Wikileaks и Julian Assange (генерална дискусија)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Им кажа дека се терористи по дефиниција а после на двајца луѓе кои претендираат да бидат претседатели на САД им кажа дека се идиоти. Отворено. :zver:

--- надополнето ---

Уште едно одлично интервју:

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.407
Најточно до сега објаснето случувањето околу викиликс и Асанж.

derrain

артилерец
Член од
4 февруари 2009
Мислења
364
Поени од реакции
205

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
“Викиликс“ со донации од милион евра

Фондот “Фау Холанд“ од Германија, кој е управител на сметките на “Викиликс“, соопшти дека интернет страната “Викиликс“ само оваа година добила донации од еден милион евра.

Донациите на “Викиликс“ се намалени во втората половина од оваа година и истите изнесуваат 235 илјади евра, а до месец август пристигнале околу 765 илјади евра.

Основачот на “Викиликс“ Џулијан Асанж моментно се наоѓа во Велика Британија и ја очекува одлуката на судот по барањето за неговото екстрадирање во Шведска, каде го очекуваат обвиненијата за сексуална злоупотреба.

Извор

Се прашувам...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Прочитав вчера дека Асанж ги продал правата за својата автобиографија за 1.200 000 евра. Изјавил дека не сака да ја напише книгата но мора да обезбеди приходи за Викиликс да продолжи да егзистира, со оглед на тоа дека му ги попречуваат донациите. Го загубив линкот не се сеќавам каде читав...
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Прочитав вчера дека Асанж ги продал правата за својата автобиографија за 1.200 000 евра. Изјавил дека не сака да ја напише книгата но мора да обезбеди приходи за Викиликс да продолжи да егзистира, со оглед на тоа дека му ги попречуваат донациите. Го загубив линкот не се сеќавам каде читав...
Еве

АСАНЖ ПИШУВА АВТОБИОГРАФИЈА
Околу 1,5 милиони долари вредни договори со издавачи од САД и Британија веќе се потпишани а иако не сака да пишува автобиографија, основачот на Викиликс ќе ја раскаже својата приказна за да собере пари за покривање на правните трошоци и да го одржи сајтот во живот.

Во интервју за лондонски Сандеј тајмс, 39-годишниот Австралиец открил дека ја подготвува книгата, за која се очекува да му донесе дополнителни 1,1 милион долари од продажбата по други земји освен Островот и Америка.

"Не сакам да ја напишам книгава ама морам. До сега потрошив 200.000 фунти на судењето, а морам да продолжам да се бранам и да го одржам Викиликс жив," вели Асанж.

Мастеркард, Виза, Пејпал и Банк оф Америка, кои Асанж ги нарече "инструменти на надворешната политика на САД," се само дел од финансиските институции кои ги блокираа трансакциите за сајтот.

Асанж, за кого неодамна беше обелоденето дека во Викиликс заработува околу 86.000 долари годишно, во моментов живее кај пријател во источна Англија и го чека сослушувањето за негова екстрадиција во Шведска, чии власти го товарат за наводна сексуална злоупотреба на неколку жени.
Он.нет
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Повеќе од јасно е дека сакаат да го уништат финансиски кога више не можат физички. :toe:

Треба да ги употребува судовите како политичко-пропагандна платформа.

Што поише го притискаат, уште поише треба да им вади компромитирачки материјли.
 
Член од
27 декември 2010
Мислења
15
Поени од реакции
2
Секој кој има читнато историја или полемологија па и нешто дипломатија ќе знае дека тајни контакти СЕ НОРМАЛНИ единствена разлика покрај тајноста е и нивото(амбасадор,конзул,советник па се до адвокат како случајот со Израел) значи ова не е нешто посебно и лично за мене не е нешто ново НЕПРИЈАТЕЛИТЕ комуницираат меѓусебе и тоа не е ништо чудно!!

Сепак има еден проблем овде-ЗЛОСТОРОТ на НАТО силите за кој искрено не верував дека го прават-полјаците убивале цивили по свадби,америте за забава и тоа е дефинитивно СРАМ ЗА НАТО!!!!(не дека цивили не гинат во војна ама..).

Туку потсетете се на Советите:)

И они беа скоро 10 години во авганистан па убија минимум 2 милиони цивили така да сеуште НАТО-вци не можат со нив.

И секако Видете го Масакрот кој Русија го врши во чеченија или во бројки над 600 000 лица мртви од 15 години до 60!!

Неќам да бидам грешно разбран туку реално и објективно погледнете 360 степени ако веќе гледате.

И на крај краеви асанж податоците не ги објави од убави очи-туку за ПРОФИТ и тоа ТЕЖОК профит грешен е неговиот имиџ на херој но мислам дека ПОГЛУПА причина за да го уапсат од наводното "силување" нема.

Што се однесува до Мајорот-си Има закони но џабе е...ова е непоправлива штета за САД,Европа и НАТО.

--- надополнето ---

Најточно до сега објаснето случувањето околу викиликс и Асанж.

Богами и така е-какво "силување" направил човекот ма апла е невин.(за силување).

--- надополнето ---

“Викиликс“ со донации од милион евра

Се прашувам...
Чекај...следуваат десетици милиони посебно од тајните служби и држави кои "добиваат" рејтинг за сметка на САД и Европа.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Секој кој има читнато историја или полемологија па и нешто дипломатија ќе знае дека тајни контакти СЕ НОРМАЛНИ единствена разлика покрај тајноста е и нивото(амбасадор,конзул,советник па се до адвокат како случајот со Израел) значи ова не е нешто посебно и лично за мене не е нешто ново НЕПРИЈАТЕЛИТЕ комуницираат меѓусебе и тоа не е ништо чудно!!

Сепак има еден проблем овде-ЗЛОСТОРОТ на НАТО силите за кој искрено не верував дека го прават-полјаците убивале цивили по свадби,америте за забава и тоа е дефинитивно СРАМ ЗА НАТО!!!!(не дека цивили не гинат во војна ама..).

Туку потсетете се на Советите:)

И они беа скоро 10 години во авганистан па убија минимум 2 милиони цивили така да сеуште НАТО-вци не можат со нив.

И секако Видете го Масакрот кој Русија го врши во чеченија или во бројки над 600 000 лица мртви од 15 години до 60!!

Неќам да бидам грешно разбран туку реално и објективно погледнете 360 степени ако веќе гледате.

И на крај краеви асанж податоците не ги објави од убави очи-туку за ПРОФИТ и тоа ТЕЖОК профит грешен е неговиот имиџ на херој но мислам дека ПОГЛУПА причина за да го уапсат од наводното "силување" нема.

Што се однесува до Мајорот-си Има закони но џабе е...ова е непоправлива штета за САД,Европа и НАТО.

--- надополнето ---

Богами и така е-какво "силување" направил човекот ма апла е невин.(за силување).
Профит?! Му ги блокираа сметките , го влечат по судови , во америка сакаат да го убијат. Ти викаш профит. Асанж е втор по ред по вештина во хакирање во светот мислиш дека можеби многу полесно може да заработи пари од објавување документи за кои ќе го бараат мртов или жив во најмоќната земја во светот
И патем тие милион долари се во донации давани од секаде од светот . Му ја блокираа сметката и мораше да потпише договор за книга за да си ги плати сметките за адвокат. Профит .
Смарт аз дај не биди толку очигледен те молам :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
А бе нека е и за профит, ај да удриме една брза математика. Вики Ликс има околу 20-тина вработени минимум (од она што го видовме како нивни простории и персонал од документарците, не мора да е точна бројка). Тие 20 лица да земаат годишна плата од по 30 000 евра, што е ништо за нивниот стандард, а и знаење, се 600 000 евра годишно? Просториите чинат пари? Патувањата по светот за семинари, средби итн... чинат пари? Серверите чинат пари?

А колку има Викиликс? Асанж треба да напише биографија за да земе 1.200 000 евра. Тоа се пари со кои можат да истераат една година, без судењето. Само до сега судските трошоци му се 200 000, а ова има да трае...

Зборот ми е, со негово информатичко знаење може да си живее како господин, и тоа без да ја пикне главата во торба. Не му треба ни Викиликс ни ништо ризично од тој тип.
 
saman

Раскажувачот
Член од
1 август 2009
Мислења
367
Поени од реакции
91
Зборот ми е, со негово информатичко знаење може да си живее како господин, и тоа без да ја пикне главата во торба. Не му треба ни Викиликс ни ништо ризично од тој тип.
Дали Осама ризикуваше со кулите близначки ? Што му се деси на човекот ? А што се деси со светот ? Навтата рипна, некој стави некоја пара во џеб,Америка претрпе само човечки жртви или како би се рекло колатерална штета. Асанж е поразличен од Осама, не е терорист туку е модерен хакер со симпатичен изглед и + женкариште. Дипломатијата не се промени се е исто од секогаш се вршела шпионажа во дипломатија,дипломатијата не е ракување пред камерите и по некоја насмевка. Новиот призвод се вика Асанж made in Америка. Сега одкако веќе му дадоа светски публиците сите ние ќе го слушаме што има да изјави или што ќе исфрли неговиот WIKILEAKS и што е најбитно сите ќе му веруваме,затоа што дечкото се докажа дека праведен и работи за народот.Тој е оној кој објави документи за Ирак кој го потресоа светот (обичните луѓе). Што сменија објавените документи за Американската војска во Ирак ? Ништо и понатаму си останува истото и истата цел,што би значело Америка е недопирлива. Еднаш пишав и пак ќе пишам тие документи кој се спремни за излагање ќе си се пуштаат по редослед за да може да се прати реакцијата и да се креира понатамошната политика. Сега една теорија на заговор, WIKILEAKS го пиша и Велија за понекое време Велија да биде уапсен а денес Американската Амбасада да даде позитивни критики за акцијата. WIKILEAKS исто така кажа нешто и за Бучко,деновиве по весниците и телевизиите Бучко се споредува со Санадер,Тачи,Мило дали случајно или не ќе видиме иднината е пред нас.
 
Осама бин ладен немаше ништо врска со кулите близначки - немаат нит технологија нит образовани луѓе кои би го сториле тоа

Детално објаснување тука
два и пол часа се ти дава детален увид во америка вал стрит и како функционира спојката циа- криминални банди- вал стрит

Викилеакс нема ништо врска со америка, викилеакс ја направи америка да личи го тотален дебил, америка сама од себе ќе си падне. Сега за сега е недопирлива ...
 
Баш затоа го ставив Осама затоа што човекот нема ништо со кулите иако тој презема одговорноста, Америка сето тоа го искористи како што пишав погоре. Исто и сега ќе ѓи користат ситуациите кој ќе се јавуваат како резултат на објавените документи. До сега нанесоа благ удар на Турчинот и на Двајцата Руси притоа исмевајќи ѓи. Се додека овие документи не ја променат власта во некои моќни Држави и се додека не удри дирекно во Америка на било кој начин пр: Обама во телефонски разговор со Опра неколку пати навел дека ѓи мрази белците :) се дотогаш ќе размислувам вака.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom