама би требало да пишува...како и да е ,не е битно толку :)
 
‘Exit Makedonija 23.02.2011
Од денес влезниците за 11тото издание на фестивалот чинат 3600 денари (Скопје, Југотон/ГТЦ)‘
------
Кој знае, можда продолжиле нешто ама би требало да пишува...како и да е ,не е битно толку :)
Шо знам...:) малку е без врска шо нема пакети и уште ништо не се знае за превоз...
 
Шо знам...:) малку е без врска шо нема пакети и уште ништо не се знае за превоз...
Стари посетители добиваат бесплатен камп и превоз а за останатите (новите) прашав и рекоа дека сигурно ќе имало организиран превоз, ќе се знаело до јуни :) :)
 
Deadmau5 и Steve Aoki доаѓаат на Dance Arena!
Е тек сега мора да се купи карта.
 
JAMIROQUAI НА ЕГЗИТ

Предводниците на acid jazz и funk движењето, разиграниот Jamiroquai, на чело со пеачот Џеј Кеј, потврдени се како хедлајнери на фестивалот Exit 2011. Кариерата на Jamiroquai трае 19 години, а самото тоа е доволен гарант за мноштво на хитови. Покрај старите синглови, овој британски бенд на Петроварадинската тврдина ќе го претстави и својот нов материјал од седмиот по ред студуски албум „Rock Dust Light Star", од ноември 2010 година.

Формирани далечната 1992. година, Jamiroquai се пробиа на светскиот врв заедно со остатокот на британската jazz funk и acid jazz сцена, како што се Incognito и The Brand New Heavies, но ги надмашија во популарноста. Нивнот прв сингл „When You Gonna Learn“ веднаш ги лансираше во видокругот на агентите на издавачката куќа Sony, кои 1993. година им го издадоа деби албумот "Emergency on Planet Earth". Стануваат популарни веќе со следната плоча „The Return of the Space Cowboy“, но планетарната слава доаѓа дури со „Travelling Without Moving“ во 1996. година. Нивниот хит "Virtual Insanity" станува глобален денс хит, а Џеј Кеј како предводник на acid jazz-от, па и целокупниот поп. 19 години по оформувањето, бендот ја докажува постојаноста на сопствениот израз.

По 25-те милиони продадени албуми и освоеното Греми во 1997-ма година, Џеј Кеј ќе ни се придружи на главната бина на Exit, се надеваме подготвен да го повтори феноменалниот настап пред 6 години на белградскиот Саем. Последниот албум „Rock Dust Light Show“, кој засигурно ќе се најде на репертоарот, на радост на многумина се враќа на почетниот звук на Jamiroquai - disko funk. По долгата и со награди осведочена кариера, Jamiroquai сеуште важат за бенд кој дава се од себе на настапите, а гарантираме дека тоа ќе се случи и на овогодинешниот Exit, пред многубројната публика подготвена да запее со вечно младиот Џеј Кеј.

Со својата потврда на настапот на Тврдината, Jamiroquai им се придружуваат на хедлајнерите на Exit 2011, Arcade Fire, Pulp, Portishead, Grinderman, Underworld, Deadmau5. Листата на хедланери расте секоја недела, очекувајте и нови имиња наскоро. Оваа година Exit се одржува по дванаесети пат, од 7ми до 10ти јули 2011. На Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија.

Извор
 
Теее па ќе го гледаме во скопје пред егзит...ме радува што scream е букиран, али оваа година има еден тон подобри фестивали и секако нa дел од нив веќе си обезбедив место, егзит ми стана тиње :toe:
Во секој случај добар провод на тие што одат..и ако има заинтересирани за смештај во нови сад, нека пишат пм.
 
Теее па ќе го гледаме во скопје пред егзит...ме радува што scream е букиран, али оваа година има еден тон подобри фестивали и секако нa дел од нив веќе си обезбедив место, егзит ми стана тиње :toe:
Во секој случај добар провод на тие што одат..и ако има заинтересирани за смештај во нови сад, нека пишат пм.
А кога се Jamiroquai во Скопје? Знам дека се зборуваше нешто ама официјално... ?
он топик:
За мој вкус доволно добри бендови за да имам причина да појдам: Portishead,Nick Cave (Grinderman),Beirut,Jamiroquai а сигурно ќе се најде уште некој :).
 
House of Pain доаѓаат на Exit

Само што си помисливме дека Егзит ќе ги заборави раперите оваа година, ни пристигнува информација за настапот на легендарната хип хоп група - House of Pain.

h455_2.jpg


Ирско-американскиот рап бенд во Нови Сад ќе ја прослави дваесет-годишнината од своето постоење. Не се ни сомневаме дека изведувачите на „Jump Around“ ќе имаат настап за паметење. Еверлест и Дени Бој, овој пат без Диџеј Летал, ќе го дигнат Нови Сад на нозе.

House of Pain, иако реализираа само три албуми, со гордост може да кажат дека ја сменија историјата на хипхоп-от, достигнувајќи мулти-платинест тираж за нивниот прв албум „House of Pain“.

Пет години подоцна бендот се раздели, и им се посвети на соло кариерите, меѓу кои најуспешно помина Еверлест, кој достигна платинести албуми, Греми и доминација на топ листите. „Поминаа дваесет години и многу сме возбудени поради заедничката турнеја. Секој концерт ќе биде како роденден... ќе биде лудо“, кажа Еверлест.

Инаку бендот е во фаза на снимање на нов албум, кој би требало да излезе во текот на 2011. година, во кој сите очекуваат враќање на добрите стари рапери, и нов хит, на местото на „Jump Around“.

„Кога имате толку голем хит како што е 'Jump Around', кој и понатаму толку се пушта, секако дека е работата по која најмногу ве препознаваат. Може да не викаат бендот со само еден хит колку сакаат. 'Jump Around' сеуште не држи актуелни, а некои луѓе ги потсеќа на среќните моменти од деведесеттите. Секој пат кога го свириме тоа, публиката полудува. Не знам многу песни кои имаат таков ефект и после 20 години“, кажа Дени Бој.

Извор
 
кој е датумот кога ќе се престане со update на line-up?
 
и уште нешто за тие што веќе биле, колку пари потрошивте за тие 4 дена и како е со цените?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom