И градежниците и граѓаните среќни од намалувањето на ДДВ за становите

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
Владата вчера одлучи да го намали данокот на додадена вредност за изградба на станови од 18 на 5 отсто, со што се очекува дека ќе се намали и цената на новите станови

gradba2.jpg


Со оваа мера ќе се стимулира изградбата на станови, ќе заживее градежништвото и ќе им се помогне на граѓаните да го решат станбеното прашање, соопшти на прес-конференција премиерот Никола Груевски, придружуван од целиот владин тим. Одлуката на Владата идната недела ќе се најде во Собранието. Пониската даночна стапка, освен за новите градби, ќе важи и за оние станови што се веќе изградени, а нивната продажба ќе се случи по донесување на законските измени.

- Мерата ќе има неколку позитивни ефекти. Во услови на криза ќе ја стимулира изградбата на станови од страна на градежните компании, со што ќе се помогне да дојде до заживување на градежништвото, но и на другите дваесетина стопански гранки поврзани со станбената изградба, како што се занаетчиството, индустријата, производството на мебел и други гранки - рече Груевски.

Меѓу позитивните ефекти, кои се очекуваат од оваа одлука, е и заживувањето на пазарот на недвижности во Македонија, кој, како што рече Груевски, е еден од двигателите на економскиот развој во секоја земја. Од Владата сметаат дека, и покрај намалување на данокот, приходите во буџетот по ова основа ќе имаат позитивен ефект, заради зголемениот промет на станови со пониски цени.

- Даночните приходи по основа на ДДВ од градежништвото се помеѓу 10-11 милиони евра - истакна министерот за финансии Зоран Ставрески. Градежните компании со воодушевување ја примија веста за намалување на ДДВ. Сега становите сигурно ќе поевтинат, беше нивниот првичен коментар. Од градежната фирма „Бортас“ велат дека ваквата мера, меѓу другото, ќе придонесе за зголемување на продажбата.

- Луѓето досега послабо купуваа станови. Тука свое влијание секако имаше и кризата, но најмногу влијаеја ригорозните услови на банките, кои тешко даваа кредити. Сега очекуваме работите да се подобрат - ни изјавија од „Бортас“. Дека цената на становите сигурно ќе падне сметаат и од „Бис-градба“, и тоа најмалку за 10 отсто. Во „Дујор-пром“, која се занимава со покривни конструкции, нагласуваат дека оваа владина мерка ќе значи инјекција за поттикнување на градежништвото и економијата.

- Сигурно ќе се намалат цените. Луѓето досега беа изгорени како од кризата така и од градежната мафија. Намалената даночна стапка сега ќе придонесе за зголемена продажба - велат од компанијата.

Намалувањето на данокот на додадена вредност кај продажбата на становите беше долгогодишно барање и на стопанските комори на Македонија.

Автор: Александар С. Димковски
 
Абе ти сега сакаш сериозно да биде сватено ова како некоја,супер владина мерка од патриотската влада ??
Абе јали си нормално бе дете кај живееш ? Абе 80% од населението на македонија одвај врзува крај со крај неможе да преживее овој се чепати со становите,алоооооооооо кој може да си дозволи во денешно вре,ме стан да купи ?? пак не е законов за народот пак е за оние глаучите

--- надополнето ---

понизок данок глеј сега кога ке им опнат тродупло повисоки комуналии па тогаш ке видиме колкуууууу ке се гради
 
Едно е сигурно ,сега тие газди што имаат градежни фирми ке бидат побогати за 13 посто од секоја изградена зграда а луѓето пак нема да можат да купат станСмешни се бе,во услови на пазарна економија ова не е мерка за народот,сите знаеме дека пазарот во РМ работи на споразумен договор за монопол на цените на сите дејности.
 
Едно е сигурно ,сега тие газди што имаат градежни фирми ке бидат побогати за 13 посто од секоја изградена зграда а луѓето пак нема да можат да купат станСмешни се бе,во услови на пазарна економија ова не е мерка за народот,сите знаеме дека пазарот во РМ работи на споразумен договор за монопол на цените на сите дејности.

Ама види шо вика насловот остај ти тоа хахахха
 
курсетресеуладнавода ова испадна. Едно намалија, дупло зголемија и се наполни буџетот од казни по 300-400 евра од ден. Пак сте зае*ани. :tapp:
 
Абе, кој колку станови ќе си купи сега?

Јас планирам едно 3-4 да си купам.
 
Таман мислев да пишам „супер“ го прочитав Гораст ...... има многу вистина во она што го кажа за жал така е во оваа африканска држава.
 
шо суперисуваш бе ти се залета стан ке купуеш а :pos2:
 
Нормално,сигурно за гвујо не би се израдувала :)))
 
Јас да имав 100 000 ќе чекав квадратот да се намали во Скопје :)
 
Немора да значи дека становите ќе бидат поевтини, може да биде истата цена само повеќе пари за фирмите.

А тоа дека ќе бил исто полн буџетот со 5% и со 18% мижи асан да ти баам.
 
hm drzavata donela odluka za namaluvanje na ddv. stanot se prodava so ddv . so negovo namaluvanje se sozdava konkurencija pa nekoj dali ke prodava po stara cena ili nova toa licna opredelba.:)
 
Работава гледа месо јаде скапан компир :pos2:
 
Абе да дадат некој кредит за стан со фина мала камата па и тогаш да се размислиш, а пошто цени стално скокаат, од плата останува помалку (хм, помалку од ич...ако има таква величина :) ) за да можеш да платиш рата. Ова џабе толкав наслов -намалувале ддв и на други производи па фирмите си го јаделе кајмакот. од корен, од плата не можеш. Стан ќе купиш ако продадеш нива, куќа, друг стан...пак користен, нов јок.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom