Поголем заем од ММФ

  • Креатор на темата Креатор на темата fmi
  • Време на започнување Време на започнување
E oвој заем не е таков. За разлика од порано кога заемите беа со многу услови и наменски. Можеш да го трошиш за што сакаш и немора да му поднесуваш извештај на ММФ единствена обврска е да го вратиш нема ниту еден единствен услов поврзано со него. Функционира како ненаменски кредит ни реформи, ни бутур. 480 милини евра ненаменски кредит со 1.5% камата :vozbud: Искрено и јас би сакал таков кредит да земам условите се лудо поволни. Сите рекоа дека вакви поволни услови никогаш немало на кредитниот пазар.
Камата от 1,5% ако е до 400 милиона,над 400 милиона каматата е малце над 2%.
Jaс не кажувам дека това е аранжман,но не може да не се знае за што са аплицирали. Просто не е изтекло како информациja.
Да не зборуваме дека това не е убав сигнал за инвеститорите.
 
Што е битно дали и за што аплицирале.Кредитот е безусловен,може да си купат коли,викендици,станови и куќи.Така да не е битно.А што се засекира ти за сигналот за инвеститорите.Повеќето високо развиени земји од Јапонија,Америка па даље се презадолжени.Грците уште неможат да пребројат колку должат па еве Кинезиве инвестираат кај нив.Значи муабетов ти е без врска.На крај краева вие цело време серете дека не сме ни имале инвеститори пошто нели не сме во Еу и Нато како вас.Така да ме боли стапот за инвеститорите што ќе речат кои според вас не ни постојат.
 
Офффф леле и заем до ММФ стана Диктатура следно и почитување на собрјаќајни знаци ќе станат Диктатура на семафорите. :tapp:

Груевски и лајно да изсере ти ќе кажеш дека е слатка.

--- надополнето ---

Што и да се пишува во никој случај долговите не може да е убаво. Инаку некој знае колку се овие заеми со седум проценти камата? Ако се да речеме 300 милиони е добро да се отстранат со овој заем.
Да не се 5 милиони долари и да се само повод за донесување на заем.
 
Хм, нели е лошо ако раснат цени, а нема инфлација? Не се разбирам нешто ама по логика (ах, каде е Леандра... фали девојчето на вакви теми :) ) ако цени се качуваат главно ради како што велат економистите по весници -увозна зависност и цени, а масата пари повеќе помалку не се зголемува баш со тој %, нели не е добро као развојна компонента за сотпанските дејности и банкарството? Прашувам, не констатирам пошто немам некои познавања него само по логика.

--- надополнето ---

Не бегај сега...ме интересира она погоре :)

Немој да веруваш на сопствениот вид,слух,мирис,вкус тие немаат диплома по економија и всушност те лажат !!! :)

Или сериозен муабет или од да разговараш за Теории на заговор Масони и UFO со Toecutter ОК од мене имаш :salut:

Кој сериозен муабет кога постојано се бламираш.
Можеби си зависник од бламажи но тоа е твоја мака,а и не ме прозивај џабе на секој втор пост.
Твојата игноранција нема да ти ја земе никој најмалку Toecutter.
Таа е твоја своина,неотуѓива и верувам потврдена со соодветна диплома.
А и од странство нешто слабо се приметува инфлацијата кај нас...

http://www.nbrm.mk/WBStorage/Files/Statistika_ST_4_Paricna_masa_2010_mak.xls

Ете ти ја НБРМ, само за година дена вкупната парична маса е зголемена за 25 милијарди денари, 13%, а сметајќи од 1997 до сега зголемена е тројно ако не и повеќе,за исто време БДП-то е далеку од она при распадот на покојната Југославија.
2 милијарди се само иштанцани готови пари,хартиени,за година дена,што остана за другите категории...

И види сега Стевче наш шо вика,ни дава некоја дефиниција

In economics, inflation is a rise in the general level of prices of goods and services in an economy over a period of time.

Алооо сите можни цени тука растат постојано...:pop: какви црни 2% какви ретардирани срања...
Оставете ги економистите се радуваат дека банките давале 9% на орочени денари годишно а не им текнува дека банките не даваат 9% од филантропија туку реалната инфлација ќе го покрие тоа лесно...и за година дена со истите пари плус 9% камата ќе можеш да купиш мнооооогу помалку работи или услуги за разлика од пред една година...

Од оние економски нејасните,магливи,обвиткани во легенди и митови категории како бензин,нафта,плин,струја,вода,шеќер,леб,зејтин,парно,месо,млеко,хигиенски чудесии...

П.С. И не ја прикривај својата игноранција со верглање за теории на заговор смешен си веќе.
Ако ти веруваш дека нема инфлација и дека била 1,5% годишно бидејќи така власта соопштила,слободно брат.,твое право ...
 
Камата от 1,5% ако е до 400 милиона,над 400 милиона каматата е малце над 2%.
Jaс не кажувам дека това е аранжман,но не може да не се знае за што са аплицирали. Просто не е изтекло како информациja.
Да не зборуваме дека това не е убав сигнал за инвеститорите.

Извини ама ако влегуваат во Буџетот веќе е релативно за што се `аплицирани` и е прашање на чиста демагогија. А за какви `инвеститори` мислиш незнам. ММФ дава ненаменски кредит така да однапред се одкажал од тоа. А за приватниот сектор тој е не е вклучен во оваа работа за жал :toe:

--- надополнето ---

Алооо сите можни цени тука растат постојано...:pop: какви црни 2% какви ретардирани срања...

Annualized inflation rate (2009 est., Consumer Price Index-based): -0.8%
www.state.gov/r/pa/ei/bgn/26759.htm

Macedonia's November consumer price index (CPI) rose by 2.9% year-on-year after an annua
:toe: Не дискутирам лични субјективни шопинг искустава од трет вид и теории на заговор.
 
За стевчета тој шо не верува на очигледните лаги и срања од власта мора да е теоретичар на завери...
Не е ни смешно веќе,трагично е ова...инфлацијата да ти била 2,8% на малопродажни цени,а ние неуките да сме ти мислеле дека постојаниот,константен и секојдневен раст на цените било некаква си инфлација...

Тоа е...
 
Што е битно дали и за што аплицирале.Кредитот е безусловен,може да си купат коли,викендици,станови и куќи.Така да не е битно.А што се засекира ти за сигналот за инвеститорите.Повеќето високо развиени земји од Јапонија,Америка па даље се презадолжени.Грците уште неможат да пребројат колку должат па еве Кинезиве инвестираат кај нив.Значи муабетов ти е без врска.На крај краева вие цело време серете дека не сме ни имале инвеститори пошто нели не сме во Еу и Нато како вас.Така да ме боли стапот за инвеститорите што ќе речат кои според вас не ни постојат.
Но не на ММФ. На државите,кои се задолжуват ком ММФ се гледа со друго око.
 
480 милиони евра од ММФ + евро обврзница...
Што да се речи освен, аирлија нека ни е! Кога кажуваат па дека ќе се трошеле за пополнување на буџетски дупки станува уште пострашно.
Големи пари се во прашање. Ланската евро обврзница од 150+ милиони се заборави (ја потрошија за плати и редовни трошоци, инвестиции ска). И овие ќе одат за истото. Да се трошат за инвестиции - инфраструктура и енергетика, не ми смета но вака не е на арно.
Дополнителен долг, ќе го враќаме ние, нашите деца, внуците...

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/vladata-ke-zeme-480-milioni-evra-kredit-od-mmf
 
Stefus i Vazoljin, на кој факултет за Економија или Бизнис имате докторирано чим вака цврство и убедено браните некои ваши ставови?
 
Stefus i Vazoljin, на кој факултет за Економија или Бизнис имате докторирано чим вака цврство и убедено браните некои ваши ставови?

А кои се моите ставови?Читај ја темата од почеток.
 
480 милиони евра од ММФ + евро обврзница...
Што да се речи освен, аирлија нека ни е! Кога кажуваат па дека ќе се трошеле за пополнување на буџетски дупки станува уште пострашно.
Големи пари се во прашање. Ланската евро обврзница од 150+ милиони се заборави (ја потрошија за плати и редовни трошоци, инвестиции ска). И овие ќе одат за истото. Да се трошат за инвестиции - инфраструктура и енергетика, не ми смета но вака не е на арно.
Дополнителен долг, ќе го враќаме ние, нашите деца, внуците...

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/vladata-ke-zeme-480-milioni-evra-kredit-od-mmf
за жал ние имаме структурен буџетски дефицит кој мора некако да се покрие , а најдобро е да се оди со надворешно задолжување за да може парите од банките да се кориостат за бизнис секторот со цел да се генерира раст на бдп. Сега ние имам поголем увоз одколку извос со што се создава најголемиот дел од дефицитот. Исто така проблемот е недоволнот штедење за да може да паднат каматите за кредитите. Владата може да го намали дефицитот и со други мерки но така ќе предизвика револт кај народот приближно како во 92/95 за време на антиинлационата политика
 
Може да се намали увозот а со тоа и дефицитот. Нека ги изградат енергетските објекти. Годишно трошиме 100+ милиони евра за увоз на струја. Тој трошок може да се намали ама после има друго прашање: увозот на струја најчесто оди преку фирми блиски на власта така да на тие огромни суми има огромни провизии!
Да, има мерки што ќе предизвикаат револт. На запад платите приватен сектор - државен сектор се 3:1 а кај нас 1:2 ако не и 1:3. Тоа не е здрава логика. Државата живее од стопанството, го исцедува. Мора да се направи рез. Или постепено ќе се задоволува јавната администрација за да се добиваат изборите а задолженоста ќе си расте - тоа значи дека прашање на време е кога ќе не снајди европската мода - банкротот.
 
Точно платите на Буџетарите се превисоки и ги има премногу на број. Буџетот треба да биде мал(иако во рецесија големи инфраструктурни инвестицие се супер) но, инвестиционен во пред се во инфраструктура. Значи најбитна е струкурата на буџетот. За жал од 1991 од 2010 во главно буџетите беа социјални а не развојни овој за прв пат има таков карактеки но, е екстемно оптоварен од Пензии, Социјала, Субвенции и остали социјалистички тракаташки.
Има тон невработени кој може да работат но, поради високите давачки на државата и премногу високата минимална плата никој несака да ги вработи.
Незнам како се определуваат платите на Буџетарите ама очигледно се од ракав и надувани само за да добиваат гласови и просечната плата во МК да расте на болна основа.
Инаку мислам дека се најавени во следниот буџет инвестиции во електроцентрали на Црна 2 мислам Главен проблем и кочичар на економскитот развој во МК се високите социјални давачи (пензиско и здравство), премногу буџетари, спора администација и непотребни поцедури, минимална загаранирана плата, субвенции и политичка клима.
 
E oвој заем не е таков. За разлика од порано кога заемите беа со многу услови и наменски. Можеш да го трошиш за што сакаш и немора да му поднесуваш извештај на ММФ единствена обврска е да го вратиш нема ниту еден единствен услов поврзано со него. Функционира како ненаменски кредит ни реформи, ни бутур. 480 милини евра ненаменски кредит со 1.5% камата :vozbud: Искрено и јас би сакал таков кредит да земам условите се лудо поволни. Сите рекоа дека вакви поволни услови никогаш немало на кредитниот пазар.

Што е битно дали и за што аплицирале.Кредитот е безусловен,може да си купат коли,викендици,станови и куќи.Така да не е битно.А што се засекира ти за сигналот за инвеститорите.Повеќето високо развиени земји од Јапонија,Америка па даље се презадолжени.Грците уште неможат да пребројат колку должат па еве Кинезиве инвестираат кај нив.Значи муабетов ти е без врска.На крај краева вие цело време серете дека не сме ни имале инвеститори пошто нели не сме во Еу и Нато како вас.Така да ме боли стапот за инвеститорите што ќе речат кои според вас не ни постојат.
Меѓу другото, прочитајте подоле дали туку така ќе купуваш точаци и велосипеди и дали е битно само да го вратиш долгот.

25.06.2009
Наспроти сево ова, Груевски упорно одбива аранжман со ММФ. Зошто?

- Не знам, досега не слушнавме издржан економски аргумент зошто да немаме аранжман со ММФ. Мислам дека немаат сила аргументите од типот „подобро да немаме аранжман за да не бидеме во групата на земјите кои се повеќе погодени од кризата и имаат аранжман, во тој случај странските инвеститори ќе имале лоша слика за нас “. Или, аргументот на некои дека губењето на слободата во водењето на економската политика е превисока цена за склучување аранжман. ММФ, во основа, не тера да го правиме она што и самите би требало да го направиме. Затоа, доколку навистина се сака да се води соодветна фискална политика, тогаш таа секако ќе биде во согласност со она што принципиелно го бара ММФ.

10.06.2010
Експертите и опозицијата сметат дека подобра варијанта за задолжување е аранжман со ММФ, наместо задолжување со еврообврзници. Тие велат дека Владата го избегнува таквиот начин на кредитирање за да ја избегне контролата и да сокрие од јавноста како ги троши буџетските пари.
(a.k.a. парите потрошени за споменици, она што ММФ немаше да го дозволи т.е. што не е во согласност со ММФ во услови на економска криза)

Истиот датум од погоре:
Народната банка и Владата сметаат дека нема потреба, ни сега ниту во иднина да склучи нов аранжаман со Меѓународниот монетарнен фонд. Експертите и опозицијата велат поинаку, тие сметат дека е подобро да се земат кредити од фондот затоа што се со помала каматна стапка, одошто Владата да се задолжува со еврообврзници. Вицегувернерот на Народна Банка, Димитар Богов вели дека аранжмани со Меѓународниот Фонд склучуваат земји чија економија не е стабилна, за разлика од македонската која успешно ги пребродила сите проблеми затоа што фондот како што вели тој, не е да позајмува пари туку да помогне во реформирањето на политиките.
Ана Јаневска Делева од Транспаренстност вели дека избегнувањето на поволната понуда на ММФ отвара сомнежи дека од буџетот ненаменски се трошат пари.

Моето прашање, нели немало потреба?
Второто прашање, дали стварно било успешно?

30.09.2008
Власта јавно соопшти дека повеќе не и' е потребен аранжман со ММФ. Дел од експертската јавност во Македонија со голема скепса гледа на ваквата одлука и смета дека таа е погрешна и дека е донесена единствено со цел државните пари да се трошат без контрола.

Итн....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom