Wikileaks и Julian Assange (генерална дискусија)

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Ситуацијата станува многу Орвеловска. Се менуваат закони само за да се прогласи Викиликс за криминална, па дури и терористичка организација. Се притискаат сервери да ги исклучат од работа иако со закон не им е забрането да работат. Им се стопираат извори на приходи од донации. Читав дека им забранувале на студентите да коментираат или да се приклучуваат на ФБ групи за Викиликс ако некогаш сакаат да работат во државна администрација. Кој упад во приватност е ова уште мозокот не може да ни разбере, ако има некој задолжен да ти води евиденција што пишуваш на ФБ (пошто подоцна може и да се избрише, некој мора да води есап), тоа значи ангажирање на служби кои земаат државна плата за да контролираат, или шпиунираат одредена група на луѓе. Капак на се, државни функционери повикуваат на ликвидација на Асанж, што не е само тежок престап за кој се лежи во затвор, туку значи дека по се изгледа, вообичаена пракса е влади да ликвидираат „неподобни“ личности.

Инаку Викиликс му покажа на светот како навистина функционира светската политика и дека се работи за чисто зло и неморал на сметка на обичниот човек. Пред Викиликс, ова спаѓаше во домен на „конспирационистите“ кои ги правеа луди (дел од нив навистина се луди). Па секој ваков отпор влегуваше во делот на теорија на заговор кој наводно нема никаква врска со реалноста затоа што на вести кажале поинаку. Да беше ова насочено кон САД ќе беше лесно зошто Викиликс ќе беше заштитена од некоја друга помоќна држава. Но со оглед на тоа дека очигледно Асанж не сака да се пазари со вистината, сега им е трн во око на сите и наскоро нема да постои влада која нема да сака да го види мртов, а Викиликс затворен или ставен под контрола. Зборувам за поголемите држави, помалите и онака никој не ги прашува. До сега, излегоа афери за САД, Русија, Италија, Кина.... а само тие си знаат што се правеле и каква паника ги фаќа од можноста да излезат нови документи.

Во суштина, проблемот со Викиликс е следниот: Викиликс е слободен медиум. Не можат да го стават под контрола (ова го велам затоа што сигурно се обиделе на полесниот начин, со пари, пред да дојде до ова). Како таков, им создава еден голем проблем кој се отсликува од случајот со убивањето цивили од хеликопетрот. Што се случи после тоа: неколку официјални лица дадоа изјава за минстрим медиумите кои се под нивна контрола, дека се случило тоа и тоа. Овие медиуми објавија. Од нив преземаат вести останатите медиуми по светот како што се А1, Сител итн... Се работи за копи/пасте новинарство. Додека си трепнал, ова станува официјална вистина која влегува во секој дом на планетава. Не постои друга вистина и секој што тврди поинаку е или луд конспирационист или е терорист. Медиумите се под контрола и се е во ред.

Арно ама, во продолжение, најверојатно некој војник, згрозен од тоа што го видел, се решава на чекор да го објави тоа за светот да види, на медиум кој му гарантира приватност (иако не и безбедност, затоа што има други начини да се лоцира и затоа овој потег е толку храбар). Ова значи одговорност. Во иднина, никој не би можел да направи сериозно кршење на законот, затоа што некој што е веднаш до него би можел да објави видеоснимка на Викиликс. И некој ќе треба да одговара. За убиство, за туркање влада, за проституција, кражба, сеедно... Тоа менува се од корен за оние кои се навикнаа да бидат над законот.

Затоа, Викиликс е на мета. Викиликс е слобода, а како што кажаа на пиратскиот радио брод во "The Boat that Rocked", владите мразат луѓе кои се слободни. Системот е раздрман и мора да се врати во рамнотежа: многу забавни програми, серии, турбо фолк, хип хоп, и лаги. Многу, многу лаги. Се е само прашање на време.
Верувај или не ама во анархија првите кој го нае.еуваат се најслабите и најнемоќните. :toe:
 
H

HITCH

Гостин
Кои терористи? Уште веруваш во приказната осама бин ладен и типовите по пештери ?
И онака што бара сад да става војска насекаде по светот нека си гледа своја работа во свој двор а не насекаде да окупира и бомбардира .
Што е Викиликс и како функционира?
Викиликс е група луѓе на кои им се смачило да гледаат глупости на ТВ, подобро кажано дечки кои не сакаат некој да ги прави глупи при здрав мозок. Овие дечки имале среќа и нашле доверливи документи со кои ќе можат колку толку да ги стават в ред големите сили (во овој случај САД) и си тераат работа. Имаат доста опструкции, но и очигледна помош, што од обични смртници, што од политичари, ако немаш некој јак зад тебе, џабе ти се сите документи, ќе ти пропадне се`. Значи овде не се работи само за документи за Осама бин Ладен и компанијата негова, овде се работи за документи поврзани со светот, за Кина, за Русија, за Германија, за Македонија, за сите!
Волчко, САД си има финансиски интереси од таму, а пари и љубов не се мешаат :smir:

п.с. Да, јас верувам дека Ладен и компанијата постојат не можеш сам да си пукаш. Борците за човекови права можеш да си ги дефинираш според потреба. За едните се борци за човекови права, за другите се нарушувачи на јавниот ред и мир, зависи од која страна си! (извинете за забегувањево од тема)
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Верувај или не ама во анархија првите кој го нае.еуваат се најслабите и најнемоќните. :toe:
Сигурен си?
Дај примери некои,за да може твојава констатација да добие на тежина.

Таква е лоботомијата.
Демек ако не е државата тука и системот да не убива,мачи,експлоатира,краде,уценува,масакрира,лаже 24/7*365....тешко нас брат...:vozbud:

Ти текнува на случајот со холандскиот (хехе) град Драхтен и сообраќајот после тргнувањето на сите знаци,линии,закони и прописи,резултатите кои беа?
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Сигурен си?
Дај примери некои,за да може твојава констатација да добие на тежина.

Таква е лоботомијата.
Демек ако не е државата тука и системот да не убива,мачи,експлоатира,краде,уценува,масакрира,лаже 24/7*365....тешко нас брат...:vozbud:

Ти текнува на случајот со холандскиот (хехе) град Драхтен и сообраќајот после тргнувањето на сите знаци,линии,закони и прописи,резултатите кои беа?
Има апсолутна анархија и либерализација на некои области. Тоа се две сосема различни работи. Апсолутна Анархија ти е Ирак после Садам или Авганистан надвор од Кабул. Иако Викиликс нема благе везе со тоа.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Има апсолутна анархија и либерализација на некои области. Тоа се две сосема различни работи. Апсолутна Анархија ти е Ирак после Садам или Авганистан надвор од Кабул. Иако Викиликс нема благе везе со тоа.
Каква анархија бе, Ирак си има власт,има и меѓународни институции кои се таму да му донесат мир,демократија и просперитет:vozbud:,исто е и во Афганистан.

Еј,стварно,Викиликс нема врска со тоа какви се државите и системот општо и кој им е реалниот вс. декларативниот однос кон луѓето...тоа е некој друг Викиликс изгледа...:pos2:

На пример прикривање дека коалиционите сили убиле 15.000 цивили во афган повеќе отколку што било објавено,двете интервенции зедоа 1,5 милиони животи досега...абе страв да го фати човек шо ќе беше ако немаше власт таму да ги убива секојдневно,може ќе настанеше хаос и ќе почнеа да се колат меѓу себе...:pos2:
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Каква анархија бе, Ирак си има власт,има и меѓународни институции кои се таму да му донесат мир,демократија и просперитет,исто е и во Афганистан.

Еј,стварно,Викиликс нема врска со тоа какви се државите и системот општо и кој им е реалниот вс. декларативниот однос кон луѓето...тоа е некој друг Викиликс изгледа...:pos2:
:salut:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Чекај што бара сега Анархијата во муабетов? Или нешто предходно сте терале па јас сега се убацувам? Пошто бев цитиран прашувам.

Инаку и јас верувам дека Бин Ладен и компанија постојат. Не верувам дека тие стојат зад работите за кои се обвинети, и ќе пишував зошто и како ама тоа е сосема тема. Би пишал само едно: добро мајку му, како тоа толку време не се фатени? Чисто како занимација за размислување. Изгледа премногу пештери има во Авганистан па не стигнале да ги пројдат сите :)
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Сега почнаа да ги плашат и студентите.

Кој ќе влезе на Wikileaks, шансите да најде работа му се намалени.

Пред тоа на владините службеници им забранија да ги читаат документите.

http://www.guardian.co.uk/media/2010/dec/05/columbia-students-wikileaks-cables
Еве го тоа и на он.нет

ВИКИЛИКС ЗАБРАНЕТИ ЗА ЧИТАЊЕ
И покрај фактот што многу доверливи дипломатски информации веќе се јавно објавени, администрацијата на Обама на државните службеници им наредила да не читаат такви документи. Слично предупредување Стејт департментот испратил и до студентите.

“Класифицирани информации, без разлика дали веќе се објавени по медиумите, остануваат класифицирани и мора да се третираат како такви од страна на државните службеници, се додека не бидат декласифицирани од страна на овластено лице од американската администрација,“ стоело во известувањето на Канцеларијата за менаџмент и буџет, при Белата Куќа.

Директивата се однесувала за доверливите информации до кои се пристапува преку владините компјутери и приватните уреди што ги имаат вработените.

Според претставници од Белата Куќа, од владините служби не било побарано да се блокираат Викиликс или некои други сајтови на компјутерските системи во администрацијата ниту да им се забрани на вработените да читаат вести. Но треба да пријават доколку “случајно“ веќе даунлодирале некој доверлив документ.

Предупредување од Стејт департментот добиле и студентите од Универзитетот Колумбија. Тие биле советувани да не дискутираат за доверливи информации на социјалните мрежи, затоа што тоа би можело да ги загрози нивните шанси да се вработат во администрацијата.

“Не постирајте линкови до довреливи документи и не коментирајте ги на Фејсбук или Твитер. Такви активности би можеле да ја доведат во прашање вашата способност да работите со доверливи информации, што се бара во најголем дел од позициите во администрацијата,“ им било порачано на студентите.

Поправете ме ако грешам, но овие нас не критикуваат за слобода на говорот и пристап до информации!?
Американците ги губат нервите изгледа.

Викиликс на твитер објави дека веќе има еден куп mirror-страни (300и кусурот) така да мислам дека никој неможе да ги запре.

Асанж и да го скинат (што не верувам дека ќе се случи бидејќи ќе биди премногу очигледно) има следбеници и соработници кои ќе ја истераат вистината до крај.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Асанж и да го скинат (што не верувам дека ќе се случи бидејќи ќе биди премногу очигледно) има следбеници и соработници кои ќе ја истераат вистината до крај.
Ова обично не е така. Обично кога ќе се скине „мозокот на операцијата“, таа се распаѓа на ситни парчиња. Веќе читав некаде дека некои од нив не се согласувале со идеите на Асанж па ќе правеле свој сајт... кој секако ќе биде демек-независен а уствари ставен под контрола. Илузорно е да веруваме дека најмоќните светски сили нема да се справат со неколку луѓе. Но очекувам ова да остане како светол пример, приказна која ќе се раскажува и која ќе поттикне разни нови идеи и начини на борба.

--- надополнето ---

Линкови до сите огледала на сајтот на Викиликс, за да не бидете во мрак кога ќе падне некој од нив :) Клик тука.

Во меѓувреме, Швајцарија ги замрзна личните сметки на Асанж кои изнесувале околу 41 000 долари.
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Линк за ова молам? Не ми се верува дека и швајцарија го направила ова :/
http://www.thinq.co.uk/2010/12/6/swiss-bank-freezes-assanges-assets/

http://www.bbc.co.uk/news/world-11929034

http://www.businessinsider.com/julian-assanges-defense-fund-frozen-2010-12
Julian Assange Defense Fund frozen.

The Swiss Bank Post Finance today issues a press release stating that it had frozen Julian Assange's defense fund and personal assets (31K EUR) after reviewing him as a "high profile" individual.

The technicality used to seize the defense fund was that Mr. Assange, as a homeless refugee attempting to gain residency in Switzerland, had used his lawyers address in Geneva for the bank's correspondence.

Late last week, the internet payment giant PayPal, froze 60Keur of donations to the German charity the Wau Holland Foundation, which were targeted to promote the sharing of knowledge via WikiLeaks.

WikiLeaks and Julian have lost 100Keur in assets this week.

Повели :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Линк за ова молам? Не ми се верува дека и швајцарија го направила ова :/
Не ми се веруваше ни мене. Имаше и еден коментар кој викаше: „Кога швајцарија ти затвара сметка можеш да сватиш колку се во паника сите“ :)

Дел од „срањата“ што испливаа на површина во Британија:

Oh, how the mighty have fallen! A hundred years ago, Britain was the centre of a vast global empire, which controlled about a quarter of the world. Today, as the WikiLeaks disclosures reveal, the one-time rulers of the world have been reduced to the status of arch-crawlers to American imperial power.
Saturday's batch of leaked cables - published by the Guardian - reveal how leading Conservatives, when in opposition, promised to US diplomats that they would run a 'pro-American regime' and buy more US arms once they got into power.


Read more: http://www.thefirstpost.co.uk/72400,news-comment,news-politics,wikileaks-has-exposed-vichy-britain-and-our-pro-american-elite-special-relationship#ixzz17M9oPxma


Гардијан е еден од 5-6 познати весници во светов на кои уво не им чуе и си објавуваат се што им иде од Вики Ликс :)
 
P

Princ

Гостин
Изгледа сите можни им откажуваат љубов, па дури и TableuSoftware (софтвер кој само визуелно ги обработуваше податоците, пример која земја - колку пати ја има во документиве). Слободниот говор е одамна умрен во америка така да не ме изненадуваат PayPayl, Tableu, и некои такви. Ме изненадуваат европјаните.
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Изгледа сите можни им откажуваат љубов, па дури и TableuSoftware (софтвер кој само визуелно ги обработуваше податоците, пример која земја - колку пати ја има во документиве). Слободниот говор е одамна умрен во америка така да не ме изненадуваат PayPayl, Tableu, и некои такви. Ме изненадуваат европјаните.
Нека не те изненадува најмоќните финансиски институции се во Америка и Вал стрит . Озогласените Хеџ фондови кои рушат цели економии и валути од кои сите се плашат па и една швајцарска банка :)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Не биди толку сигурен околу настанувањето на војната.. погледни што се искочи за краток период.. има клипови каде јасно и гласно се прикажува убивање на цивили од страна на америчката војска.. што мислиш ти ако некој претседател на некоја голема и моќна држава дојде до сознание дека американците му тепале невини цивили ке седи со скрстени раце??? нормално ке бара начин да се освети ако неможе сам онда ке бара и помош во тоа и биди сигурен дека ке ја добие !!! бидејки на тој председател му утепале цивили.. на друг му направиле други срања на трет трети и тоа од кого? од една мочана америка... епа ако погледнеш малце повеќе можна е и ваква ствар...

како и да е.. викиликс објавува информации од секакви области.. политика новинарство банкарство тајни задачи раздоснавања.. која од која поважни и темата е мнооооогу широка за разговор...
Ова ич не држи вода. Пред некој месец беше прикажана на Викиликс снимката каде како кантер американските војници убиваат цивили, ништо не се случи, немаше освета, немаше никаква реакција. Друга работа, политичарите многу добро знаат што се случува, отрпилика овие информации не се непознати за разузнавачките служби, макар што сите политичари глумат изненаденост, зашто ако не постапат така ќе наидат на осудување од страна на сопствениот народ. Јас сметам дека Асанж и цела групација што работи со него го објави ова за обичниот човек да знае што се случува.
Меѓутоа, на сите ни е јасно дека нема да има реакција од ниедна страна. Гледате дека сите молчат и вршат дефокусирање кога се информацииве во прашање. А што му останува на обичниот народ сега кога знае што се случува, што пак ставам под знак пршање, зашто документиве не е само човек да ги прочита туку и да ги толкува, има врска и во читањето и во намерите.
Ајде дечки сите со еден венец на глава, ќе се навратиме на хипи начинот на живот и ќе пееме песни до Џон Ленон. Не знам што друго може да правиме со информациивре.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom