Ова е моето омилено лого на фудбалски клуб.Љиљакот е специфичен за Валенсија како град,наводно ги има многу во тој крај.Инаку се претпоставува ,дека кога кралот Јејмс го освојувал градот,пред десетина века ,на неговото знаме слетал љиљак,и тој тоа го протумачил како добар знак...така нешто беше приказната....и кога го освоил градот, го ставил љиљакот на грбот на знамето....
Точна е приказната, само што логото кое го имаш постирано, не е официјално и не се користи од тимот. Ова е официјалното лого:
Историјата за лилјакот
Градот
Валенсија и
Балеарските острови биле освоени од кралот
Хаиме I од Арагон во периодот од првата половина на 13ти век. По освојувањето, кралот им дозволил статус на независни кралства на двата региони.
Со неговото доаѓање на врвот на грбот на градот Валенсија се појавил
лилјакот. Постојат неколку можни објаснувања за таа појава:
-Едното е дека лилјаците се многу
застапени во тој регион.
-Другата пак теорија датира од 9 октомври 1238 година кога кралот
Хаиме I бил пред влезот на градот Валенсија со цел да го освои градот од
Маврите. Тогаш на врвот од неговото
знаме слетал лилјак, а Хаиме тоа го интерпретирал како
добар знак. Па така по освојувањето на градот, лилјакот бил додаден во грбот на Валенсија.
Лого кое што се користи исто како и тоа погоре.