Хелоооу???
Дестабилизации и пореметувања? Последици за земјичкава?
Во случај да не си забележал, земјичкава наша е силувана од сите страни, секој ден. Милиони и милиони се убиваат на едниот крај од земјата и милиони и милиони гладуваат на другиот крај на земјата. Во меѓувреме „дипломатите“ зи играат стратегии и за забава гледаат Кантер во живо. Во меѓувреме, нас ни продаваат лаги онака анфас, како да сме телиња.
Што мислиш, во која насока одиме? Си се запрашал ли какви последици ќе има ако вистината не излезе на виделина? Знаеш ли каков импакт имаше ова? Еве само еден аспект: илјадници хакери кои до вчера тепаа време и не се замараа многу-многу, сега се организираат за сајбер напади. Вистинска мала армија. Тоа е подигнување на свеста, и тоа е најдоброто нешто што ќе излезе од Викиликс.
Не сакам да ве потценам тебе и друштвото нити па викам дека нема простор за такво размислување, ама едноставно вие деновиве сте слушнале за Асанж и не ни имате собрано некакви податоци за тоа што направил Викиликс до сега, туку онака сте преминале на теории на заговор. И пишав еднаш порано, тоа е нормално. Се е наместено, зошто ова би било вистина? Сме биле подложени на бреинвошинг од раѓање, нашите мозоци веќе не можат да прифатат дека нешто може да биде вистина. Кога сме кај последиците...
Силувана поимот допрва ќе се спроведе на дело. Гледаш дека се дистанцирам од двете страни, затоа реков дека и двата фронта се своевидно зло и претставуваат закана за човештвото.
Не одиме во никаква насока, бар држиме извесен баланс, јас со овие негови постапки се прашувам ОН во која насока ја тера работава и како е можно после ваков дисбаланс светот да се преориентира на подобро.
Нема никакви последици да постојат, пред да се случи Викиликс све се базираше на теории но цврсти теории, сега и да претпоставиме дека ќе протечат цврсти контроверзни факти во иднина, што може да превземе цела оваа глобална маса наспротив владините структури?? ништо како и досега, бар претходно имаше до негде ред, сега нема назад и да сакаме, се случува безредие и параноја.
Напоменав и претходно, после секоја економска криза следи и војна, тоа мора да се случи кад-тат а настаниве наговестуваат на такви црни сценарија.
Подигање на свест?? на чија свест по ѓаволите, на луѓето чија професија нема три чисти со политика, и кој е ефектот после сето ова, ќе се откажат од своите сметки во банка, ќе престанат да ги конзумираат производите и услугите кои му попречуваат на Асанж да си продолжи да ја спроведува својата прљава агенда.
Поконкретно, се утврдува дека всушност Бугарија и Романија се дел од ЕУ за интересите на Русија и кочење на активностите во комисијата.
Каков импакт ќе има кај страните инволвирани во ова??
Не сум многу навлезен во меѓусебните економски спогодби но секако дека протокот на стока,транспорт,фондовски одобрувања за развој на индрустрија етц.. . сето ова преку ноќ ќе биде замрзнато.
Не познавам Македонец кој не би сакал да биде разјаснета вмешаноста на јужниве во 2001 и колку средства и напори биле вложени да не отсечат од сите интеграции, но еве претпоставуваме се случи тоа, и што потоа е прашањето!?
На улица во МК веќе следниот ден ќе останат со отказно решение више од 100к граѓани... каков удар е тоа за една нација??
Запознаен сум со побитните случувања и инфоа кој излегоа на површина, не киснам сега на Викиликс и да ги пратам сите класифицирани,доверливи или тајни податоци кој се впуштаат во текот на цел ден.
Но стварно не можам да си објаснам зашто неинволвираните страни мислат дека они се ГЛАВНИ у муабетов и дека се работи на подобро утре за светов и нивниот личен просперитет.
Кога со отворени карти се анализира цела ситуација, јас не гледам индикации кои ја тераат работава кон права насока.
али јбг, може и ради тоа што просто е невозможно ова да се изведе мојот песимизам е уште потврд, на крај краева кажав дека ова е само мое гледиште и секако не значи дека е така.
нашите мозоци веќе не можат да прифатат дека нешто може да биде вистина
баш ради ова мора секој ваков сличен урбан херој да се зима со резерва.