Wikileaks и Julian Assange (генерална дискусија)

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Системот ја отфрла маската.
Неброени милијарди долари украдени од разни диктатори како Мобуту,Сомоза,Маркос,Видела,Траоре...елегантно и фино завршувале на сметки во Швајцарски банки и никој не ги блокирал...милиони жртви,масакри,геноциди,клептократија,режими од кои би се расплакал и Џек Мевосек сосема спокојно си ги чувале украдените пари во истите банки кои сега ги блокираа скромните средства на Викиликс.

Швајцарскиот банкарски сектор ги смета Викиликс за поголема закана по човештвото од еден фин и добро нахранет дечко како Мобуту на пример...или еден куп екс-нацисти од третиот рајх кои депонирале злато,делумно корнето без анестезија,онака со клешти од вилиците на евреи пред да ги однесат во коморите ...:tapp:

Но и ова е добро,маските паѓаат се побрзо...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Меѓутоа, на сите ни е јасно дека нема да има реакција од ниедна страна. Гледате дека сите молчат и вршат дефокусирање кога се информацииве во прашање. А што му останува на обичниот народ сега кога знае што се случува, што пак ставам под знак пршање, зашто документиве не е само човек да ги прочита туку и да ги толкува, има врска и во читањето и во намерите.
Ајде дечки сите со еден венец на глава, ќе се навратиме на хипи начинот на живот и ќе пееме песни до Џон Ленон. Не знам што друго може да правиме со информациивре.
Гледај ја пошироката слика, сега сите оние кои се борат за подобро утре имаат конкретни докази (а не само теории кои не можеа да ги докажат) за тоа како во пракса навистина функционира светов. Имаме настан кој разбуди огромна маса на луѓе од која ќе излезат нови интелектуалци со нови методи на борба. Сето ова што излезе како инфо и сето она што ќе му се случува на Асанж и Вики Ликс понатаму ќе биде огромна мотивација за понатаму, а во исто време е и големо предупредување на она што следи ако не се разбудиме. Борбата ќе трае и според мојата песимистичка природа, еден ден човекот ќе биде комплетно контролирано животно со сите тертипи... но ваквите луѓе ни даваат надеж.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
WikiLeaks now hosted at 507 locations, planet wide
вчера т.е сабајле накај 4 или 5 саатѕ имаше 208 за 12 саата од прилика бројката се дуплира
Facebook официјалната група која го подржува викликс
На 886.581 луѓе им се допаѓа ова
баш ке видам колку ке бидат во 00 и утре преку ден.. вртоглаво расте бројот на подржувачи !!!!!!!
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Гледај ја пошироката слика, сега сите оние кои се борат за подобро утре имаат конкретни докази (а не само теории кои не можеа да ги докажат) за тоа како во пракса навистина функционира светов. Имаме настан кој разбуди огромна маса на луѓе од која ќе излезат нови интелектуалци со нови методи на борба. Сето ова што излезе како инфо и сето она што ќе му се случува на Асанж и Вики Ликс понатаму ќе биде огромна мотивација за понатаму, а во исто време е и големо предупредување на она што следи ако не се разбудиме. Борбата ќе трае и според мојата песимистичка природа, еден ден човекот ќе биде комплетно контролирано животно со сите тертипи... но ваквите луѓе ни даваат надеж.
Токму тоа сакам да го кажам. Освен што Асанж помогна да ни се плесне в лице какви магариња не прават политичарите и дека целата светска политика е едно Мапет шоу, навистина не верувам дека ќе има некоја реакција. Ако луѓето имаа свест, сега улиците ќе беа полни со луѓе кои ќе протестираа против ваквиот третман. А сите ние седиме дома и читаме што му се прави на Асанж, човекот тана вистински маченик. Не сакам само да чујам дека се самоубил, паднал по скали, ала Милошевич и сл.
Не го спомнувам Ленон залудно. За некој ден се навршуваат 30 години од неговата смрт, а светот влезе во невидена небулоза, против каква тој самиот се бореше во ред со други лица.
Да не излезе приказнава, убиј го гласникот и си ја убил и новоста.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348

Мрзам да те разочарам човештвото не може да си дозволи hive mind instead of group mind. Моментот кога ќе успеат да го направат тоа е моментот кога ќе започне почетокот на крајот на оваа цивилизација ако не сме веќе.
Енергија е во прашање , за тотална контрола треба енергија - многу енергија која е се помалку и помалку во вид на нафта :)
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Сега почнаа да ги плашат и студентите.

Кој ќе влезе на Wikileaks, шансите да најде работа му се намалени.

Пред тоа на владините службеници им забранија да ги читаат документите.

Истовремено, поголемата глупост е дека ќе ги повлечеле амбасадорите и персоналот кои биле идентификувани во документите.
http://www.thedailybeast.com/blogs-and-stories/2010-12-04/wikileaks-cable-disaster-spurs-obama-plan-to-shake-up-key-personnel/.
хах.. како ке им забранат само се прашувам.. да не ги контролира некој надзорник кој ке биде со нив 24 часа па да гледа шо ке отвараат по интернет..

П.С американциве ни држат предавања за слобода на движење и слобода на говорот???

нека ја повторат лекцијата прво они !
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Соопштението на „Новинари без граници“ е многу интересно:

This is the first time we have seen an attempt at the international community level to censor a website dedicated to the principle of transparency. We are shocked to find countries such as France and the United States suddenly bringing their policies on freedom of expression into line with those of China. We point out that in France and the United States, it is up to the courts, not politicians, to decide whether or not a website should be closed.

Meanwhile, two Republican senators, John Ensign and Scott Brown, and an independent Lieberman, have introduced a bill that would make it illegal to publish the names of U.S. military and intelligence agency informants. This could facilitate future prosecutions against WikiLeaks and its founder. But a criminal investigation is already under way and many U.S. politicians are calling vociferously for Assange’s arrest.

Reporters Without Borders can only condemn this determination to hound Assange and reiterates its conviction that WikiLeaks has a right under the U.S. Constitution’s First Amendment to publish these documents and is even playing a useful role by making them available to journalists and the greater public.

We stress that any restriction on the freedom to disseminate this body of documents will affect the entire press, which has given detailed coverage to the information made available by WikiLeaks, with five leading international newspapers actively cooperating in preparing it for publication.

Reporters Without Borders would also like to stress that it has always defended online freedom and the principle of “Net neutrality,” according to which Internet Service Providers and hosting companies should play no role in choosing the content that is placed online
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Еве што вели Асанж за Гардијан околу Амазон:
"Since 2007 we have been deliberately placing some of our servers in jurisdictions that we suspected suffered a free speech deficit in order to separate rhetoric from reality. Amazon was one of these cases."
His comments on the matter came after WikiLeaks tweeted that if Amazon was "so uncomfortable with the first amendment, they should get out of the business of selling books."
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Токму тоа сакам да го кажам. Освен што Асанж помогна да ни се плесне в лице какви магариња не прават политичарите и дека целата светска политика е едно Мапет шоу, навистина не верувам дека ќе има некоја реакција. Ако луѓето имаа свест, сега улиците ќе беа полни со луѓе кои ќе протестираа против ваквиот третман. А сите ние седиме дома и читаме што му се прави на Асанж, човекот тана вистински маченик. Не сакам само да чујам дека се самоубил, паднал по скали, ала Милошевич и сл.
Не го спомнувам Ленон залудно. За некој ден се навршуваат 30 години од неговата смрт, а светот влезе во невидена небулоза, против каква тој самиот се бореше во ред со други лица.
Да не излезе приказнава, убиј го гласникот и си ја убил и новоста.
Да, на 8-ми декември. Неговата приказна наликува на оваа, и него му викаа да молчи, им кажа јавно дека нејќе, па се обидоа да го депортираат (поблаги мерки) па не им успеа и на крај заврши како што заврши и убаво како на магариња што викаш, им објаснија на сите дека некој луд човек си нема друга работа тој ден и така се случило.

Интересно е што овој случај покажува дека одиме кон полошо и полошо, затоа што овој пат моќниците ги заобиколија и судовите и дирекно ја делат „правдата“. И пак никому не му чуе.

Но верувам дека се е процес и дека треба време и многу вакви луѓе и многу жртви за да проработи некоја поширока свест, ако е тоа можно. Во секој случај, Џон ми е голем идол а мислам дека и Асанж може да стане идол и херој на многу генерации ако не ја свитка кичмата.

Мрзам да те разочарам човештвото не може да си дозволи hive mind instead of group mind. Моментот кога ќе успеат да го направат тоа е моментот кога ќе започне почетокот на крајот на оваа цивилизација ако не сме веќе.
Енергија е во прашање , за тотална контрола треба енергија - многу енергија која е се помалку и помалку во вид на нафта :)
Да не почнуваме за енергиите ќе забегаме оф топик, не се секирај ти за нафтата имаат они бек-ап план.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Нешто смрди овде.... Не може Асанж или кој било друг да објави толку многу тајни документи без знаење на тајните служби... сигурно тие имаат замешано прсти...
Мора да постои некоја повисока цел...
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Нешто смрди овде.... Не може Асанж или кој било друг да објави толку многу тајни документи без знаење на тајните служби... сигурно тие имаат замешано прсти...
Мора да постои некоја повисока цел...
Сакаш да кажеш некој заговор ?
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Нешто смрди овде.... Не може Асанж или кој било друг да објави толку многу тајни документи без знаење на тајните служби... сигурно тие имаат замешано прсти...
Мора да постои некоја повисока цел...
Мислиш сами себе го убијале? :)
Читни малце што се случува наназад од 2007 и како функционира системот на Асанж па ќе ти стане појасно верувам на кој начин документите стигнуваат до него.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Мислиш сами себе го убијале? :)
Читни малце што се случува наназад од 2007 и како функционира системот на Асанж па ќе ти стане појасно верувам на кој начин документите стигнуваат до него.
Хахаха, па и не баш.
Разузнавачите знаат што прават. Лесно може да се потплати некој или да се инфилтрира така да речам и да испрати "тајни" документи.
Објавување на толку многу тајни документи не е мала работа.... а и не му е првпат.

Сепак не може да се каже дека голем дел не се вистина... а тоа е добро.

Најинтересно ќе биде во блиска иднина, пошто некако гледам голема реакција на владите, некако ќе пробаат да го свртат вниманието.... дали со флотата што моментно оди накај Јапонија или Иран.... којзнае. :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Хахаха, па и не баш.
Разузнавачите знаат што прават. Лесно може да се потплати некој или да се инфилтрира така да речам и да испрати "тајни" документи.
Објавување на толку многу тајни документи не е мала работа.... а и не му е првпат.
До сега не видов некоја влада да негираше документ. Баш и не е лесно да негираш видео од масакр на пример. Значи не е спорна автентичноста на документите. Да беше, ќе го гонеа за клевета и многу лесно ќе се завршеше работата. Тие сакаат да го гонат за шпионажа, велепредавство и слично. Оваа „папка“ документи која излезе последно е вистинска бомба. На дечкото кој е осомничен дека ги даунлоадирал и ги испратил му се заканува смртна казна.

Настрана тоа, ја разбирам твојата првична реакција, всушност и многу други кои сега слушнаа за Вики Ликс прво помислија на тоа, па и јас кога прв пат слушнав за сајтот пред неколку месеци прво удрив на скепса. Со оглед на тоа што секојдневно мејнстрим медиумите не бомбардираат со ноторни лаги, идиотски лаги, многу е тешко да прифатиме дека си имаме работа со вистината. На страна медиумите кои не се бават со политика, ние не сме виделе медиум кој ја говори вистината. И сега некој очекува да веруваме дека не не лажат пак, како и обично. Не иде тоа така... :)
 
М

Мартин`

Гостин
Најнова информација после прекинувањето на соработката на Амазон и Пејпал и Швајцарската банка “ПостФајненс“ ја прекина соработката со Викиликс и ја блокирала сметката на Асанж со 31.000+ евра, наводно поради тоа што дал лажни информации за местото каде што престојувал. Се надевам дека типов искрено ќе издржи покрај овој притисок од „демократите“.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom